Се поклонуваме на нивните мошти и просиме од нив благослов за нашата Света Црква, за нашата света обител за нејзино благуспевање по патот на ширење на Евангелската радост, духовна закрила на нашето скромно монашко сестринство- негово наследство, за нашиот град и татковина да бидат запазени од секакви искушенија, по молитвите на светиот Теодосиј и по молитвите на Пречистата Богомајка сега и во сета вечност Амин!
Недела по Богојавление кога го празнуваме пре. Теодосиј Велики и пре. Јоаникиј Ракотински во храмот посветен на св. Николај Мирликиски Чудотворец во нас. Аеродром, презвитер Бобан Митевски отслужи Света Божествена Литургија.
Црквата, како тело на Христос го „собира“ (Мат. 23,37) светот во Него, го преобразува и го напојува со „вода која тече во живот вечен“ (Јован 4,14).
Денес, во раните утринските часови со молитва, содржината на празничните читања и песнопенија на Царските Часови и Вечерната, причестувањето со Светите Христови Тајни на Василиевата Литургија, благодатта и избликот на радост од Богојавленскиот водосвет во дорот на храмот – сето тоа духовно ги подготви нашите души за вистинско доживување на празникот на Светлините…
Не знам кога ќе налета безбројно мноштво пламени ангели, за да ги грабнат нашите души, кои не направиле некакво добро. Да бидеме Божји угодници, љубезни кон луѓето, да оставиме добар спомен на земјата; да пристапиме добро кон небесата. Да бидеме вистински христијани, а не само по име. Целото свое тело да Му го предадеме на Бога, откако ќе го одземеме од ѓаволот.
На 15.01.2021 година, во Кочани, обителта на св. в-мч Пантелејмон , украсена со облека од скрушени молитви, го празнуваше споменот на многупочитуваниот саровски старец преподобниот Св. Серафим.
Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение со свештенството од Богодаруваната му епархија, отлужи Света Архиерејска Литургија, на која верните вкусија од Чашата на Спасението.
Еве, ви соопштувам голема радост,
која ќе биде за сите луѓе;
зашто денеска, во градот Давидов,
ни се роди Спасител, Кој е Христос Господ…
На Божик света Божествена Литургија, во Полошкиот манастир на Тиквешкото езеро,
посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец.
Литургијата ја отслужи свештеник Александар Попов.
Човекот, како Божјо создание, нема друга причина за своето постоење освен – светоста! Светоста е и целта и смислата на човековиот живот. Но светоста, не е некоја апстрактна и безлична идеја, не е некаква етичка категорија. Светоста е суштински начин на постоење, постоење во нашата природна состојба; тоа е остварување на една зададеност, која се дефинира како богоподобност.
Вие сте се распнале за светот и светот се распнал за вас: оттргнете се од сѐ што е земно и издигнувајте се кон небесното живеење; живејте само за Бога, а бидете како умрени за сѐ друго. Таму е вашата вера, таму ќе бидат свртени и вашите очи; она со што сте запленети, таму ќе биде и срцето ваше, како што рекол и нашиот Господ: „Каде е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше“ (Матеј 6, 21). Гледате ли со какви блага сте се удостоиле и со каков возвишен живот? Тоа е вистински ангелски живот.