логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Извор:

Епископ Велички   Гаврил Светогорец: ЧУДАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

 

ЧУДО 10.
За свети Јован Дамаскин, на кого света Богородица му ја излекувала отсечената рака

Hristos.od-krstot.jpgКога стапил на цариградскиот престол Лав Исавријанец, беше кренал гонење против иконите, мислејќи дека нивното почитување е идолопоклонство. Во тоа време многу православни владици и христијани пострадале од него затоа што му се противеле.
Кога чул за ова свети Јован Дамаскин, кој тогаш бил висок службеник при дворот на персискиот цар Амир, почнал да пишува книги и писма и ги испраќал по сета грчка земја, утврдувајќи ги православните во благочестие. Тој го учел народот да ја чува Христовата вера, да ги почитува светите икони и да им се клања. А кои не ги почитувале, ги нарекувал еретици и неверници.
Кога го дознал тоа царот иконоборец, многу се разгневил на Јована и намислил да го наклевети на царот Амир. За таа цел тој дошол до некое од неговите писма, потоа нашол човек што умеел да пишува исто како и Јован, па му заповедал да .напише писмо кое божем Јован му го напишал на грчкиот цар, со кое го кани да ги нападне Агарјаните и да го заземе Дамаск.
Тоа писмо царот го испратил во Дамаск по еден човек заедно со свое писмо до персискиот цар, во кое му пишувал: „Царе Шамски Амире! Ти знаеш дека ние сме во големо пријателство, што нема никогаш да престане, но твојот 'верен' Јован ме кани да кренам војска против тебе. За да се увериш, ти испраќам едно негово писмо".

Кога ги примил тие две писма, Амир многу се разгневил, па го повикал Јована да му ги покаже. А свети Јован кога видел дека тоа е клевета од страна на иконоборецот, му рекол на царот: „Тој ракопис, иако личи на мојот, не е мој, царе! Никогаш јас не сум помислил такво нешто". Но проклетиот варварин во својот гнев наредил веднаш да му ја отсечат десната рака што го посрамила неверниот цар, иконоборец. Џелатите му ја отсекле раката и ја закачиле на јавно место за да ја гледаат луѓето.

Откако се замрачило, света Јован испратил луѓе до Амира и го молеле да му ја даде раката за да ја закопа в земја. На царот му поминал гневот и му ја дал раката. Свети Јован кога си ја зел раката, се затворил во својата соба, легнал на земја пред иконата на пресвета Богородица и со големи воздишки и солзи се молел: „Пресвета Владичице, пречиста Мајко на мојот Господ! Поради светите икони ми ја отсекоа раката. Ти знаеш колку е лукав царот Лав. Те молам, погледни на мене, излекувај ми ја раката. Десницата, на Вишниот, Кого ти Си го родила, многу чуда направила по твоите молитви. Помоли Го и сега за мојата десница. О Владичице, за да можам со неа да пишувам песни за твоја слава и за слава на Твојот Син".

Молејќи се така, свети Јован задремал и ја видел Мајката Божја како му говори од иконата: ,,Еве, ти оздраве раката и не тажи за неа. Таа сега може да пишува како и порано, онака како што сакаше ти". И навистина. кога се разбудил, ја видел раката здрава. Останал само белег како со конец да била стегната на местото каде што била пресечена. Тогаш тој им благодарил на Бога и на Мајката Божја за големата милост покажана кон него. Потоа, преку целата ноќ свети Јован пеел пофални песни и говорел: „Десницата Твоја, Господи, се прослави во силата. Твојата силна десница ја излекува мојата болна рака и сите неверници што не ги почитуваат светите икони си ги поразил".

Утредента сите што виделе дека раката му е здрава, многу се зачудиле. Кога тоа го разбрал тоа царот, го повикал Јована да му ја виде раката. Тој отишол кај царот и му ја покажал отсечената рака веќе здрава, на која имало бе-лег како од црвен конец. Кога го видел тоа царот, го прашал кој доктор и со каков лек му ја исцелил раката? Свети Јован без да се плаши, му одговорил: „Бог, Кој може се да направи, ми ја излекува, а не доктор". Царот се уплашил и му рекол: „Опрости ми, пријателе, јас не знаев и затоа заповедав да ти направат зло. Но сега гледам дека ти си бил прав и затоа сакам да бидеш пак при мене и дури на уште повисока должност". Свети Јован му заблагодарил и му рекол: „Те молам, да ме пуштиш да отидам да и служам на пресвета Богородица, која ми ја излекува раката". Кога го чул тоа Амир, му одобрил да отиде каде што сака.

