логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Концерт-Атина-3

Настап на Бигорскиот хор во Атина

Концерт-Атина-4

Концерт-Атина-5

Концерт-Атина-20


Атинскиот Соборен храм посветен на Светото Благовештение на Пресвета Богородица, храм-паметник на Православната Црква во Грција, место на многу свештени богослужби, на значајни настани и годишнини, вчеравечер беше сведок на уште едно уникатно и историско собитие. Имено, на покана на Министерството за култура и спорт на Р. Грција и на Здружението на псалти од Атика „Свв. Роман Слаткопевец и Јован Дамаскин“, а со благослов на Архиепископот Атински и на цела Грција, г. Јероним, хорот на Братството на Свештената Бигорска Обител настапи на Правиот меѓународен фестивал на византиска музика во Атина. Ова е за прв пат хор од нашата Црква да настапува на настан од ваков вид во Грција, така што самото тоа претставува голем исчекор во зближувањето на двата православни братски народи.

Мотото на овој фестивал гласи: „Единството на Уметноста во споменот на заедничката Вера и на истозначното Минато“.
Главниот организатор на настанот, Претседателот на Здружението на псалтите на Атика, почитуваниот г. Илијас Редијадис Тумбас, кој со својата хородија досега во два наврати има пеено на богослуженија во Бигорски, во своето поздравно обраќање, посвети посебно внимание на гостувањето на нашето братство, возглавено од старецот, Епископ г. Партениј:
„Пречекуваме две хорски групи, помеѓу кои и хорот на монашкото братство на Бигорски и нивниот Игумен, пријател на грчкиот народ, преосветениот Епископ Антаниски г. Партениј, којшто во 2018 година беше прогласен за почесен граѓанин на Европа од страна на Европарламентот, за неговото многустрано пастирско, хуманитарно и образовно дело во соседната земја, Северна Македонија“.
На концертот присуствуваа претставници од централната и локалната власт во Атина, свештенослужители од Православната Црква во Грција, десетици протопсалти и најистакнати хорарси и учители по црковно пеење од цела Грција и од Константинопол и бројни верници и љубители на источно-православното пеење.
Свое обраќање до присутните имаше и високиот претставник на грчката Влада, г. Јоанис Хрисулакис, генерален секретар во Министерството за надворешни работи. Тој, од името на Премиерот г. Киријакос Мицотакис, му се заблагодари на нашиот Старец за учеството на бигорскиот хор на значајниот фестивал, обраќајќи му се со зборовите:


„Ваше Преосвештенство г. Партение, Игумене на Свештената Бигорска Обител во Северна Македонија… единството на уметноста во спомен на заедничката вера и минато нè обединува сите нас вечерва: клирици и лаици, хорови и верници, сите заедно вечерва ќе се помолиме преку спектарот на византиската музика, која носи само единство и радост во нашите души“.
Во текот на концертот со почесни медали беа одликувани десетина знаменити јеропсалти и учители кои дале особен придонес во запазувањето и развојот на древното православно пеење. Од името на сите нив, благодарствен говор одржа протопсалтот на Вселенската Патријаршија од Константинопол, легендарниот г. Демостен Паикопулос.
Нашиот хор, предводен од хорархот Анатолиј јеромонах, настапи на крајот од предвидената програма и со својата беспрекорна изведба ги освои восхитот и воодушевувањето на публиката, а долготрајниот аплауз само го потврдуваше тоа.
По настапот на браќата, завршниот збор го имаше претставникот на Архиепископот Атински г. Јероним, Протопрезвитерот Томас Синодинос, кој воедно е и старешина на соборниот храм на Благовештението каде што се одржуваше настанот. Видно воодушевен од пеењето на бигорските монаси и псалти, тој не ја сокри својата радост од повторната средба со нашиот Старец:


„Ваше Преосвештенство г. Партение, чувствувам особена радост што по многу години Ве гледам повторно во Атина. Се сеќавам како пред многу години бевте дојден со претставници на Вашата Црква, на чело со Високопреосвештениот Митрополит Наум, кај тогашниот Архиепископ г. Христодул, [на разговор] за црковната тема и се радувам што повторно Ве гледам здрав, Игумен на една, од она што се гледа, одлично устроена обител, но и на овој прекрасен монашки хор, кој вистински нѐ потсети на Света Гора, пренесена во неговата Татковина“.


За вчерашниот концерт беше изготвен и посебен печатен проспект, во кој најголемото место беше посветено за Бигорскиот хор. Во текстот посветен за него, меѓу другото, пишува:
„Во 1995 година, сегашниот Епископ Антаниски г. Партениј ја зеде врз себе игуменската должност за Свештената Бигорска Обител, понесувајќи го истовремено и значајното дело за возобнова на монаштвото и на запустениот Манастир, по прекин од половина век. Една од првите грижи на новиот игумен беше и дневниот богослужбен ред, со исполнување на поредокот на дневните богослуженија, согласно со светогорскиот типик. Следствено, црковната музика стана секојдневна грижа на монасите, секое утро и секоја вечер“.
Во продолжение, г. Илијас Тубас и о. Томас му врачија награда и почесен медал и на нашиот Епископ г. Партениј, за неговата заслуга за возобновата на источно-православното (византиско) црковно пеење кај нас.
Накрај, од името на нашиот Старец и Игумен, Епископот г. Партениј и од неговото во Христа братство, сакаме сесрдно да им се заблагодариме: пред сè, на нашиот длабокопочитуван Архиепископ г. Стефан и на нашиот возљубен Митрополит г. Тимотеј за нивниот татковски благослов да учествуваме на овој фестивал; потоа на грчката држава и Црква за укажаната прилика и чест да настапуваме на овој мошне достоинствен настан, со што уште еднаш ја покажаа својата  православна етика и подготвеност за промовирање на универзалните христијански вредности. Впрочем, грижата и љубовта за духовното просвештение и свештено-апостолското дело на грчкиот народ се добро познати ширум православниот свет. Посебна благодарност упатуваме кон вискоценетиот Архиепископ Атински г. Јероним за дадениот благослов; кон организаторот, нашиот сакан пријател г. Илијас Редијадис Тумбас, за неговата пожртвувана и докажана љубов; кон почитуваниот г. Јоанис Хрисулакис, кој како претставник на грчката државна власт пројави кон нас големо уважување и чест и кон отец Томас Синодинос, кој се покажа вистински и гостољубив домаќин.
Нека си спомне Бог за доброто дело!

 

Концерт-Атина-26

Концерт-Атина-31

Концерт-Атина-32

ВИДЕО

https://www.youtube.com/watch?v=zHtlZfANiUU


https://bigorski.org.mk/.../nastap-na-bigorskiot-hor-vo.../

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная