Монашка посета при Вселенскиот Патријарх (16.12.2021)
Во сечесниот патријаршиски храм на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј ги прими на посета сите монаси и монахињи под духовно раководство на нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, од нашите четири манастири: Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино.






Хорот на Братството на Свештената Бигорска Обител настапи на Правиот меѓународен фестивал на византиска музика во Атина. Ова е за прв пат хор од нашата Црква да настапува на настан од ваков вид во Грција, така што самото тоа претставува голем исчекор во зближувањето на двата православни братски народи.







На оваа мошне сложена тема досега во македонската историографија не е посветен целосен монографски труд, туку истата е обработувана парцијално во рамките на историјата на Македонската православна црква и историјата на градот Скопје и неговата околина. Поради таа причина мислиме дека нашиот интерес за научна обработка на оваа значајна црковна проблематика е оправдан.

По повод претстојниот голем јубилеј на нашиот почитуван архипастир, Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј – 40 години од хиротонијата во архијерејска служба, денес нашиот старец и игумен, Епископот г. Партениј, во придружба со Архимандритот г. Доситеј и сестри монахињи од сестринствата на Рајчица и на Пречиста, го посетија Владиката во 
