Потоа свети Јован го раздал целиот свој имот на сиромаси, ги отпуштил слугите и отишол во манастирот „Свети Сава"; таму се замонашил. Го дале на послушание кај еден старец, кој му заповедал без негова заповед да не работи ништо. Но, еден ден дошол при него некој човек и го замолил да му состави некоја духовна песна затоа што бил натажен поради смртта на брат му. Тој му испеал: „Всја суета человеческаја..."3, тропар кој и денес се пее на опело. Кога чул старецот дека свети Јован пее без негова дозвола, го истерал од кај себе.

Потоа се јавила пресвета Дева Марија и му рекла на старецот: „Не затворај го тој чуден извор зашто тој ќе ја напои Црквата Христова со божествени песни за да Го прослави Мојот Син и Мене". Тогаш старецот му простил на свети Јован и му одобрил да се врати при него и да пишува песни за слава на Бога и на Неговите свети. Амин.

3. „Се е човечка суета, она што не останува по смртта. Не останува богатството, ниту придружува славата; зашто кога ќе дојде смртта, сето тоа пропаѓа. Затоа да извикаме кон Христа - бесмртниот: преселениот од нас упокој го, кај што е живеалиштето на сите оние што се веселат" - самогласен тропар на 3 глас, што се пее на Опело.


ЧУДО 11.
За галската царица, на која света Богородица и ги излекувала отсечените раце

Во Галија имало некој цар, чија прва жена при умирањето родила едно прекрасно дете, кое го нарекле Марија. Потоа царот зел друга жена, која телесно била многу убава, но по душа лукава и завидлива. Таа не сакала да има друга жена убава како неа. Кога видела дека нејзината паштерка е поубава од неа, намислила да ја убие.

Кога отишол царот на некое далечно патување, тогаш таа решила да ја исполни својата зла намера, па му рекла на еден слуга: „Јас сакам да ми направиш едно добро, но никој да не знае, а за тоа ќе ти дадам што ќе посакаш". Слугата се заколнал дека ќе направи се што ќе му заповеда. Тогаш таа му рекла: „Првата жена на царот му ја родила оваа девојка, но не од него туку од некој злочестен човек, па затоа прави се што е лошо и сака да го посрами царскиот двор. Ти утре рано земи ја и кажи и дека ќе ја водиш на прошетка, па одведи ја далеку во планината и таму убиј ја. А како знак дека си ја убил, донеси ги овде нејзините раце.

Слугата уште од вечерта се договорил со еден негов другар и биле готови. На полноќ царицата ја разбудила девојката и и рекла: „Марие, ти оди сега, а по еден час и јас ќе дојдам по тебе", па ја качила на една кола и ја однесле на одреденото место. Но, бидејќи таа била разумна, сетила дека ја лажат и почнала да се моли, гледајќи со насолзени очи кон небото и говорела: „Владичице моја, јас немам друга помошничка, освен твојата благодат. Ти плати им на тие што прават неправда". Слугите кога го чуле тоа, и рекле: „Ти нема од нас да видиш никакво зло". А таа рекла: „Зошто ме лажете? Мојата маќеа ме излага и ме предаде во вашите раце да ме убиете. Но јас се надевам на Бога дека Тој ќе ви плати за тоа беззаконие. Ве молам само да не ме убивате веднаш, но почекајте малку додека Му се помолам на Бога". Тогаш тие и одговориле: „Кога си го знаела тоа, добро беше да не доаѓаше со нас, па ниту би погинала, нити ние би паднале во такво беззаконие. А сега веќе ќе го направиме тоа што ни порача маќеа ти". Девојчето одговорило: „Не се плашите ли од Бога што ќе ме убиете без никаква причина? Но да знаете убаво дека тоа беззаконие не само што ќе се разгласи по светот, туку и праведниот Судија нема да ве остави без казна, а ќе ви врати и вам и на онаа злосторничка. Ако сакате да се ослободите од тој грев, оставете ме овде во планината жива и кажете и дека сте ме убиле. Подобро е да умрам овде од глад, отколку да ме убиете и да си ги извалкате рацете со невина крв".

Кога така им зборувала Марија плачејќи, тие се нажалиле, па и рекле: „О, Марие, и нам ни е жал и би те оставиле жива, но твојата маќеа сака да и ги однесеме твоите раце како знак дека сме ја извршиле нејзината заповед. Ако не ја послушаме, тогаш таа ќе не убие нас; ако пак те оставиме жива, тогаш ѕверовите ќе те изедат". А таа им рекла: „Тешко и горко е и едното и другото, но барем ќе имам мала утеха, ако ме изедат ѕверовите, а не луѓето; тогаш и вие ќе бидете чисти од мојата крв. Ве заколнувам во името на пресвета Богородица, Која Го родила вистинскиот Бог и Судија на сите нас, немојте да ме убивате. Ако пак сакате рацете мои да ги однесете за уверување, тогаш отсечете ми ги". Таа си ги ставила рацете на едно дрво и тие и ги отсекле и и ги однесле на царицата, која им дала многу дарови. Марија останала полумртва и немала на кого да се надева и од кого да очекува лек, освен од пресвета Богородица, чие име никако не и излегувало од умот. Од преголеми болки не можела да ја отвори устата; сепак, не била сосема ос-тавена, а по Божја промисла нашла помош.

Некое момче, син на големец, одејќи на лов, го упатил Бог да помине оттаму, каде што била Марија. Кога чуло офкање и плач, отишло и ја нашло девојката без раце. Ја прашало кој и ги отсекол рацете, но таа ништо не му одговорила, а само се молела да и помогне. Момчето им рекло на своите слуги: „Сега не е време да ја испитуваме. Бог не испратил овде заради неа. Земете ја да ја однесеме дома". Кога ја однеле во домот, и ги излекувале раните и сите се чуделе на нејзината убавина и разум. Многупати ја прашувале чија ќерка е и зошто и ги отсекле рацете, но таа не одговарала ништо, молчела како нема.

Момчето, гледајќи ја убавината и смиреноста на девојката, ја засакало и го молело татка му да ја земе за жена. А татко му му рекол: „Сине, нам ни прилега да земеме девојка од добар род, а ти ја сакаш оваа што е не само без раце, но и Бог знае каква селанка е и поради која вина и ги отсекле рацете. Тоа ќе донесе срам на нашето семејство". Момчето тогаш одговорило: „Татко, таа убавина и тој разум не може да биде од прост род. Но и од прост род да е, неа ја сакам, а не друга". Кога видел татко му дека не се одделува од неа, ги венчал според законот.

А царот, таткото на Марија, не знаејќи што станало со неговата превозљубена ќерка, паднал во голема жалост за неа. Кога ја прашал жена му каде е ќерка му Марија, таа му одговорила дека избегала кришум една ноќ.

Царот тагувал и плачел за неа, се сомневал во царицата, но трпел. Насекаде по царството испратил луѓе да ја бараат. Освен тоа, поради утеха во својата жалост, наредил да се соберат сите големци од неговото царство и да се натпреваруваат со коњи. Повикан бил и свекорот на Марија и тој да отиде на трката. Но синот му рекол. „Татко, одобри ми јас да одам место тебе, а ти чувај ја невестава моја. И ако роди пред да се вратам, гледај ја добро неа и детето".

Татко му се согласил, му дал благослов и го испратил да оди на царските игри. Таму тој, со Божја помош, покажал добри успеси и од царот и од сите големци бил пофален. Кога го видела лукавата царица, се вљубила во него, па повикала еден од неговите слуги да го праша од каде е оженет неговиот господар? Слугата и раскажал се подробно: како во гората нашол една девојка без раце, дека таа имала прекрасно лице итн. Во исто време дошло писмо од татко му на момчето, во кое го известувал дека жена му родила две машки деца. Кога тоа го чула царицата, многу се уплашила: „Зачат болезн и роди беззаконие". Тогаш таа го викнала оној што го донесол писмото и го прашала за се што се случило таму, па откако го наградила добро, му рекла: „Кога ќе си одиш, да ми се јавиш". Момчето му одговорило со писмо на татка си, му заблагодарило за радосната вест и го замолило и натаму да води грижа за невестата и за децата додека се врати тој. Човекот кога го зел писмото, отишол да и се јави на царицата. Таа убаво го нагостила и го опила со вино, па без да знае тој му го зела писмото и кришум ставила нејзино. Тоа лажно писмо ја имало следната содржина: „Татко, да знаеш, мојата жена била ќерка на еден лош човек и убиец, па за нејзините лоши дела и ги отсекле рацете. Децата што ги родила не се од мене. Те молам, штом ќе го прочиташ писмово, веднаш да ја убиеш заедно со децата. Ако чујам дека не е убиена, нема да се вратам дома".

Татко му кога го прочитал тоа лажно писмо, многу се натажил и дури се разболел. Не знаејќи што да прави, ги прашал своите пријатели. Тие му рекле да не ја убива, туку да ја испрати на местото каде што ја нашол син му и да ја остави на Бога. Тој направил како што му советувале пријателите. Потоа му јавил на синот дека направил се како што заповедал тој. А несреќната Марија останала со децата в планина, крајно нажалена. Повеќе сакала да умре отколку да ги гледа своите деца како умираат. Плачејќи така, видела една тесна патека. Одвај некако ги зела децата, тргнала по неа и нашла еден старец, кој живеел во една пештера. Штом ја видел старецот, помислил дека е некое ѓаволско привидение, па сакал да избега. Но откако ја разбрал нејзината несреќа, се сожалил на неа и ја одвел во својата пештера, а тој отишол да живее на друго место; секој ден ја посетувал и и носел корења, од кои се хранел и тој.

По извесно време, момчето се вратило дома, па кога разбрало за тажниот настан, паднало во голема тага и отишло да ја бара. Тоа си мислело и говорело во себе: ,,Се надевам на пресвета Богородица дека таа нема да ја остави, како и порано што не ја остави, бидејќи имала голема надеж во неа". И навистина: во истата ноќ Марија имала видение, во кое и се јавила Мајката Божја, па и рекла: „Утре ќе дојде твојот маж, ќе те земе и ќе те одведе дома, а твоите маки ќе престанат, бидејќи имаш трпение и топла вера во мене". А Марија и одговорила: „Ти благодарам Владичице моја, ти не ме оставаш во неволји, но можам ли да бидам радосна кога сум без раце? Сепак, не се очајувам, се надевам на тебе". Говорејќи така со смирение, чула пак како и зборува светата Владичица: „Ете, земи си ги рацете. Ти се даруваат со благодатта на Мојот Син. Оние што Ме љубат и што бараат заштита од Мене, примаат секое добро". Во тој час Марија си ги видела рацете здрави како пред отсекувањето. Кој може да ја искаже нејзината радост и благодарност кон Мајката Божја! Цела ноќ стоела и се молела, благодарејќи и на пресвета Дева Марија и читајќи ја молитвата: „Богородице Дјево, радуј сја..."4, како што имала обичај секогаш да се моли со топло срце и со големо смирение.

Утредента дошол нејзиниот маж и кога ја видел, многу се израдувал и ја прегрнал, но од плачење не можел да проговори. А кога ја видел со здрави раце, разбрал дека тоа е милост од пресвета Богородица. Потоа им благодариле на Бога и на Мајката Божја и се вратиле во домот со неискажана радост. Тогаш неговиот татко објавил осумдневен празник во чест на пресвета Богородица; ги собрал си-те пријатели да го прослават Бога и пресвета Богородица и да се повеселат.

Потоа господарот кога почнал да испитува за она писмо, тогаш Марија открила која е причината за нејзините страдања и рекла: „Досега криев, но сега ќе кажам. Јас сум ќерка на вашиот цар и од завист на маќеа ми тоа го претрпев. Но пресвета Богородица, Небесната Царица, не остави да се радуваат моите непријатели и ме избави од сите мои страдања. Сега пак известете го мојот татко да знае дека сум жива и здрава додека не отидеме кај него".

Кога разбрале дека е ќерка на царот, Му благодариле на Бога за тоа што ги удостоил да ја примат во својот дом, а потоа и оддале чест како на принцеза. Во исто време го известиле царот, а потоа и самите отишле кај него. По три дена патување, кога дошле до престолнината, царот заедно со својата свита ги пречекал. Кога ја видел својата сакана ќерка, притрчал кон неа и со радосни солзи ја прегрнал. А лукавата и зла царица кога го видела тоа, побрзала да се скрие. Но царот кога ја разбрал нејзината лукавштина и злоба, заповедал да ја изгорат жива. Потоа зетот го крунисал за цар, да владеат заедно, а по неговата смрт тој да го наследи целото царство. Тогаш дошол и таткото на новиот цар, со сите свои роднини и пријатели да се радува со својот син. Премногу им благодариле на Бога и на пресвета Богородица. Направиле црква за вечен спомен на тој настан и ги празнувале сите празници на пресвета Богородица.

Оттогаш царицата Марија правела многу добрини. Живеела богоугодно, во пост и воздржување; давала многу милостина на бедните со свои раце и велела:
„Тие раце не се мои, ми ги подари пресвета Богородица, Небесната Царица, по нејзина голема милост". И ние, кога сакаме да правиме добри дела и да даваме милостина, да не бидеме мрзливи, но со голема усрдност и љубов да се трудиме и да ги помагаме сиромасите.
И така, царицата Марија живеела богоугодно до длабока старост и отишла во вечен живот. Слава Му на Бога и на Божјата Мајка! Да се трудиме и ние за да се удостоиме да примиме таков дар од Дарителот на секое добро. Амин.

4. „Богородице Дево, радувај се, благодатна Маријо, Господ е со Тебе! Благословена си Ти меѓу жените и благословен е плодот на Твојата утроба, зашто си Го родила Спасителот на нашите души".

ЧУДО 12.
За една калуѓерка што си ги извадила очите за да си ја сочува чистотата

Меѓу жителите на град Витанија што поверувале во Христа, имало голем број благочестиви и добродетелни мажи и жени. Мнозина од нив не сакале да ги мажат своите ќерки, туку правеле манастири и во нив ги оставале да Му служат на Бога. Во тоа време имало таму еден богат и добродетелен човек кој имал ќерка на дванаесет години, по име Марија, која била многу убава. Кога татко и намислил да ја даде во некој манастир, ја прашал да виде што ќе му одговори, па и рекол: „Добро ќе беше да имав и друго дете, па едното да го дадам в манастир, а другото да го омажам, но бидејќи те имам само тебе, не знам што да правам? Но ми се чини дека е подобро твојата убавина да ја посветиш на Бога, да отидеш в манастир и да Му служиш Нему, а не да паднеш во рацете на земен човек. Ако ме послушаш и ја исполниш мојата волја, ќе бидеш чесна пред Бога и пред луѓето". Кога го чула тоа Марија, му одговорила: „Добро ми велиш, татко! И јас би сакала за женик да го имам Христа, а не човек, макар и најбогатиот на светот". Татко и кога го чул тоа, многу се израдувал и по малку време Ја однел во еден женски манастир, каде што дал многу пари и го украсил, потоа и тој во него поживеал богоугодно и се претставил во Бога. Потоа и многу други луѓе ги давале своите ќерки да живеат таму додека пораснат, а отпосле која како сака: или да се мажат или да останат в манастир.

Во истиот град имало некој богат, но злокарактерен човек, по име Рихард, кој бил кнез и имал една ќерка, па ја дал во тој манастир. Тогаш игуменијата ги собрала сите сестри и ги испратила при кнезот да го поздрават и да му направат чест. Бидејќи отишле сите монахињи, меѓу нив била и Марија. Таа кога го видела во светла облека, многу се зачудила и си мислела дали и на оној свет ќе биде така скапо облечен. Тој, кога забележал дека го гледа, се воспалил за неа, па мислел дека и таа се интересира за него. Но тогаш тој ништо не рекол. Откако се вратиле во манастирот, тој и порачал на игуменијата да ја испрати Марија кај него. Кога го чула тоа, игуменијата многу се разжалостила и го замолила да не му прави таква непријатност на манастирот. Тој, бидејќи бил заслепен од голема љубов кон ќеа, пак побарал од игуменијата да му ја испрати. Ако ли не, сосила ќе ја доведе, а на игуменијата и на манастирот ќе им направи голема штета.

Тогаш игуменијата ја повикала Марија, па и рекла: „Чедо, твојот татко те остави овде да им слугуваш на Бога и на пресвета Богородица и за твое добро тој го остави својот имот и самиот со радост се претстави, па затоа по мене ти ќе бидеш игуменија. Но, се чудам како си се излагала и си го погледала така кнезот Рихард, што тој испратил човек да те одведе при него. Кажи ми сега што да правиме?" Девојката одговорила: „Јас, мајко, со друга мисла сум го гледала, а не како што мисли тој. Кога ќе дојдат неговите слуги, остави ме јас да им дадам одговор и тогаш ќе видиш колку многу сакам да се запазам чиста од маж". Игуменијата и рекла: „Господ да ти помогне, чедо, само чувај се да не кажеш некој лош збор, та после да ни го растури манастирот".

Потоа Марија рекла: „Да отидеме в црква и да и се помолиме на пресвета Богородица за да ни даде разум што да одговориме. Верувам, продолжила таа, дека света Богородица ќе го сочува и манастирот". Потоа отишле во храмот, паднале на колена пред иконата на пресвета Богородица, па со воздишки и солзи се молеле да ја избави од телесна гнасота. Во тоа време дошол човекот од кнезот за да ја води девојката. Игуменијата му рекла: „Ете, в црква е, оди и викни ја, ако сака нека дојде". Тој отишол кај неа и и рекол: „Госпоѓице Марија, нашиот господар кога ја видел твојата убавина и твоите очи, многу си му омилела и нема спокојство. Дојди да му бидеш жена и да живееш во богатство и раскош. Ако не дојдеш, ќе те земам со сила и ќе те посрамам пред сите луге". А таа му рекла: „Излези пред црквата и почекај малку и јас ќе ти го дадам тоа што го сака вашиот господар". Слугата се зарадувал, мислејќи дека ќе ја исполни волјата на господарот. А на игуменијата и се чинело дека таа ќе отиде, па многу ја жалела И мислела дека ѓаволот ја прелагал.

Блажена Марија стоела пред иконата на пресвета Богородица и се молела со солзи, велејќи: „О Владичице моја, добро е да имам очи за да го гледам твојот светол образ, но тие ме излагаа, па гледав на тој поган човек; подобро е да ги извадам, отколку да си го осквернам телото. Тебе ќе те гледам со моите духовни очи, о Владичице, немој тоа да ми го сметаш за грев, затоа што го правам во крајна нужда". Потоа зела нож, си ги извадила очите, па ги ставила во една кутија, го викнала човекот што бил испратен по неа и му рекла: ,,Еве, тие очи, бидејќи му згрешиле на вашиот господар и го распалиле, затоа јас ги извадив; тие ќе му ја излекуваат раната; земи ги и однеси му ги да се весели". Овој се уплашил, ја зел кутијата со очите, му ги однесол на својот господар и му раскажал за тој страшен настан. Господарот кога го видел тоа многу се уплашил, побледел и лицето му се изменило. Тој ја пофалил храброста и добродетелта на девојката; се проколнувал и се укорувал себеси за тој грев. Потоа ја зел кутијата со очите, па отишол во манастирот и ја ставил пред иконата на пресвета Богородица. Ги повикал сите калуѓерки, слепата и игуменијата, па им рекол: „Да клекнеме на молитва со плачење, о сестри, да се молиме на Себлагиот Бог и на пречиста Дева Марија; и ако имаме топла вера, Господ ќе не послуша, само да се молиме без сомневање. Немојте да станувате додека и јас најгрешниот не ја свршам својата молитва". И кога си ја посипал главата со пепел, паднал на земја и говорел: „О семилостива Владичице на ангелите и Мајко Божја, ти која можеш се да направиш, јас не сум достоен ни лицето да ти го погледнам, ниту имам смелост да ја отворам својата нечиста уста да те молам зашто секаков грев сум направил и си ги осквернив душата и телото. Но Господ наш Исус Христос, заради нашите гревови се родил и на сите грешници што се покајале им простил. Затоа и јас со плач и солзи сакам да се вратам од тој грешен пат. Послушај ја молитвата на игуменијата и на сите осветени сестри и по-дари и ги очите на онаа слепа девојка, која по моја вина си ги извади. Излекувај ја од тоа телесно слепило за да ти слу-гува со усрдност, па и јас бедниот да се ослободам од гревот, во кој ме вовлече лукавиот демон".

Откако се молеле цел ден, Бог им ја примил молитвата. И кога наближувала вечерта, за чудо, црквата светнала и се чул глас кој говорел: „Земи светлина со благодатта на Оној што се родил од Мене". Тој час слепата калуѓерка прогледала и, кога станала од земја, ја видела пречистата Владичица во Светиот олтар, па и рекла: „Го величам и го пофалувам твоето Свето име, Владичице моја, и ја прославувам твојата благодат". Сите го чуле тој глас и станале од земјата, но не ја виделе пресветата Владичица, а само виделе дека слепата се излекувала, па сите Го прославиле Бога и света Богородица и преку целата ноќ продолжиле да Му се молат на Бога.

Потоа богатиот човек му оставил голем имот на манастирот, се покајал и живеел богоугодно. А блажена Марија се прославила со нејзиното прекрасно и целомудрено живеење. По смртта на игуменијата, таа го зазела нејзиното место и добро управувала со манастирот до својата дла-бока старост, па се преселила во вечниот живот. Со нејзините молитви и ние да се удостоиме за небесно царство. Амин.

 (Продолжува)

Извор:

Епископ Велички   Гаврил Светогорец: ЧУДАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

 

Друго:

 

 

Друго: 

 

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная