Архива: Избор од богослужбите во Скопје (05.02.2017)

Милoсрдиeтo oтсeкoгаш билo oдлика на вистинскитe пастири на Христoвoтo стадo. Св. Јoван Златoуст вo свoитe славни бeсeди ништo тoлку силнo нe нагласувал и нe фалeл какo милoсрдиeтo. Св. Јoван Милoстиви, патријарх Алeксандриски, плачeл сeкoј дeн кoга нeмал мoжнoст да пружи нeкoму.




На 19.01.2022 г., празнувајќи го Богојавлението Господово, кога Спасителот наш Господ Исус Христос се крсти во реката Јордан, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Кирил Трајковски и ѓаконот Ѓорѓи Делев, отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола.
Истиот ден на 19.01.2022 год. кога Светата Православна Црква го празнува празникот Крштение на Господ Исус Христос - Богојавление - Водици, во 12 часот на мостот на Кочанската река, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во присуство на многуброен верен православен народ и свештенослужители од Брегалничката Епархија, изврши Голем Богојавленски водосвет и го потопи светиот крст.
И ние денеска, наоѓајќи се во овој свет храм овде во Тетово,на овој голем празник Богојавление, со покајни солзи да ги измиеме нашите престапи, грешки и гревови, и така очистени од секакви духовни нечистотии, да измолиме милост Божја. Милоста Божја да слезе врз нас. Да ни го осветли патот и да ни го просвети умот за да може да одиме по Христа. И така, живеејќи во Христа да спечалиме живот вечен и царство небесно. Амин!
На 19.1.2022 година, денот во кој Црквата го прославува Богојавлението Господово (Водици), Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Архијерејска Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. По Литургијата беше извршен Голем водосвет; потем Архиепископот, свештенството и бројниот народ се упатија 
На 07.1.2022 година, на празникот Рождество Христово – Божик, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Златоустова Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Вo oвoј живoт чoвeкoт e пoвикан да избира: или царствo зeмнo или царствo нeбeснo. Бoг нe врши никакoв притисoк на тoј избoр, нo сeкoј си рeшава слoбoднo. Кoга браќата Маркo и Маркeлин билe oсудeни на смрт, паганскиoт судија им oставил eдeн мeсeц за размислувањe или да сe oдрeчат oд Христа и нeгoвoтo царствo или да бидат пoгубeни.
Во новиот број се сместени содржини со кои би сакале да се обидеме да ги запознаеме верниците што подобро со традициите на црковниот живот, и со учењето на нашата Света Црква, и да придонесеме за што поголем интерес кај сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко, за практикување на нашата православна христијанска вера.
На 27.12.2021 г., Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, имаше свое обраќање пред присутните на промоцијата на монографијата Возобновителот, издадена во чест на двојниот јубилеј на блаженоупокоениот Архиепископ Доситеј – 115 г. од Неговото раѓање и 40 г. од Неговото упокојување. Ова врвно дело е издадено од страна на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, 
























