логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Кога ова Сонце, видливото, сака да излезе од пределот на Земјата, тогаш нему му претходи зрак што го најавува она што доаѓа по него. Така и праведното Сонце – Христос, кога сакаше да излезе од утробата на Својата Мајка, откако се воплоти, го испрати добриот зрак Јован, кој проповедаше за Оној Кој доаѓаше по него. Ние денес се радуваме, празнувајќи го неговото раѓање.


Светите праведни Захариј и Елисавета

Го слушнавме светото Евангелие, кое говори вака: „Во деновите на царот Ирод имаше еден свештеник, по име Захариј, а жена му беше Елисавета“. И двајцата беа праведни, зашто на таквиот маж му прилегаше да има и таква жена. Обајцата живееја според Законот и според заповедите Божји. Но тие немаа деца, оти Елисавета беше неплодна, а обајцата веќе беа стари. Тие беа без деца, и по природа и по години, и не престануваа да се молат. Еден ден, кога Захариј требаше да служи според својот ред, се облече во достојни одежди, ја зеде кадилницата и влезе во светилиштето, а броен народ стоеше пред вратите на тоа свето место, очекувајќи го свештеникот како ангел кој треба да Му се помоли на Бога за сите луѓе. Кога тој влезе внатре, му се јави ангел Господов од десната страна на кадилниот жртвеник. Захариј се збуни и се исплаши кога го виде ангелот, и не можеше да пречекори. Таму остана долго време како скаменет од страв и мислејќи во себе: „Што е тоа што се случува и што не можам да го разберам? Или, кој е тој друг служител во кадилниот жртвеник? Како сега можам јас да ја оставам кадилницата? Законот наредува да служи еден, а не двајца! Но оној што го гледам е како ангел, а не е човек; никогаш не сум видел ангел да служи на ова место! Што ќе биде од сето ова? Не знам што да правам! Да му го отстапам ли на овој свет (ангел) ова свето место, или да пристапам и да го целивам, или да му ја дадам кадилницата? Кој ли е овој што го гледам? Не знам! Дали ќе дојде да побара и да им суди на оние што служат во ова свето место? Гледам страшен и горд лик! Или дошол да се закани со глад или со војна? Добро е да се разбере според изгледот дека ова не е Бог, туку е слуга. Исаија Го виде Господа како седи. Језекиил – на духовен престол. Даниил Го виде, исто така, Стариот по денови (Ветхий денми) како седи. А овој овде стои и врши света служба, на едната страна од жртвеникот, и се плашам дека ќе ме осуди и мене и народот поради моите гревови, или овој голем чин ќе биде за уште поголема осуда“.

„Не бој се Захариј, зашто е услишена твојата молитва и твојата жена ќе роди син, и ќе му ставиш име Јован“

 
Вака размислувајќи, Захариј се вознемири. А архангелот Гавриил, гледајќи ги помислите на свештеникот, веднаш му одговори кротко и со тивок глас, убедувајќи го, и рече: „Не бој се Захарија, зашто е услишена твојата молитва и твојата жена ќе роди син, и ќе му ставиш име Јован. Зашто јас дојдов од небото не само да ти соопштам за синот, туку му го носам и името. И мнозина ќе се зарадуваат поради неговото раѓање. Твоето чедо ќе биде дар Божји и од тебе ќе израсне овошка која ќе им даде род на сите луѓе. Ти ќе бидеш татко, а оној што ќе се роди од тебе ќе биде светилник на сиот народ“.[1]

Кога го слушна ова Захариј, радоста му се измеша со недоверба и, откако размисли, рече: „Каква е оваа беседа, што јас ја слушам дека се изговара? Јас не сум дојден овде да се молам за син, туку да се молам и да просам милост за гревовите на луѓето и за моите. Овој лик што го гледам да не е некоја прелест? Јас влегов во храмот мислејќи на нешто друго, а овој ми кажува нешто друго! Ако е вистина тоа што ми го кажува овој овде, зар нема луѓето да ме каменуваат кога ќе слушнат за ова, велејќи: Својот народ го остави во беда, иако од него прима голема чест. Ти си дошол заради син, а не заради луѓето. Поради сè ова, незгодно ми паѓаат зборовите на овој раскажувач“.

Кога ја разбра неговата помисла, Архангелот му рече: „Не бој се Захарија! Јас не сум измамник, туку сум пратеник Божји, испратен при тебе и при твоите луѓе, заради кои се молиш. Затоа Бог, откако те услиша, ќе ти даде син. И тој нема само да се грижи за гревовите на оние што ќе го послушаат, туку ќе ги повика и во царството Божјо. Немој да мислиш ‘за едно се молам, а друго слушам’, туку за она за што се молиш, тоа Господ и ти го дава. Овој е Господовиот Претеча, за кого си слушнал дека Исаија говори:


„Јас сум Гавриил кој стои пред Бога; пратен сум да зборувам со тебе и да те известам за оваа радосна вест“

„Ете, Јас ќе го испратам Мојот ангел пред Твоето лице, кој ќе го приготви патот пред Тебе“.[2] И пак: „Гласот на оној што вика во пустината, вели: „Пригответе го патот на Господа, и исправете ги патеките Негови“.[3] Да, не бој се Захариј, туку весели се, за да Го видиш Господа, Кој доаѓа по него. Кога го слушна и тоа, Захариј не можеше да му поверува на Архангелот, туку почна излишно да се противи и да прашува: „Како ќе го дознаам ова?“ Но ангелот не го истрпе Захариј кој прашуваше, туку го укори свештеникот што принесе темјан, односно кадило и кој не му веруваше, па му рече: „Бидејќи не ми веруваш, ме испитуваш и се противиш, па велиш: ‘Како ќе го дознаам ова? Зашто јас сум стар, а жена ми е во поодминати години.’ Ти бараш знак за оваа блага вест, а не Го благословуаш Бога, туку се противиш да го примиш дарот Божји. Ти велиш: ‘Како ќе го дознаам ова?’ Дознај според ова: Јас сум Гавриил и моето име нека ти послужи наместо знак. Ако и тоа ти е малку, тогаш дознај го и мојот чин и моето достоинство разбери го, зашто јас сум Гавриил, кој стојам пред Бога. Ако мене ме правиш лажго, тогаш помисли добро против кого е упатено ова хулење. Јас сум Гавриил, кој стојам пред Бога. Ти велиш: ‘Како ќе го дознаам ова?’ Дознај според ова: според моето достоинство! Но ти велиш: ‘Ја сум стар, и жена ми е во поодминати години.’ О, Захарија, зар мислиш дека годините се над Господа Творецот, Кој владее (со сè)? Зар нема да ги напуштиш тие помисли? Но велиш: ‘Како ќе го дознаам ова?’ Дознај според ова: Како си дознал дека Авраам го роди Исак? Зар не поверува дека неговата возраст не беше пречка да му се роди син?[4] Но бидејќи тој поверува и во староста своја Му беше послушен на Бога. Но ако не веруваш дека неплодна жена може да роди, тогаш како ќе поверуваш ако ти речам дека тоа може да го стори девица? Иако слушна многу приказни за стари жени, не веруваш, туку бараш доказ и велиш: ‘Како ќе го дознаам ова?’ Како тогаш ги разбра зборовите на Исаија, што пред многу години ги благовести, кога рече: ‘Ете, Девица ќе зачне во утробата, и ќе роди Син?’ Зар тој пророк не поверува во многу поголема работа и ја исповеда, а ти не веруваш во многу помала, туку бараш доказ од оној што е пратен од небото заради тебе? Но бидејќи ти бараш докази и мислиш да ги добиеш, што не е добро за тебе, тогаш биди нем додека не се исполнат овие зборови и додека не се роди ова дете, туку проговори тогаш, кога ќе се роди великиот глас“.

Додека се случуваше ова внатре во светото место и бидејќи мина многу време, мноштвото народ се чудеше многу и многу помисли им дојдоа на ум, секому според неговата мисла и разум, додека Захариј не излезе и им се покажа онемен, од она што го примил. Тие денови од службата ги мина во својот дом, имајќи ја во утробата благовеста, а во устата – уздата.

Оттука ние, сакајќи да го раскажеме зачнувањето и раѓањето Јованово, треба да го прославиме и споменот на великото, преславно и пречисто раѓање Христово.


Светото Благовештение – почеток на нашето спасение

Во шестиот месец, по зачнувањето Јованово, во градот Назарет при Дева Марија дојде Гавриил, кој носеше радосна вест. Кога бесплотниот Архистратиг ја виде во домот, ја поздрави и рече: „Радувај се, благодатна, Господ е со тебе![5] Радувај се ти, која прва Го раѓаш Младенецот – Ослободител од клетвата! Радуваj се ти, која Го раѓаш Спасителот на целиот свет!“ Кога ја слушна оваа радосна вест, таа не им поверува на своите уши, туку запраша: „Каков е овој поздрав? Кој ли е овој што влезе сам во мојата соба – ниту познат, ниту мојот служител? Да не е тоа некоја прелест?“ Тогаш ангелот и рече: „Не бој се, Марија, оти си ја нашла радоста што ја загубила твојата прабаба Ева, зашто ти си единствената која прелесната жалост ќе ја претвориш во радост. Ти си нашла милост пред Бога: Ти ќе родиш Син и ќе Го наречеш со името Исус“. Кога слушна за раѓање на син, таа му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа, кога јас не знам за маж?“ Не верувајќи му на ангелот, а сакајќи да разбере, таа рече: „Како ќе биде тоа? Зар само мојата природа се изменила?“ Но ангелот ѝ рече: „Светиот Дух ќе слезе на тебе, и силата на Севишниот ќе те осени.[6] Затоа, Дево, прими ги овие зборови и не прашувај за она што е премолчано. Велиш: ‘Како ќе биде тоа?’ Зар не како што Самиот Он сака? А за тоа дека јас не лажам, сведочи и твојата роднина Елисавета која, иако неплодна, на старост го роди (Јован) Претечата. Гледаш ли како стара, неплодна жена раѓа? Зар те чуди пренесувањето на оваа порака? Чудо големо е кога раѓа стара неплодна жена“.


Средбата на Пресвета Богородица и Света Елисавета

Кога го слушна ова, Дева бргу отиде во домот на Захариj. Штом Елисавета го слушна поздравот на Марија, младенецот заигра во нејзината утроба, зашто тој, коj беше во утробата, на својата маjка и говореше со играта, а на Мајката Господова ѝ говореше преку гласот на својата мајка. Елисавета, пак, исполнета со Духот Свет, повика кон Девојката, говорејќи: „Благословена си ти меѓу жените, и благословен е плодот на твојата утроба“. Таа рече: „Благословена си ти, зашто го прими дарот на премудроста“. А таа (Елисавета) додаде: „Откаде со мене ова, при мене да дојде Мајката на мојот Господ?“[7]

Захариј, пак, седеше во својот дом како што реков и порано, со узда во устата, поради неверувањето. А кога од запустената утроба излезе пустинскиот жител, неговиот татко Захариј побара штичка и на неа добро го напиша името на детето, што беше го слушнал не верувајќи. И веднаш му се одврза устата, проговори и Го прослави Бога.


„Јован му е името“

Такви ти се, Јоване, твоите играња, такви се твоите тајни, уште нероден, а возрасен, пријателу на Господа, таков чин ти даде Господ Бог уште пред да се родиш. Зашто архистратигот Божји Гавриил, кој го благовести раѓањето на Господа, го благовести и твоето зачнување, и твоето раѓање на луѓето во Црквата, како на свршеница им го даде на дар твојот голем празник, коj им доаѓа од Бога. Славниот архангел Гавриил, исполнет со Светиот Дух, од тебе направи пророк кога заигра додека беше уште во утробата, поради што Господ Христос те нарече најголем меѓу пророците. Зашто ти со апостолите си апостол, со пророците си пророк, со мачениците – маченик, со праведниците – праведник, сè со сите и просто речено, свет човек над сите луѓе. Оти, кој пророк, додека уште бил во утробата, искажал толку тајни? Кој праведник се роди и го одврза јазикот на својот татко? А ти на своите родители им даде две работи: и немоста ја одврза и достојни пророштва искажа. Твоите похвали и славења се над можностите на човечкиот јазик; и Самиот Господ Бог те пофали кога рече: „Меѓу родените од жена никој не е поголем од Јован Крстител“.[8] Како ли тогаш ќе може јазик тебе достојно да те пофали?

Затоа достоинственику, пријателу Божји, прими ја од нас бедните оваа недостојна и лоша похвала. Благовеста за тебе ја принесе Архангелот од небото, се роди од стара неплодна жена, и израсна во пустината како да си живеел на небото со ангелите, зашто го прифати нивниот начин на живот. Мека облека не прими, ниту постела, ни трпеза, ни вино благомирисно, ниту дом за живеење за себе, туку наместо мека облека – островлакнеста облека, и наместо постела и трпеза – тврда земја, и наместо вино – вода која не го мати умот и не го слабее, и наместо дом – небото украсено со ѕвезди.

О, жесток и крепок и храбар мажу! О, небесен човеку и земен ангелу! О, велики уме и добар светилнику на овој свет! О, добра рако и чесна главо, која беше достојна да ја допреш главата и да Го крстиш Господ наш Исус Христос! Нему слава и чест, со беспочетниот Отец и со Светиот Дух, сега и секогаш…

[1] сп. Лк. 1, 12-14.

[2]  Ис. 40, 3. Мт. 3, 3. Јн. 1,23.

[3]  Мт. 3, 3.

[4]  1 Мојс. 15-17.

[5] Лк. 1,28.

[6] Лк. 1,34-35.

[7] Лк. 1,41-42.

 

Извор: https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/slovo-za-ragjanjeto-na-sveti-jovan-pretecha/

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7614
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная