Денес, по повод 250-годишнината од раѓањето на игуменот Кирил Пејчиновиќ, надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен и викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија во главната манастирска црква „Свети Атанасиј“, во Лешочкиот манастир.
На 10.06.2021 година, во спомен на Вознесението Христово, настан што се случил 40 дена по Воскресението, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на свештенослужители, отслужи Божествена Литургија во храмот„Свето Вознесение“ во населбата Драчево. На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен дипломираниот богослов Илија Петров.
Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на прогонството на Свети Јован Златоуст. А кога престана иконоборството, во времето на царот Михаил и патријархот Игнатиј, во 850 година, чесната глава на Свети Јован беше пренесена во Цариград и положена во придворната царска црква.