логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Житие на свети Теофил Мироточив (1460-1548)

Преподобниот наш отец Теофил се родил во местото Зики, во Македонија, од побожни и добродетелни родители, кои му дале вистинско христијанско воспитување. Кога пораснал, родителите го дале на школување, а потоа се посветил на високи науки. Природно надарен, тој за кратко време го завршил своето световно образование. Но, при успесите во световната философија тој посебно работел на образувањето на своето срце според правилата на строгото христијанство. Негова омилена работа беше, да комуницира со старците и добродетелните луѓе. Покрај тоа, поголемиот дел од времето го поминувал во читање на Божественото Писмо, по заповедта на премудриот Сирах, кој вели: Твоето размислување нека биде со размуните и сето раскажување твое во знакот на Севишниот (9,20). Покрај тоа побожниот младич, напредувајќи во разните подвизи и добродетели, беше, според зборовите на светиот Давид: како дрво насадено крај извор вода, кое својот род го дава навреме (Псал. 1,3).

Читањето на Светото Писмо и житијата на светиите и побожните луѓе создавале кај младиот Теофил расположение да ги подражава: па ака, тој го подражавал Авраам во гостопримството, прекрасниот Јосиф во целомудрието, Јов во трпението и храброста, Мојсеј и Давид во кротоста, и останатите праведници во разните подвизи. Ваквиот негов живот го сврте кон него општото внимание, па тој како пример за добродетелен живот беше воздигнат во свештенички чин. Од тоа време почна да обиколува разни места, поучувајќи ги христијаните со збор и пример од својот живот. Подоцна, пак, поради душевно растење, и тој се приврза кон епископот рандински Акакиј и остана кај него. Овој епископ беше посветен во епископски чин од страна на цариградскиот патријарх Нифонт, со кого беше близок пријател. Во тоа време светејшиот патријарх Нифонт добил некои писма од Египет, во кои го известувале за големите и пречудесни чуда кои Бог ги јавил преку тогашниот свет патријарх александриски Јоаким за посрамување на богоубиствениот род еврејски, а на пофалба и утврдување на православната вера и на сите нас христијаните. Еве ги тие чуда:

Во целиот Египет владеела страшна чума. Еден од еврејските лекари, озлогласен непријател на христијаните, раширил вест меѓу Турците: дека христијаните се причина за несреќата која ги снашла, бидејќи христијаните, објаснувал тој, го спуштаат крстот во вода, што и ја предизвикува оваа смртоносна болест. Оваа клевета на христијаните, ширејќи се насекаде, најпосле допрела и до египетскиот султан. Иако муслиман, султанот многу го сакал и почитувал светиот патријарх, колку поради неговите добродетели, толку и поради неговата мудрост и здраворазумност, па затоа не посвети ни најмалку внимание на непријателите на крстот против христијаните. Проклетиот евреин, гледајќи дека со таквата клевета не ја остварил целта, измислил нова замка против христијаните. Великиот везир бил вистински евреин. И токму овој царски миленик го избрал евреинот-лекар за оружје на својата злоба против христијаните. Везирот успеал да го убеди султанот, па тој, без оглед на неговата почит кон патријархот, го повика паријархот во својот дворец за да му даде објаснување за клеветите изнесени против христијаните. Патријархот дошол на суд. Султанот најпрво долго разговарал со него за верата, и најпосле, кога видел дека патријархот со силно убедување и јасни докази ја оправдал христијанската вера и го понижил исламот, султанот му наредил да ја премести планината во близина на Каиро од нејзиното место на друго, за да ја докаже точноста на евангелските зборови за тоа. Светејшиот патријарх не се поколебал во духот на верата. Измолувајќи од султанот неколку дена за молитва, тој со христијаните преку пост, бдеење и молитви го умилостивил Господ и го молел да не ги посрами пред неверниците и да не се похули Неговото свето име. Во одреденото време, пред огромно мноштво народ, патријархот во името Христово ѝ рекол на планината да се крене и да се премести од своето место и да премине на друго: планината се затресла од темелите и го оставила своето место и најпосле бил запрена со истото име Христово. Таа планина и до денес се нарекува на турски дурдаго, што значи „станигора“. Ова чудо ги поразило иноверните. Не знаејќи со што да ја поколебаат силата на Христовата вера, нејзините непријатели подготвиле смртоносен отров и го убедиле царот да му нареди на патријархот да го испие, бидејќи Христос вели во Евангелието: ако нешто смртоносно испиете, нема да ви наштети (Марко 16,18). Султанот му наредил на патријархот да го испие отровот. Полн со вера во силата на Христовиот крст, патријархот ја прекрстил смртоносната чаша и го испил отровот. Попусто непријателите очекувале дека патријархот веднаш ќе умре, но тој останал сосема неповреден. Потоа патријархот ја исплакнал чашата со вода и го замолил Евреинот да се напие. Евреинот не можел да одбие, бидејќи и самиот султан тоа го побарал од него. И тој ја испил водата и во тој миг паднал мртов. Вчудовиден од овие чудеса, султанот наредил да му се отсече главата на везирот, а на останатите Евреи им наложил глоба: на свој трошок да направат водовод од Нил до Каиро. На Патријархот му укажал големи почести.

Кога за овие чудесни настани преку писма дознал патријархот Нифонт во Цариград, тој веднаш го испратил во Александрија епископот рандиниски Акакиј со преподобниот Теофил и со други, та тие лично и детално да го известат за овие настани. При тоа свети Нифонт му напишал на патријархот Јоаким, благодарејќи Му на Господа што ја услишал неговата молитва и преку него направил такви чудеса за слава и величие на родот христијански, и молејќи го патријархот благонаклоно да ги прими пратениците кои требало да стигнат. Овие стигнале во Александрија и со голема радост и благонаклоност биле примени од најсветиот патријарх, кој долго ги задржал кај себе. Со својата добродетел и образование преподобен Теофил го привлекол вниманието на патријархот. Со епископот Акакиј и останатите отпатувал на Синајската Гора, а оттука преку пустината во светиот град Ерусалим. Таму се поклониле на животворниот гроб на нашиот Господ Исус Христос и на останатите свети места. Ја посетиле гората Тавор и Дамаск. Во Дамаск го сретнале патријархот антиохиски, кој им дал писма за цариградскиот патријарх. Од Дамаск се вратиле во Ерусалим, каде што епископот Акакиј се разболел и умрел. По смртт на Акакиј тие со патен благослов на патријархот ерусалимски и со писмата за патријархот цариградски се вратиле во Цариград и стигнале пред тогашниот патријарх Пахомиј, бидејќи светиот патријарх Нифонт, кој ги испратил во Александрија, го оставил престолот за време на нивното патување. Патријархот Пахомиј ги примил чесно и ги благословил нивните патни трудови. Запознавајќи во светиот Теофил маж добродетелен и учен, патријархот го задржал кај себе и го поставил за писмоводач на патријаршијата и за егзарх на Великата црква. Теофил доволно долго ја вршел оваа должност и бил почитуван од сите за своите добродетели. Но гледајќи дека при сето ова му недостасува главната храна за душата, тој ја оставил оваа должност и се повлекол на Света Гора, во манастирот Ватопед.

За да не се случи без старечко раководство, со умувањето на своето срце, да падне во заблуда и прелест, преподобниот Теофил се доверил себеси на умировениот епископ кој во тоа време живеел во Ватопедската обител, и потполно му ја потчинил својата волја, извршувајќи секакви послушанија и секојдневно принесувајќи Му бескрвна жртва на Господа Бога. А кога старецот-епископ заминал кај Господ, преподобниот Теофил се оддалечил во Иверскиот манастир, со цел и таму да најде примери за подражавање. Така од еден се учел на совршено послушание, од друг на смирение, од трет на љубов кон Бога и кон ближниот, на кротост и долготрпение. Потоа Теофил станал избран сад на Светиот Дух и образец за монашки добродетели. А како краснописец, добил задача од обителта, негово ќелијно послушание да биде: да ги препишува книгите кои биле од старост дотрајани. Од тие препишани книги од него голем дел се чуваат и денес во библиотекатана Иверскиот манастир. Но како што, по зборовите на Господ, не може да се сокрие град на врв планина (Мат. 5,14), така и преподобен Теофил станал со својот добродетелен живот славен не само на Света Гора туку и во околните места. Во тоа време Солун го изгубил својот архипастир и упорно се труделе да го убедат преподобниот Теофил да прими архиерејски чин. Но смиреномудриот Теофил не сакал ни да чуе за ова. Меѓутоа, во тоа време во Солун допатувал цариградскиот патријарх Теолипт: Солуњаните му се обратиле нему, да им го даде атонскиот отшелник за архипастир. Најсветиот патријарх, гледјаќи ја оправданоста на нивната молба, своерачно му напишал писмо на преподобниот Теофил, со кого одамна биле пријатели, молејќи го да дојде во Солун за да се видат, без да му спомне за молбата на Солуњаните. Преподобниот почувствувал зошто го повикува патријархот во Солун, па за да избегне толку голем чин, и почести поврзани со него, тој веднаш примил велика схима; а на светиот патријарх му одговорил дека тешката болест го принудила да прими велика схима и да се одрече од свештеничкото служење, и дека поради болеста не може никако да дојде во Солун. Извинувајќи му се на светиот патријарх што не може да се види со него, го молел за прошка и молитви, и додал дека, по Божјата благодат, ќе се види со него во царството небесно. Ваквиот одговор, од една страна го нажалил патријархот, а од друга го израдувал, затоа што Теофил толку напредува во вистинското смирение и монашките подвизи. Во близина на Иверската обител тогаш осаменички се подвизувал игуменот по име Дионисиј. Сакајќи го молитвеното тихување, и преподобниот Теофил, со благослов од игуменот и браќата, изградил мала колиба во близина на игуменот Дионисиј, и со него ги делел трудовите на строгото осамеништво, поучувајќи се од примерот на возвишениот негов живот и од неговите мудри беседи. Нивната меѓусебна љубов беше толку голема што изгледаше дека во нив живее една душа. Во тоа време се прочу поради подвижничкиот живот некој Кирил, кој живеел во Кареја. За да добие од него душевна полза и да го подражава неговиот живот, светиот Теофил го оставил своето молитвено тихување и преминал во Кареја кај Кирил. Додека преподобниот бил кај него, кај него често доаѓал протосот на Света Гора, старецот Серафим, духовникот на Кирил. Протосот обрнал внимание на Теофил, го засакал поради светиот живот, и оттогаш па сѐ до смртта Теофил и протосот останале искрени пријатели помеѓу себе.

Но, божествениот Теофил останал кратко на Кареја. Силната желба за молитвено тихување го одвела во пределот на Пантократор, во ќелијата на Свети Василиј која ги имала сите услови за длабока осаменост и ненаруплива тишина на молитвеното тихување. Но, ќелијата изискувала поправки, а светиот Теофил немал пари, ниту можел да му исплати закуп на манастирот, ниту да ја поправи ќелијата. Во таа негова потреба му помогнал протосот, старецот Серафим. На тој начин Теофил се повлекол во пустината на молитвено тихување, имајќи го за соподвижник некој брат Исак. Ова оддалечување на светиот Теофил од сите силно повлијаело и на протосот. Изградувајќи околу протатонската соборна црква галерија, откако изградил камбанарија и откако ја иконописал внатрешноста на соборната црква, протосот измолил за себе од старците на Света Гора ослободување од таа должност, па се повлекол во пустинскиот спокој, каде што со светиот Теофил постојано го читале Светото Писмо и светите отци, извлекувајќи од таму значајна и бесмртна храна за бесмртниот дух.

Исклучителен подвиг на преподобниот Теофил беше од светите отци таканареченото умно делање или пазење на умот со непрестајната срдечна молитва Исусова, која гласи: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме“. Според зборовите на светиот Калистос, постојат два вида монашко делање: едното е – скротување на страстите, и се состои во пост, бдеење, коленичење и останати надворешни подвизи; а второто – за очистување на умот и срцето од нечистите мисли, што се одвива со строго внимание, со непрестајна срдечна молитва кон Господ Исус која се врши тајно, и со болно чувство и покајнички лелек на душата, како што учат божествените отци. Со ова умствено делање и со свештената молитва, со плачот и солзите кои се раѓаат од оваа молитва, преподобниот Теофил го очистил своето срце од страстите и од нечистите помисли, и уништувајќи ги најпосле демоните, станал чист избран сад на Светиот Дух. И бидејќи, според зборовите на светиот Дионисиј Ареопагит, божествената љубов не гледа ништо и не знае ништо друго освен својот предмет, преподобниот Теофил, пламтејќи од љубов кон Бога, за ништо друго не размислуваше освен за Господ Исус: Господ Исус бил негово дишење, негов живот, Он бил секогаш во неговото срце. Теофил, слично на светиот апостол Павле, повеќе не живеел, туку Христос живеел во него. Затоа и тој, како и светиот апостол Павле се удостоил со божествените дарови на Светиот Дух: ја предвидувал иднината, ги знаел тајните на срцата и човечките помисли, достигнувајќи до совршен човек, според мерата од растот на висината Христова (Ефес. 4,13).

Најпосле, откако остарел, свети Теофил ја предвидел својата смрт и почнал да се подготвува за заминување кон вечноста. Помеѓу другото напишал исповедање на верата и духовно завештание, а пред смртта посакал над него да се изврши светата тајна елеосвештение. Тоа се случило во петок. Збогувајќи се со сите, во саботата се причестил во храмот со Пречистите таинства Хростови, благодарејќи Му на Бога за сѐ. Најпосле го повикал својот ученик Исак, да му ја каже последната желба. Смирен во текот на целиот живот, свети Теофил не сакал да му се укажуваат почести ни после смртта, па му заповедал на Исак: да не ја објавува неговата смрт кога ќе го предаде духот на Бога; да не повикува свештеници да го погребат, туку самиот тој да му заврзе едно јаже за нозете, па да му го одвлече телото и да го фрли било каде.

Откако на тој начин му ја соопштил својата последна желба на својот ученик, преподобниот Теофил се испружил на одарот велејќи: Господи Исусе Христе, прими го мојот дух! Заспал во праведничка смрт во неделата наутро на 8/21 јули 1548 година.

Неговиот послушен ученик Исак точно ја исполнил заповедта на светителот: откако му врзал јаже за нозете, го одвлекол неговото тело во шумата. Низ цела Света Гора се раширила веста за смртта на преподобниот; се собрале многу монаси, особено познаници и пријатели на преподобниот; сите сакале да го видат и да се поклонат на неговиот гроб, и да примат благослов од него. За да не ги лиши посетителите од тоа, ученикот им покажал некое раскопано место каде што, небаре, е погребан преподобниот. Но монасите од Иверскиот манастир и од Пантократор, по некое претчувство, се посомневале дека тоа е навистина гробот на светителот, па барајќи низ шумата ги нашле моштите на преподобниот Теофил, ги земе и ги чувале кај себе во потполна тајност од другите.

По истекувањето на четирисетте денови ученикот Исак отишол да ги види моштите, но на свое чудење не можел да ги најде. После долго трагање најпосле дознал дека моштите се во манастирот Пантократор. Отишол таму и почнал да ги моли старците да му ги дадат моштите од неговиот отец, но монасите не сакале ни да чујат за тоа. И така поминало доста време. Но за среќа на Исак тогаш во Света Гора дошол епископот на Јерисос Макариј. Исак му се обратил со поплака на обителта Пантократор и го молел да посредува во ова. Епископот веднаш ги свикал атонските игумени и отишол во Пантократор, ја одвоил раката од моштите на свети Теофил за оваа обител, а останатите мошти ги дал на учениот. Тогаш свечено биле пренесени светите мошти од Пантократор во ќелијната црква на свети Василиј, каде што преподобниот молитвено тихувал. И од тоа време моштите на преподобниот почнале да мироточат како сведоштво за неговиот богоугоден живот.

Таков бил животот на нашиот преподобен отец Теофил Мироточив, така се подвизувал, и така бил прославен од Бога на земјата и на небото, во животот и по смртта. Да го подражаваме и ние преподобниот во сиромаштијата, кротоста, смирението, чистотата, молитвеното тихување и љубов кон Бога и ближниот, за да го наследиме со него небесното царство во Христа Исуса нашиот Господ, Кому Му прилега слава и власт со Отецот и Светиот Дух. Амин.

 

Извор: https://crkvaveles.wordpress.com/2018/08/05/%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%bd-%d1%82%d0%b5%d0%be%d1%84%d0%b8%d0%bb-%d0%bc%d0%b8%d1%80%d0%be%d1%82%d0%be%d1%87%d0%b8%d0%b2-1548/?fbclid=IwAR3GkH8wFxR_unHjv6OkJl_ZcV_zU_NQumQuckYODpVAo36F76cX9aoSTXI

 

 Друго:

Тропар на преподобниот отец
Теофил мироточив
8 јуни / 21 јули

Тебе, на кого Господ Исус ти беше живот и дишење,
ти кој не живееше туку Христос во тебе ги вршеше чудесата,
Теофиле свети, денес чест и поклонение ти воздаваме,
како на возљубен од Бога песнопеења ти плетиме,
и молиме за твое застапништво пред Него,
о возљубен мироточив оче наш преподобен.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7614
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная