Средба на Архиепископот со г-ѓа Славица Лазареска Мелничук, диригентка на хорот од катедралната црква „Покров на Пресвета Богородица“ во Чикаго
На 4.7.2022 г., Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан оствари средба со г-ѓа Славица Лазареска Мелничук, диригентка на хорот од катедралната црква „Покров на Пресвета Богородица“ во Чикаго. Г-ѓа Славица е долгогодишен хорист во САД која покрај руското, го користи и македонскиот напев на црковните песнопенија. Таа е автор и на неколку црковни композиции.








Константинопол, Градот на Богомајката, окото на светот, престолнината на ромејската цивилизација, Новиот Рим, кој ја напои сета вселена со Божественото учење и спасителните догми и го просветли светот со премудрост вишна и земна, не престанува да блеска и денес со евангелската и духовна светлина, преку првопрестолната Мајка Црква, Вселенската Патријаршија.
Во чест на успението на преподобниот Георгиј Григоријатски, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Денес, на 5 јуни 2022 година, во Неделата на Светите отци од Првиот Вселенски собор, Неговата Светост Патријархoт Српски г.г. Порфириј чиноначалствуваше со Светата Архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Архангел Михаил“, во Белград, во сослужение на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а 




Веста ја објави српскиот патријарх Порфириј во обраќањето од Соборниот храм, а истата беше проследена со долг и громогласен аплауз од присутните верници во и околу црквата.























