Божествена Литургија во храмот на св.пророк Илија, Скопје (24.07.2020)
Наречението на новоизбраниот Епископ Сарандопорски ќе се изврши на 25 јули, во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, а хиротонијата и востоличувањето ќе се изврши на 26 јули 2020 година, на Собор на св. архангел Гаврил, во Соборниот храм „Св. Николај Чудотворец“ во Куманово.
Животот е бескрајно усовршување во добродетелта, израснување, уподобување, до мерата и растот на полнотата на Христос. Но, дали создавањето е нешто друго, освен раѓање на духовни чеда, преобразување луѓе, откривање на дадениот образ Божји, развивање на подобие Божјо, кај духовно родените. Впрочем, затоа е создадена оваа книга. Поради тоа, се надеваме дека на духовно родените, ќе им послужи да ја зајакнат ревноста.
Кој Го љуби Господа, тој секогаш се сеќава на Него, а сеќавањето на Бога ја породува молитвата. Ако не се сеќаваш на Господа, тогаш нема ни да се молиш, а душата без молитвата нема да пребива во љубовта Божја. Оти преку молитвата доаѓа благодатта на Светиот Дух. Со молитвата човекот се чува од гревот, оти умот кој се моли е зафатен со Бога, и во смирението на духот стои пред Лицето Господово, Кого Го знае душата на оној што се моли.
По завршувањето на постдипломските студии, пријавил втор докторат во 2008 година, а докторирал во 2012 година со одбраната на темата: „Христолошки и сотириолошки аспекти во евхаристиската реинтеграција на личноста”. Монашкиот подвиг го започнал во Струмичката епархија на Македонската православна црква во 2003 година, кога ставил ...
Светиот Дух нe учи да ги љубиме непријателите, така што душата ќе ги сожалува како родени деца. Има луѓе кои на своите непријатели или на непријателите на Црквата им сакаат погибел и маки во пламенот на пеколот. Тие мислат така затоа што Светиот Дух не ги научил на љубовта Божја, оти тој кој е научен на таа љубов, ќе пролева солзи за целиот свет. Велиш дека тој е злосторник и дека треба да гори во адскиот пламен. Но те прашувам јас тебе: ако Бог тебе ти даде добро место
„Најмили мои браќа и сестри монаси и монахињи, уште еднаш, најтопло и од срце ви се заблагодарувам за сето она што го направивте за мене, недостојниот, та чинот на хиротонијата да биде едно духовно доживување и радост за сите. Со тоа повторно на дело го покажавте она, што низ заеднички подвиг го учевме заедно во изминативе 25 години – дека само преку подвизување во љубовта Христова можеме да го достигнеме плодот што Бог ни го ветил во Евангелието. Само тогаш ќе нѐ познаат дека сме Негови ученици и само така ќе го исполниме она што Бог го посакува од нас.
Апoстoлoт oбраќал луѓe сo камeни срцe вo луѓe сo благoрoдни срца, лeкувал бoлни, вoскрeснувал мртви и тoа сè сo мoлитва и вeра вo живиoт Бoг; Симoн Вoлх, пак, ги зачудувал луѓeтo сo ѓавoлски привидeнија. Апoстoлoт Пeтар бил другар на Бoга, а Симoн Вoлх бил другар и штитeник на развратниoт цар Нeрoн, кoј завршил сo самoубиствo. Чудата на нeзнабoжeчкитe факири спаѓаат вo видoт привидeнија и лагитe на Симoн Вoлх. Какo штo усвитeниoт пeсoк oддалeку личи на вoда, така и “чудата” на факирoт личат на живoтвoрнитe христијански чуда.
Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си? Повикај Го Исус и гледај, утехата ќе блесне во сферата на твоето срце. Те надвладеало обесхрабрување? Не заборавај своите надежи да ги положиш на Христа и твојата душа ќе се исполни со храброст и со сила. Те мачат плотски помисли и те привлекуваат кон чувствени наслади?
Секој јубилеј е спомен за некој успех, а истовремено и премин во наредниот. Овој јубилеј е посветен на Премин, списание за духовни вредности, кое веќе дваесет години успешно опстојува како противтежа на пропагандата на обременувачката (не)култура на денешницата во којашто живееме. Но, не како борба, туку како премин, отворање на можноста за друг начин на живеење, поразличен од овој конвенционалниот.
Излезе од печат Петровденското издание на списанието „Православна Светлина“. И во овој, 54-ти број, обработивме многу нови душеполезни теми, од кои се надеваме дека читателската публика ќе пронајде поука. Се надеваме дека и овој празничен број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко. Вашиот примерок од новиот број ќе можете да го земете во сите храмови низ Повардарската епархија.
Кој пример би бил поубав од Господ Исус! Зарем послушноста кон Отецот не Го одведе до Крстот и до смртта? Зарем Тој, бидејќи единосуштен на Отецот, не можел да се спротивстави на ова? Тој, меѓутоа, тоа не го стори. Додека се качувал на Голгота, чекорел во пот и паѓал на колена со болка, под бремето на отсекувањето на сопствената волја. Требало Тој да се искачи, да го досегне нејзиниот врв и да биде воздигнат на прославениот и за демоните страшен Крст, да го покаже совршеното и апсолутно послушание...
Човековото спасение зависи од молитвата, бидејќи тоа е она што приближува и соединува кон Бог. Кога човекот се наоѓа во близина Божја, наполно природно е да не скршнува од етичкиот пат, зашто вложува внимание во секој свој чекор. И покрај сето наше внимание, ѓаволот не престанува да нe сопнува, зашто сака да нe изненади во миг на слабост и да нe одвлечка на својот пат, кој секогаш води вртоглаво надолу. Од таа причина, драги мои чеда, од нас нужно се бара постојано да
Јас немам толкава благодарност, која ќе може да одговори на твојата безмерна љубов...Ниту доволно зборови, да ја опишам твојата молитвена грижа за нас - преточена во слово...Само огромна желба, да го изодам Патот кој што неуморно го трасираш пред нас, следејќи ги многубројните светлечки патокази што несебично ги поставаш на секоја кривина, цврсто држејќи се за твојата сигурна, пастирска рака.