Ретроспектива (2005-2020):Aрхангел Гавриил
Св. Архангел Гавриил е служител на Божјата сила и семоќност и известител на најдлабоките спасителни Божји тајни. Неговто име значи „сила Божја“. Имено, на архангел Гавриил му се припишува учеството во настаните од видението на Јоаким до возвестувањето на добрата вест на Ана. Подоцна, откако светата Дева на четиригодишна возраст била одведена во храмот, архангел Гавриил ја поучувај и секојдневно и’ носел храна во деветиот час, во продолжение на 12 години.


Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на неговото служение, проповедта е трубата на неговото слово и творештво. Неговата проповед е образец за сите времиња и места – по својата библиска основа, православно расветлување и народен дух. Во древност, не случајно било наредено, во некои Источни Цркви, да се читаат соодветни проповеди од свети Ефрем непосредно по читањето на светото Евангелие

Во Цариград живееше еден човек, по име Николај, којшто се издржуваше од ракоделие. Побожен, тој се беше заветувал деновите посветени на празнувањето на свети Николај Чудотворец да ги празнува вистински прославувајќи го овој угодник Божји. Тој тоа го исполнуваше истрајно, според зборовите на Светото Писмо: Почитувај Го Господа со имотот од праведните трудови твои (Изрек. 3:9); и на тоа секогаш цврсто се сеќаваше. Така тој достигна длабока старост и, немајќи повеќе сила да работи, западна во голема немаштија.
Поклониците забележаа дека сите икони на храмот каде и да се наоѓаа, на балдахините или на олтарот, мироточеа.
Откако светителот долги години поживеа испоснички, непријателот на човечкиот род подигна гонење на светите икони, а нивните поклоници преку беззакониот цар Лав Исавријанин иконоборец ги подложи на мачење. Овој цар го замрази благолепието на Божјиот дом и ги лиши од украс храмовите Господови: светите икони ги фрлаше во кал, ги газеше со нозе, ги гореше во оган, и мнозина верни ги мачеше и ги убиваше затоа што ги почитуваа иконите. Свети Теофил, пак, му се противеше на силникот и сите благоразумно ги поучуваше молитвено да ги почитуваат светите икони и да му се поклонуваат на лицето живописано на нив.
Пресвета Богородица, родена во Назарет, во благородно семејство чија благочестивост пред Бога се протега со поколенија наназад, е недостигнат монашки идеал и пример на богоподобие низ вековите на човечкото боготрагателство. Нејзиното раѓање е блескава точка во Божествениот План за спасението на човекот од ропството на страстите, од ѓаволот и од смртта: со векови Пророците на Стариот Завет низ Светиот Дух благовестеа за таинството на настаните во кои личниот живот
Со Божја помош, стигнале до она место каде што беше ја оставил својата мртва жена со живото дете. Кога дошле до пештерата, го нашле детето како цица од мртвата мајка, која била цела и нераспадната. Многу се зачудил и со солзи се обратил кон Бога: „Боже! Ти се можеш. Голем е овој дар што Си го хранел детето со млеко од мртва мајка; верувам дека можеш и мртвата да ја воскреснеш, па да ми бидат две радости, а да се исполни и она што Твојот апостол Петар ми претскажа. Многумилостив Господе, чуј го Твојот недостоен слуга, Твојата пречиста Мајка и Твојата слугинка Марија што ме
Апостолите, удостоени да го видат славното искачување на небото на Пресвета Богородица, стоеле во трепет и гледале кон небото, како што некогаш го гледале Господовото вознесување на небото, заборавајќи на сè земно и на самите себе. Доаѓајќи на себе од глетката, тие со благоговение го гледале Нејзиното пречисто тело и виделе, дека Нејзиното лице светело со небесна светлина, и почувствувале, дека од Нејзиното Пречисто тело излегува прекрасно благоухание. Апостолите воскликнале кон Неа со умиление: „Се насели во небесните одаи кај Синот Твој, Ти Која секогаш си подготвена да го спасиш Богородице Твоето наследство!“
Во денешно време е докажано, дека основата на сторијата е добро проверен историски факт. Црквата од 5 век е откриена на локација, која се смета за древен Ефес. Текстуалната критика ги потврдила резултатите од археолошкото откритие. Иако археологијата и текстуалната критика не можат да го потврдат чудото зад приказната, сепак тие потврдуваат дека сторијата опишува вистински историски настан за седум млади момчиња, коишто се појавиле меѓу Ефесјаните и за кое се верува дека е чудо, кое за сите го потврдува воскресението од мртвите.
Мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај Генисаретското Езеро, од племето Исахарово. Претходно мачена од седум зли дуохви, од кои ја ослободи Господ Исус и ја направи здрава. Верна следбеничка и служителка на Господ за време на Неговиот земен живот. Стоеше под Крстот на Голгота заедно со Пресвета Богородица и тагуваше горко. По смртта на Господ трипати го посети Неговиот гроб. Кога Господ воскресна, Го виде двапати: еднаш додека беше сама, а вторпат заедно со останатите жени Мироносици. Патуваше во Ри
Таа беше со мене повеќе од два часа, а мене ми чинеше како да поминале неколку секунди.“ Човекот од електроенергетската компанија штом го лоцирал местото на дефектот истовремено ја забележал и Василики. Вака тој го опишува настанот: “Штом пристигнав на местото на несреќата (околу 10:30 часот), ја забележав Василики во една грмушка, прицвстена за нејзиното седиште.
Во времето на царот Лав Велики (458 г. – 471 г.), на царицата Верина и патријархот Генадиј, патуваа по Светата Земја двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, заради поклонение на тамошните светости. Во Назарет отседнаа во куќата на една вдовица Еврејка, којашто во тајна одаја ја чуваше ризата на Пресвета Богородица. Многумина болни и неволни добиваа исцеление за своите маки со молитва и со допирот на таа риза.
Една необична историја се шири низ Русија, која вели дека во советско време постоеше еден хирург – свештеник. Болниот ќе го постави на хируршка маса, ќе му прочита молитва и ќе нацрта крст на подот од каде требаше да сече, па дури потоа земаше скалпел. Резултатите на неговите операции беа чудесни: слепите прогледуваа, неподвижните застануваа на нозе. Дали за тоа помагаше науката, дали Бог...„Се сомневаме во тоа’’, велат некои. „Така беше’’, потврдуваат други. Некои велат: „Комитетот воопшто не би трпел свештеник во хируршка сала’’. Но,...
Пред крајот на својот макотрпен и подвижнички живот, преподобниот Јован се разболел. Тој лежел на сеното во шталата, каде стекнал светост во молитвите и умртвување на плотта Христа ради, Кој заради нас стана човек и претрпе крстна смрт од љубов кон нас. 
Тогаш царот ја повика својата ќерка и нареди да ја накитат многу убаво. Жалеше и плачеше по неа заедно со домашните, но не можеше да ја погази одлуката, божем божествена, а всушност де-

























