Молебен за успешна школска година
На 30. 09. 2020 година кога Светата Православна Црква го празнува споменот на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес се отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата служеа свештенослужители од градот Велес. По Литургијата се отслужи молебен за успешна школска година за Човекољубиот Господ, нашиот Спасител, да ги просветли сите ученици, за да бидат за радост на своите родители и од полза на нашата татковина и на Светата Црква.




Во 16 недела по Педесетница кога го празнуваме и празникот на Воздвижение на Чесниот Крст во храмот посветен на св. Николај Мирликиски Чудотворец во нас. Аеродром, презвитер Бобан Митевски отслужи Света воскресна богослужба.
На 27ти септември2020 година, во шеснаесетата недела по Педесетница, кога соборната црква молитвено го прослави споменот на 
„Христос ни предлага модел во кој преку учество во Крстот Негов ќе воскреснеме духовно – уште сега, а потоа и телесно. Овој свет ни наметнува модел во кој преку учество во неговите уживања ќе умреме духовно – уште сега, а потоа и телесно. Христос ни предлага затоа што не сака да ја наруши нашата слобода, а светот ни наметнува затоа што веќе ја нарушил нашата слобода.“
Во присуство на претставници на највисокото црковно и државно началство, на културниот, научниот и општествениот живот, Филхармонијата изведе достоен за секаква пофалба концерт на стари македонски изворни композиции, во кои се воспеваат верата и љубовта кон Бога и кон Татковината, подготвеноста на пожртвуваност за нив, како и стремежот кон убавото и возвишеното. Среде присутните гости, ова торжество го проследија во живо: Неговото Блаженство, Архиепископот г. г. Стефан, Претседателот г. Стево Пендаровски, членови на Светиот Синод на МПЦ-ОА, членови од Владата, свештеници, монаси и монахињи,
Годинава што тече е навистина многу голема – не по бројот на деновите во неа, туку по великите јубилеи што таа со себе ги носи. Во неа ја славиме илјадагодишнината од основањето на оваа Свештена Обител – јубилеј достоен за восхит, но годинава се исполнуваат и 50 години од раѓањето на нашиот Старец и Владика, како и 25 години негово монашко и свештеничко служење. Веќе 25 години како свештенослужител, тој ги принесува бескрвните Дарови на Нашиот Спасител, секојдневно молејќи се за нашите братство и сестринствата, но и за сите духовни чеда ширум нашата Татковина Македонија, и надвор од неа.
Првиот Вселенски Собор определи црковната година да почнува на 1 септември. Месецот септември кај Евреите беше почеток на граѓанската година (Исх. 23, 16), месец на собирање на плодовите и принесување жртви на благодарност кон Бога. Во времето на ова празнување Господ Исус влезе во синагогата во Назарет и ја отвори книгата на Пророкот Исаија и ги прочита зборовите: „Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза за да им благовестам на бедните,
Во тек е Саемот за книга 2020, кој ќе трае до 14 септември. Оваа година, согласно Протоколите за спречување на ширење на коронавирусот, пропишани од Владата, саемот се одржува на отворено во А1 Арена СЦ Борис Трајковски, кај Аква Паркот, под монтажни објекти.




























