Утре канонизација на Свети Јоаким Крчовски – преподобен учител и просветитетл
Активностите почнуваат вечер во 18 часот со воскресна вечерна богослужба и парастос за блаженоупокоениот игумен Јоаким Крчовски.
Утре во 07.30 часот ќе се одржи воскресна утрена богослужба, а во 09.00 света божествена литургија и вбројување во диптихот на светите на Свети Јоаким Крчовски.


Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година, во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација на Српската Православна Црква предводена од Неговата Светост, Српскиот Патријарх г. г. Порфириј.
„Му благодариме на Бога што, еве, се исполни времето, па наидовме на братољубиво разбирање и кај Неговата Светост, патријархот г. Порфириј, заедно со членовите на Соборот на Српската православна црква, кои, само по неколку дена од донесениот акт на Синодот на Вселенската патријаршија, раководен од Неговата сесветост патријархот г.г. Вартоломеј

Како просветлен Првојерарх на Великата Христова Црква, Вие храбро и трпеливо го понесовте крстот да бидете, според зборовите на Господ Исус Христос, „прв во служење на другите“ (Сп. Мк. 9, 35) и достојно одговоривте на својот историски призив. На тој начин се уподобивте на своите славни претходници, големите патријарси на Константинополскиот престол.


Светиот и Свештен Синод, кој заседаваше денес, понеделник, 9 мај 2022 година, под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, исцрпно дискутираше за црковниот проблем во Скопје и, оценувајќи го во конечна фаза апелациското прибегнување (еклитон) на тамошната Црква до Мајката Црква, како и повторените повици од државата на Северна Македонија, го одлучи следново:
На 6.5.2022 година, ден кога Црквата гo прославува светиот вмч. Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Света Литургија во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Чаир.
Претседателот на националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети – ИКОНОМОС, Кристина Бицева, на денешната презентација на проектот што се одржа во манастирот „Св. Пантелејмон“ во Нерези, истакна дека државава е исклучително богата со културно наследство, но како што рече, најпрепознатливо, највредно и најбројно е токму .
Имено, иако борците за слобода со своите идеи им припаѓаат на сите слободољубиви луѓе и народи, иако светителите се почитувани и славени од сите богољупци, сепак, тие по својата национална припадност му припаѓаат само на еден народ. Затоа, и свети Климент и Гоце, поради нивните богоугодни и човекољубиви дела, можат да бидат почитувани и од други, но не можат да се делат со други!
Од денес, 3.5.2022 до 9.5.2022 година, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, се одржува Меѓународниот саем на книгата. На него традиционално, веќе едно десетлетие, учествува Македонската Православна Црква. Годинава на нашиот штанд своите издавачки дејности ќе ги претстават: Скопската, Дебарско-кичевската, Преспанско-пелагониската, Повардарската, Брегалничката и Кумановско-осоговската епархија.


























