ПСАЛТИР
Псалм 144.
Кои се Блажени?
Блажени се оние кои доброволно се смируваат самите себе, зашто ќе бидат возвишени.
Блажени се воздржаните, нив ги чекаат рајските радости.
Блажени се оние кои го изнемоштуваат своето тело во бдениата, зашто им е припремена рајската веселба.
Блажени се оние кои се очистиле себе од лукави помисли, зашто во нив пребива Светиот Дух.
Блажени се оние кои го љубат Бога од целата своја душа, повеќе од целиот свет, зашто ќе бидат признати за Христови пријатели.
Блажени се оние што доброволно го зеле својот крст, и со дела го следат Христа, зашто ќе го досегнат горниот Ерусалем.
Блажени се оние што се опашале со вистината, што ги имаат спремни светилата, чекајќи го небесниот Женик, зашто со Него ќе царуваат во Царството небесно.
Блажени се оние што се здобиле со умни очи и будно ги усмеруваат во созерцание на идните блага, зашто такви ќе ги наследат.
Блажен е оној кој стално пред очите го има Последниот Страшен Суд, зошто плодовите негови ќе родат на небо.
Блажени се оние кои го засакаа Бога, и од љубов спрема Него оставаат се` земно.
Блажени се оние кои плачат ден и ноќ, зашто ќе се избават од идниот гнев.
Подготви: Стојанка Тежак
Посети:{moshits}