„Невидлива борба“ - ново издание
Книгата која ја имате пред вас е дело на светиот Никодим Светогорец, монах од XVIII-XIX век. Времето во кое живеел било тешко, под турско ропство, со постојани закани и опасности, присилна исламизација, време во кое православната богословска наука многу заостанала, па дури и сосема замрела во некои краишта. Поради необразованост голем дел од клирот не можел да проповеда, да го


„Без мене не можете да направите ништо“ вели Словото Божјо, па затоа секоја година во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево на почетокот на новата учебна година на Божествена Литургија на која присуствуваат сите ученици на Богословијата, се извршува чинот призив на Светиот Дух.
На 05.09.2021 година, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во манастриот „Свети Јован Крстител“, во Слепче, во монашка риза потстрижа шест расофорни монахињи, четири монахињи во мала схима и една монахиња во големата ангелска схима.









Денес, на 02.08.2021 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророкот Илија – Илинден, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија во храмот „Свети Илија“ во населбата Аеродром. На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен дипломираниот богослов Илија Пројчевски.

Секој ден е ден за благодарење, за фалење и за славење на Господа! Секој ден ни е даден од Бога за да празнуваме и да се радуваме! Но овој ден – празникот Илинден, е ден за особено семакедонско прославување, но и ден за таговна радост и радосна тага. Ние, Македонците, како ретко кој народ, торжествено го празнуваме славеникот и богоугодникот, чудотворецот и боговидецот – големиот пророк Илија.

























