логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

(Обновено))

КРАТКИ ЖИТИЈА

Монах Марку Димитреску

Константин Димитреску бил роден на 12 септември 1910 година. Првпат бил уапсен во 1939 година, во занданите на Секуритате, и бил страшно мачен.
„Ме однесоа во Букурешт да ме испрашуваат. Покрај другите начини за измачување, тука се користеше и следниов. Ме легнаа на една маса. Еден мачител ме држеше за глава, двајца ме држеа за раце, други двајца ме тепаа по целото тело со две жешки парчиња од гума и двајца ме тепаа по стапалата со две дебели железни шипки. Но јас ниту врескав ниту се жалев, така што тие што ме тепаа помислија дека умрев и за да ме освестат, со главата ме пикнаа во еден леѓен со вода и главата ми ја удираа од ѕидот. Толку ме натепаа што се изморија и паднаа обессилени. Божјата благодат ме спаси, а тие ме нарекоа „Факирот“, затоа што ги издржував сите нивни измачувања.
Другпат ме врзаа до една вжарена печка и повторно почнаа да ме испрашуваат за да им дадам информации. Наеднаш ми стана толку ладно и почнав толку силно да се тресам што со сета сила се држев за столот за кој бев врзан и имав чувство дека столот ќе се скрши. Тој што ме испрашуваше едвај издржуваше на жештината во собата, иако седеше далеку од печката, а јас се тресев од студ врзан до неа.
Во една тешка зима бев многу болен. Се потпрев малку на лактот, но чуварот ме виде и ме однесе во самица. Внатре беше ладно и темно. Како монах, секако требаше да си го извршам правилото, сакаш-нејќеш мораше да се прават поклони, инаку ќе измрзнеш. На еден од тие што беа затворени заедно со мене му измрзнаа и носот, и ушите, и образите и прстите. Три дена и три ноќи издржав правејќи поклони, молејќи се и шетајќи горе-долу, а потоа се онесвестив и паднав на замрзнатиот цемент. Не знам колку време сум лежел така, но по некое време се разбудив целосно здрав, а околу мене како да ме грееше некоја печка. Кога дојдоа да ме извадат и да ме однесат да ме погребат, како што обично правеа, се зачудија кога видоа дека сѐ уште сум жив и здрав. Тогаш ме однесоа жив да ме стружат, но веќе не покажував никаков страв. Сам си ја откопчав кошулата и легнав на масата. Началникот на мачителите самиот почна да си удира шлаканици и рече: „Како е можно да не се плаши?!?“ (...) и почна да пцуе.
Години подоцна, отец Марку открил една тајна од деновите на неговото измачување:
„Таму [во занданите] имав едно видение. Беше како со рацете да се држев за една ограда од бодликава жица, толку збиена и остра што мислев дека ќе се отпуштам. Дојде мигот кога мислев дека ќе паднам на другата страна, во опипливата темнина. И таков страв ме опфати што не знаев што да правам. Тогаш, Некој ми ја фати раката и ме извлече кон светлината. Раката Му беше во црна облека, како онаа што ја носат монасите. Потоа видов дека тоа беше раката на вистински монах, а тој монах беше Самиот Христос.“
Димитреску прво бил затворен во Ајуд, каде што ѝ се приклучил на групата „мистици“: Валериј Гафенку, Јоан Јанолиде, Виргил Максим, Ангел (подоцна отец Арсениј) Папачок, отец Василиј Серге и други, поминувајќи го времето во умно-срдечна молитва и практикувајќи ги добродетелите од Евангелието.
Во 1951 година, бил ставен во домашен притвор на градилиштето во Биказ. Таму бил наречен „Костика, човек Божји“, бидејќи, иако намерно пратен да товара камиони на мински полиња, никогаш не бил повреден, ниту од едно камче.
По ослободувањето во 1956 година, одлучил да стане монах. Една година поминал во манастирот Черника, смирено извршувајќи ги своите послушанија во шталата, а потоа заминал во манастирот Слатина, во тоа време познат како вистинска „духовна академија“ под раководство на отец Клеопа Илие и отец Арсениј Папачок. Таму бил уапсен по вторпат, во 1960 година, и повторно бил затворен во Ајуд, сѐ до амнестијата во 1964 година.
Потоа, Константин стапил во манастирот Сихастрија и бил замонашен во 1972 година, со името Марку. Иако малку, сведочењата за последните години од неговиот живот се доволни за да посведочат за неговото достигнување на духовното ниво на Старците-исихасти. Ова е, исто така, потврдено од отец Клеопа Илие: „Кога и да се случеше некое чудо, тоа најверојатно беше резултат на неговите молитви!“
Кон залезот на својот живот, кога бил искушуван од своите послушници со светска слава, отец Марку смирено им одговарал: „Некои имаат кажано дека можам да бидам силен кога се соочувам со искушенија, но ви кажувам дека немаше да можам да поминам низ сите тие измачувања повеќе од дваесет години да не ми помагаше Божјата благодат. Само Божјата милост ме сочува жив и не сум сигурен дека ќе продолжам да бидам вака силен. Не се плашам од никого освен од самиот себе. Само силата на благодатта и нашата вера ни овозможуваа да продолжиме. Сепак, никој не може да биде сигурен дека ја поседува која било од нив...“
    Се упокоил во Господ на 28 февруари 1999 година.

Отец Илие Лакатуш

На 29 септември 1998 година, биле пронајдени моштите на отец Илие Лакатуш, кој заминал кај Господ петнаесет години пред тоа. Неговото тело било целосно сочувано и со благопријатен мирис. Лесно, седум-осум килограми, суво и со боја на килибар, не предизвикувало страв, туку духовна радост. Оставало впечаток на човек што спие.
Отец Илие Лакатуш бил роден на 6 декември 1909 година. Дипломирал на Богословскиот факултет во Букурешт и служел како парохиски свештеник. Бил уапсен во 1952 година и со група свештеници бил пратен на тешка принудна работа.
Тој не бил свештеник што се осветил во пустината, туку во комунистичкото прогонство, трпејќи го со смирение и без никаков компромис животот во затвор. Повеќепати бил затворан и го спознал страшниот режим во Канал, вбројувајќи се меѓу свештениците што биле пратени таму за брзо уништување. Бил во колониите од Галеш и Пенинсула, каде што се разболел и бил пратен во Таргу Окна. Ослободен за еден краток период, повторно бил затворен и пратен во Делта, во Периправа. Таму го сретнал отец Јустин Парву кој раскажува ситуации достојни за Житијата на светителите, чуда што Бог ги правел преку оние што Го сведочеле. Едно од тие чуда за кое раскажува отец Јустин Парву е следново:
„Беше зима, 1962 година, и беше страшно студено. Излеговме да сечеме трска. Тоа утро чуварите беа многу строги. Нѐ упатија кон друго место. Стигнавме до едно езеро од четири-пет хектари. Во средината растеше еден убав полог трска. Тогаш ни заповедаа да влеземе и секој да исече по еден сноп трска. Се сеќавам дека прашав: „Господине, како да влеземе директно во водата? Многу е длабока. Не можеме да сечеме трска на ова место. Обично, кога е толку ладно, одиме по мраз и така работиме.
–    Ако некој од вас се буни и не влезе во водата, ќе ве средиме на лице место – ми одговори чуварот.
Отец Илие Лакатуш нѐ посоветува да влеземе во водата и да направиме така како што ни кажуваат, затоа што имаат некоја ѓаволска намера. Бевме во голема опасност, но влеговме.
Прво влеговме до колена, па до половината и така стигнавме до местото каде што требаше да сечеме трска. Студот ни влегуваше во телата и почнавме да мислиме на светите Четириесет маченици во замрзнатото езеро, па си рековме: ’Ќе победиме!‘ Секој од нас го направи својот сноп и се вративме. Но тоа не беше доволно, сакале друг и повторно нѐ пратија назад. Почнаа да пукаат за да нѐ исплашат. Така, отидовме и направивме друг сноп, потоа друг и повторно друг. Кога се вративме со третиот сноп, беше речиси пладне: сонцето наеднаш излезе и почна силно да грее. Температурата се качи до дваесет и пет степени. Тоа беше чудо што ни донесе голема радост. Тогаш си реков дека отец Лакатуш е посебен човек.
Чуварите беа зачудени и огорчени дека планот не им успеа. Нѐ оставија таму и си отидоа. Сонцето грееше сѐ посилно и посилно. Се стопливме и додека се вративме во колонијата, алиштата ни се исушија. Поради нашите немоќи, Бог направи уште едно чудо. И не знам дали ова беше за нас или за мачителите, да разберат дека ние не сме сами и дека Него не можат да Го победат.
Кога видоа дека после два-три дена ниту еден од нас не се разболе, зачудени си рекоа меѓу себе: ’Овие бандити навистина се проклети, дури и Бог е со нив!‘“
Отец Лакатуш останал во сеќавањето на оние што го познавале како молитвеник. Оние што имале очи да видат, забележувале дека без разлика што се случувало околу него, тој постојано со умот бил во Бог, Чие име непрестајно го повикувал. Не зборувал многу, но неговиот збор имал голема сила, исполнувајќи ги со благодат сите што го слушале. Со својата молитва, збор и кротост, и со својата добрина поткрепил многу раслабени души на патот кон Голгота.
По ослободувањето од затвор, едно време работел како ѕидар. Како последна проверка, Господ сакал да го очисти во печката на искушенијата и како на втор Јов, по ред му ги зел децата. Од пет деца му останала само една ќерка. Отец Лакатуш го примил ова искушение со благодарност и љубов кон Бог, и целосно се предал во Божјите раце. По неколку години, со големо смирение ја примил свештеничката служба. Божјиот Дух бил со него, зашто како што вели Господ: „На кого ќе погледнам, ако не на оној што е кроток и смирен по срце“.
Отец Лакатуш се упокоил во Господ на 22 јули 1983 година. Денес неговите мошти се наоѓаат во крипта во гробиштата на манастирот посветен на Успение на Пресвета Богородица во Џиулешти (Букурешт), во стаклен ковчег, и многу чуда се случуваат преку нив: болести се исцелуваат, проблеми се решаваат, луѓе се обраќаат во Православието.

Думитру Уца – бесребрениот лекар

    Бил еден од светителите на романските затвори, вистински бесребрен доктор, затворен во Ајуд дваесет и три години. Човек со длабока вера и големо самопринесување кон ближните.
    Откако го исцелил од тифус заменик-директорот на затворот, лекарот Уца станал најпочитуваниот човек во затворот, дури и од тие што биле на власт. Дозволено му било да излезе од затворот за да најде лекови и секогаш се враќал со полни торби. Сите во затворот барале помош од него – чуварите и службениците постојано го викале дома кај нив во врска со проблеми со здравјето на нивни роднини и пријатели. Така ја запознал Вероника, ќерката на еден чувар, на која ѝ држел часови по англиски јазик. Вероника толку била воодушевена од овој човек што го чекала дваесет години за да биде ослободен од затвор. Се венчале во 1967 година. Духовно зрел, тој повеќе не мислел да се жени, но го направил тоа за да ѝ се заблагодари за нејзината љубов и трпение. Тој подоцна станал, како што таа самата го нарекла, вистински „духовен отец“.
    Сите во затворот биле зачудени од неговата сила за работа, заборавајќи дури и да јаде. Честопати тие што му биле блиски го хранеле... Со усрдност постел и своето парче месо, што обично им било давано во среда и петок, го давал на друг.
    Поради доброто поведение, добил можност да биде ослободен, но лекарот Уца си рекол: „Каде ќе бидам покорисен, тука или надвор?“, и останал во затворот. Си направил разни медицински инструменти со кои правел успешни операции. Дури и студентите на медицина од Букурешт доаѓале кај него во Ајуд на пракса.
    Кога излегол од затвор, му дале работа во едно мало село. Работел како лекар. По цел ден работел во амбулантата. За кратко време станал возљубен од сите луѓе од околните села. Ништо не сакал да прими за својата работа. Луѓето сакале да му се заблагодарат, да ја искажат својата благодарност, но нивниот лекар ништо не јадел освен овошје, а и тоа не го примал. Но селаните нашле еден дискретен начин да му се заблагодарат и да му подарат по нешто: скришно му истурале во градината по некоја торбичка со овошје. И така, како во приказните, цело лето и цела есен можеле да се видат купчиња, купчиња со овошје под дрвјата во градината на лекарот Уца.
    Неговата популарност не ѝ одговарала на власта, па му дале место за работа во Букурешт за да му се изгуби „ореолот“. Не му било дозволено да полага испити за да работи на неврологија, како што побарал, и го држеле на едно пониско место. Но лекарот од сите бил почитуван и сите го засакале, па го нарекле „Великиот лекар“. Својот пат го завршил во смирение, молитва и служејќи им на луѓето. Преку примерот на својот живот, како наследство ни ја остави оваа поука: за ближниот да правиме сѐ како за Христос.
монах Атанасиј Штефанеску

Константин Опришан

Константин Опришан бил еден од лидерите на „Братствата на Крстот“ и бил подложен на „превоспитување“. Го прифатил „превоспитувањето“ и самиот бил принуден да тепа, но истовремено наоѓал сила да им прошепоти на измачуваните: „Простете ми! Бидете храбри! Невозможно е да се издржи, но не примајте го ’превоспитувањето‘“.
Еден ден, Опришан го изобличил Цуркану во присуство на затворениците, нешто што никој дотогаш не се осмелувал да го направи. Вриејќи од омраза поради неговата смелост, Цуркану се приближил до него, сакајќи да го растргне. „Легни!“, му рекол. Многумина ги наведнале главите, некои си ги затвориле ушите. Чекале да видат што ќе се случи. Цуркану се качил врз градите на Опришан и почнал да го притиска со сета своја тежина додека сиот воздух не му излегол од белите дробови. После му го притиснал вратот и жртвата почнала да се дави. Одвреме-навреме го оставал да дише и потоа повторно го давел, сѐ додека крв не почнала да му тече од устата. Тогаш уште еднаш го притиснал со сета сила и му рекол: „Стани! Така ќе умреш, полека, полека, полека, капка по капка“.
Откако бил обвинет за „превоспитувањето“ во Питешти и завршил како жртвено јагне, бил преместен во Жилава и бил подложен на режимот за брзо уништување.
Во Жилава имало еден специјален дел наречен Касимка. Се состоел од четири ќелии. Режимот бил многу строг; тука биле донесувани речиси сите што требало што поскоро да умрат. Ќотек, глад, студ, влага и отсуство на воздух. Водата течела по ѕидовите, а душеците биле изгниени и влажни.
„Затворениците беа така распределени што во секоја ќелија имаше по еден деструктивен затвореник – или физички, или душевно. Во една соба беа двајца умоболни, а во друга еден психички болен. Кај нас  го ставија Опришан. Тука имаше шеснаесет затвореници, распределени во три ќелии, и за две години половина од нив умреа.
Опришан беше и душевно и физички уништен, но се опорави. Имаше таква длабока и силна вера што ширеше светлина околу себе. Одделен од овој свет, живееше во непрестајна молитва и ја прекинуваше само кога зборуваше со нас за да нѐ охрабри. Никогаш не се жалеше за својата болест, никогаш не го слушнав да обвинува некој за тоа што му се случи. Им прости на сите и секогаш ни зборуваше за љубов и простување. Ако се случеше да зборуваме за безмилосното и нечовечно однесување на чуварите или инспекторите, кои одвреме-навреме доаѓаа да нѐ видат и да проверат дали експериментот им е успешен, Опришан ни велеше: ’Оставете ги на мир! И грешниците и злосторниците се спасуваат’. А неговиот став ги обраќаше нашите души.
Опришан беше многу болен. Собата во која живеевме беше многу мала, а Опришан кашлаше и плукаше крв, гној и парчиња од белите дробови. Глетката беше многу непријатна и се сеќавам дека за првпат ми дојде да повратам. Опришан забележа, престана малку да кашла, ме погледна и ми рече: ’Прости ми‘. Се почувствував толку виновен и затоа што имав завршено две години медицина, решив да се грижам за него. Го миев, го хранев и се грижев за него сѐ до неговата смрт.
Немавме лекови, но се сетив дека пеницилинот се прави од мувла. Секоја вечер ставав парченца леб под душекот и до сабајле мувлата нараснуваше за два прста. Потоа ја растворав во вода, ја ставав во едно парче материјал и ја држев под носот на Опришан за да дише преку тоа. Овој лек му го продолжи животот за неколку месеци, но ние сакавме да остане со нас – тој беше нашиот светител, тој ни даваше сила да издржиме, тој беше нашиот ангел чувар. Пред да умре, Опришан ни рече дека ако најде милост пред Господ, ќе се моли за сите нас, да преживееме. И навистина, сите од нашата ќелија останавме живи, додека во другите ќелии сите умреа. Јас, Марчел Петришор и Јосиф Јосиф преживеавме, иако бевме под режимот за уништување и многупати бевме блиску до смртта. Во Касимка живеевме три години“.
Марчел Петришор раскажува уште еден случај во врска со Опришан и отец Калчу.
„Над кофата со вода Калчу работеше нешто тајно.
     – Боже! – извикав. – Што правиш?
– Молчи – ми заповеда Калчу. – Цедам една шолја крв од раката за да му дадам на Опришан да пие лимфа. Нели гледаш дека изгуби многу крв и дека ќе умре ако не направиме нешто?
Калчу си ги исече вените на раката, исцеди од раката цела шолја со крв, ја остави да се оддели лимфата и потоа му ја даде на Опришан да ја пие“.
„Опришан умре. Чуварот ни заповеда да го земеме телото и да го изнесеме надвор. Колку беше убаво надвор. По толку време во затвореничката ќелија, заборавивме како изгледа природата. Го оставивме Опришан гол на земјата, затоа што алиштата требаше да се вратат. Марчел скина едно сино цвеќе и му го стави на градите. Чуварот се развика и нѐ принуди да се вратиме во ќелијата“.

Архимандрит Герасим Иску

Посветен на монашкиот живот од рана возраст, отец Герасим најпрво живеел во манастирот Богдана, во општината Бакау, а потоа во манастирот Тисмана. Богословската семинарија ја завршил како првенец во генерацијата, а потоа се запишал на Богословската академија во Букурешт. Бил назначен за игумен на манастирот Арнота во Валчеа, па библиотекар во Черника, а потоа една година бил мисионерски свештеник во Транснистрија, каде што усрдно им служел на прогонетите Романци.
Во 1943 година станал игумен на манастирот Тисмана и вешто управувал со него со ревност и мудрост. Во 1948 година бил уапсен и подложен на страшно испрашување; измачувањето го издржал без никого да предаде. Бил осуден на десет години затвор и бил пратен во Ајуд, потоа во Питешти и Поарта Алба.
Се разболел од белодробна и цревна туберкулоза, и бил пратен во Таргу Окна, каде што се запознал со Валериј Гафенку и Јоан Јанолиде. Во своите мемоари, Јоан Јанолиде пишува: „Отец Герасим беше коски и кожа. Работел по шеснаесет часа во каналот Дунав – Црно Море. Бил дел од една ’специјална‘ група свештеници што се наоѓала под режимот за брзо уништување. Во Канал, отец Герасим секогаш ги охрабрувал своите пријатели, на многумина им помагал со својата работа и ја практикувал умно-срдечната молитва. Наскоро, доушниците го издале дека ги исповеда и ги причестува затворениците, па бил тепан, ставан во самица, изгладнуван и мачен уште повеќе од претходно. Оттука, отец Герасим се разболел од туберкулоза и полумртов бил испратен во Таргу Окна за да умре со „достоинствена“ смрт.
Отец Герасим се упокоил во Господ на 26 декември 1951 година. Чувствувајќи дека му се ближи крајот, отишол до креветот на својот мачител, кој, исто така, умирал во истата соба, и искрено му рекол: „Од сѐ срце ти простувам. И бидејќи јас ти простувам, несомнено Христос, Кој е бесконечно помилостив од мене, исто така, ќе ти прости. И за тебе има место во рајот!“

 

ПРЕМИН бр. 103-104

Лето Господово 2015

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная