логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Porfirij.Irinej1


По упатувањето на томосот за автокефалност од СПЦ до Вселенската патријаршија, сега ќе треба да следи и официјалното прогласување од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј

Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм „Климент Охридски“ во Скопје објави дека Соборот едногласно одлучил да признае автокефалност на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА).

Веста ја објави српскиот патријарх Порфириј во обраќањето од Соборниот храм, а истата беше проследена со долг и громогласен аплауз од присутните верници во и околу црквата.

По упатувањето на томосот за автокефалност од СПЦ до Вселенската патријаршија, сега ќе треба да следи и официјалното прогласување од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Во продолжение погледнете ја галерија од денешната заедничка литургија на СПЦ и МПЦ-ОА во Скопје.

Денешната литургија во Скопје на која СПЦ ја објави одлуката следува по заедничката литургија на помирување што се одржа минатата недела во храмот „Свети Сава“ во Белград, а која, исто така, ја сослужуваа српскиот патријарх Порфирије и архиепископот Стефан.

Заедничките литургии во Белград и Скопје доаѓаат откако на 9ти месецов, Вселенската патријаршија донесе одлука за признавање на црковната јерархија на Охридската архиепископија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет.

 

 Друго:

  • epeni.mk/fotogalerija-kako-pomina-zaednichkata-liturgija-vo-skopje-na-koja-spts-objavi-priznavane-na-avtokefalnosta-na-mpts-oa/

 

На 24 мај 2022 г., во денот кога Црквата го прославува поменот на сесловенските учители и просветители, Солунските браќа Кирил и Методиј, во соборниот храм во Скопје, посветен на нивниот најславен ученик, светиот Климент Охридски,  се случи многу радосен настан – беше отслужена Божествена Литургија на која чиноначалствуваа претстојателите на Српската Православна Црква, Неговата Светост Патријархот г.г. Порфириј и на Македонската Православна Црква, Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан, а во сослужение со многубројни архиереи од двете Цркви, и тоа: Високопреосвештените Митрополити Црногорско-приморски г. Јоаникиј, Преспанско-пелагонијски г. Петар, Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Повардарски г. Агатангел, Брегалнички г. Иларион и Кумановско-осоговски г. Григориј, и Преосвештените Епископи Сремски г. Василиј, Бачки г. Иринеј, Зворничко-тузлански г. Фотиј, Крушевачки г. Давид, Ремезијански г. Стефан и избран Шабачки г. Јеротеј, Полошко-кумановски г. Јоаким и Брегалнички г. Марко. На архиереите им сослужуваа архимандрити, протопрезвитери, игумени, презвитери, протоѓакони и ѓакони од обете Цркви, а соборниот храм беше преисполнет од верен народ кој со исклучителна радост и духовно веселие зеде евхаристиско соучество во овој велик ден во кој и во нашата Татковина се збидна она што после педесет и пет тегобни години конечно се случи минатата седмица во Белград – сослужување меѓу Српската и Македонската Православна Црква, со што се залечи болната рана на црковното неопштење.Со својата беседа Неговата Светост Патријархот г.г. Порфириј дотолку ја зголеми радоста на сите присутни чеда на нашата помесна Црква, обзнанувајќи дека на штотуку завршениот Свет архиерејски собор на СПЦ била донесена едногласна одлука за прифаќање на молбеното барање на МПЦ за добивање на автокефалија! Оваа благовест на Српскиот Патријарх беше пречекана со громогласен, повеќеминутен аплауз и небројни солзи радосници од верниот народ, кој конечно дочека да ги слушне зборовите за коишто толку молитви принесуваа и толкав труд вложуваа нашите претци.


  • Сега, браќа и сестри, доаѓајќи овде, ви носиме уште една радост. Светиот Архиерејски Собор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ-ОА, па така Соборот на нашата Црква ја благословува, одобрува, прифаќа и ја признава автокефалноста.

    Потоа словеше Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан, кој заблагодарувајќи им се на Неговата Светост и на сите архиереи на СПЦ, соопшти уште една радосна вест. Имено, по покана од Вселенскиот Патријарх, Неговата Сесветост г.г. Вартоломеј, делегација од МПЦ, на чело со Архиепископот ќе сослужува со Вселенскиот Патријарх на Божествената Литургија на Педесетница, којашто ќе биде отслужена во Константинопол. 

 

 

  

 24ти мај 2022г.

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

04/05/2026 - понеделник

Светиот свештеномаченик Јануариј и другите со него; Светиот маченик Теодор и другите со него;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Денес е почеток на нашето спасениеи откривање на вечната тајна:Синот Божји станува Син на Дева,и Гаврил блага вест објавува.Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная