На празникот на св. Климент Охридски и св. вмч. Пантелејмон во Охрид (09.08.2020)
Торжествата по повод големиот празник на патронот на нашата света Црква, светиот Климент Охридскиот Чудотворец, како и празникот на светите Седмочисленици и на св. вмч. Пантелејмон, продолжија на 09.08.2020 година, во Светиклиментовиот манастир на Плаошник, со Света Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски,





На 04.08.2020 Митрополитот Тетовско гостиварски г.Јосиф заедно со парохискиот свештеник го посетија семејството Ангелковски од с.Теарце при што на ова семејство му беа донирани прехранбени и хигиенски производи.
Се чини дека нема ништо поскапоцено од слободата. Таа е најголем Божји дар, печат на Неговата татковска љубов кон човекот. Имено, Он го создал човекот слободен. Уште во првите страници на Светото Писмо читаме како Бог ги создал Адам и Ева како слободни битија, со право на избор помеѓу доброто и злото. Тоа е израз на Неговата совршена љубов, бидејќи љубовта може да биде вистинска само кога е во слобода.
На 2 август 2020 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророк Илија и светите Пречистански преподобномаченици, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети пророк Илија во с. Миладиновци – Куманово. Пред почетокот на Литургијата, чтецот Никола Николовски од Куманово беше произведен во ипоѓакон, а на Светата Литургија во ѓаконски чин.
На 29ти јули 2020 година, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија, молитвено го прославува споменот на светеномаченик Атиноген и маченица Јулијана, во Воведенскиот храм во охридската населба Рача, ереј Сашо Ристески во сослужение на ереј Александар Димоски и презвитер Димче Азески отслужија Божествена Литургија, за соединување со Хиста преку путирот од кој живот исходи.
Целокупната дејност на старозаветните пророци е насочена кон доаѓањето на Богочовекот Исус Христос – ветениот Месија, Ослободителот од гревот и од смртта. Човекот е вистински слободен само кога живее во заедница со Бога. Живеејќи во таа слобода, тој несебично им дарува љубов на ближните, секогаш подготвен да се жртвува за нив. А кога човекот е надвор од заедницата со Бога, тогаш почнува да им служи и да им се поклонува на разни идоли и на лажни богови. Доколку на некого или на нешто ја полагаме нашата надеж и од таму очекуваме спасение, тогаш стануваме заробеници на овоземното, заборавајќи дека единствено Господ
На 25. 07. 2020 година, кога Црквата го празнува Соборот на светиот архангел Гаврил и преподобна Сара Египетска, во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка беше извршено Наречение на Архимандрит г. Григориј (Настески) за епископ Сарандопорски.




Животот е бескрајно усовршување во добродетелта, израснување, уподобување, до мерата и растот на полнотата на Христос. Но, дали создавањето е нешто друго, освен раѓање на духовни чеда, преобразување луѓе, откривање на дадениот образ Божји, развивање на подобие Божјо, кај духовно родените. Впрочем, затоа е создадена оваа книга. Поради тоа, се надеваме дека на духовно родените, ќе им послужи да ја зајакнат ревноста.























