Ретроспектива (2005-2020): Задушница

Спасителу, Кој со Твојата крв ги искупи луѓето, и со Твојата смрт нè избави од горчливата смрт, и со Твоето Воскресение ни даваш живот вечен, упокој ги, Господи, сите кои починале благочестиво, или во пустините, или во градовите, или во море, или на земја, или во секое место: цареви и свештеници, архијереи, монаси, искушеници, отци, браќа и сестри наши, од секоја возраст и род, и удостој ги за Твоето Царство небесно !









На Литургијата, во присуство на Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г..г Стефан, чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на Митрополитот Европски Пимен. Присутен на литургијата беше и Митрополитот Брегалнички г. Иларион.Потоа беше отслужена Панихида во манастирот „Свети Илија“ во Чардак, местото на вечното почивалиште на блаженоупокоениот Митрополит Горазд.
Денес, на 4 февруари, чествувајќи ја 149 годишнината од раѓањето на водачот и идеологот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужување на свештеници од Скопската епархија отслужи Панихида пред неговиот гроб во дворот на црквата Свето Вознесение – Св. Спас на Кале.
“Кој живее под закрилата на Севишниот, тој престојува во домот на небескиот Бог. И ќе Му рече на Господа: Ти си мој застапник, Ти си мое пребивалиште, Бог мој, и на тебе ќе се надевам!“
На 30.01.2020 Вечерна богослужба на празникот св.Атанасиј во Лешочкиот манастир богослужеше надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на свештенството на Тетовско-гостиварската епархија. По вечерната богослужба беше осветен новиот конак на западниот дел од манастирот. Со пригодна беседа се обрати митрополитот г. Јосиф кој рече дека ова е голем и радосен настан за Лешочкиот манастир...

Се поклонуваме на нивните мошти и просиме од нив благослов за нашата Света Црква, за нашата света обител за нејзино благуспевање по патот на ширење на Евангелската радост, духовна закрила на нашето скромно монашко сестринство- негово наследство, за нашиот град и татковина да бидат запазени од секакви искушенија, по молитвите на светиот Теодосиј и по молитвите на Пречистата Богомајка сега и во сета вечност Амин!
Недела по Богојавление кога го празнуваме пре. Теодосиј Велики и пре. Јоаникиј Ракотински во храмот посветен на св. Николај Мирликиски Чудотворец во нас. Аеродром, презвитер Бобан Митевски отслужи Света Божествена Литургија.
























