логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Илинденско послание (29.07.2020 08:36)
 
† СТЕФАН
ПО МИЛОСТА БОЖЈА,
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД,
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО
И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
– ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА,
А ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА

 



Блажени се оние кои те видоа
и оние кои со љубов се украсија...1

 
Возљубени празникољупци,
Светиот пророк Илија е значајна старозаветна личност. Иако не напишал ништо, тој самиот, со својот живот, и поучувал и порачал многу, прославувајќи се со чуда и со неспоредлива слава2. Тоа се гледа од начинот на кој живеел и делувал, како и во тоа како заминал од овој свет3. И тој не е присутен само во Стариот, туку го сретнуваме и во Новиот Завет.

Бог, правејќи секогаш сè за да им помогне на луѓето, а истовремено почитувајќи ја слободата на секого, во старозаветниот период ги испраќал пророците како посредници, кои народот го учеле и го утврдувале на вистинската вера. Така и светиот пророк Илија, воден од големата љубов кон Бога и кон народот, со силни зборови и дела укорувал за отпадништво од верата, но и упатувал кон вистинската цел на животот.
Во Новиот Завет, пак, славниот пророк се јавува и разговара со Господ Исус Христос при Неговото преображение на гората Тавор4. Светиот апостол Јаков ја пофалува праведноста и молитвеноста на пророкот Илија5, а според сведоштвото на евангелистот Матеј, него ќе го видиме и пред Второто Христово доаѓање, кога ќе дојде претходно и ќе уреди сè6.


Возљубени во Господа,

Целокупната дејност на старозаветните пророци е насочена кон доаѓањето на Богочовекот Исус Христос – ветениот Месија, Ослободителот од гревот и од смртта. Човекот е вистински слободен само кога живее во заедница со Бога. Живеејќи во таа слобода, тој несебично им дарува љубов на ближните, секогаш подготвен да се жртвува за нив. А кога човекот е надвор од заедницата со Бога, тогаш почнува да им служи и да им се поклонува на разни идоли и на лажни богови. Доколку на некого или на нешто ја полагаме нашата надеж и од таму очекуваме спасение, тогаш стануваме заробеници на овоземното, заборавајќи дека единствено Господ Христос ни ја дарува вистинската слобода. Затоа, на секоја Литургија Му се обраќаме на Господа, велејќи: „Тебе Ти ги доверуваме сиот наш живот и надеж“7. А преподобниот Максим Исповедник нè советува: „Секој човек треба да го љубиме од сета наша душа, а надежта да ја полагаме само во Бога и само Нему да Му служиме со сета наша сила“8. За Божјите дарови треба да сме благодарни и да ги употребуваме согласно нивната намена и цел, а не да ги претвораме во божества од кои очекуваме помош и спасение. Имајќи жива заедница со живиот Господ, ние ја спознаваме смислата на сè што постои, па, исполнети со вистинска радост, ги живееме секој ден и секој миг што Бог ни ги дарува.


Возљубени потомци на паднатите борци за Македонија,


Секој народ, во својот историски пат, минува низ тешки периоди, во кои покажува подготвеност да се избори и да преживее. Искушенијата се случуваат за да нè поттикнат кон покајание, но и за да се истакне духовната сила и на поединците и на народите. Бог има промислителна улога во историското движење на секој народ. Тој на сите луѓе им ги  утврдил времињата и границите на нивните живеалишта, и на сите им останал близок9. Тоа значи дека ниту еден народ не е оставен надвор од Божјиот домострој, од Неговата грижа. Затоа имаме голема одговорност, живеејќи богоугодно, да го чуваме дарот на слободата, што ни е даден секому одделно, но и на сите како народ заедно.

Нашиот македонски народ, уште од апостолско време, ја примил евангелската проповед10. Низ вековите минувал низ разни искушенија, преку кои ја потврдувал својата вера. Во тешките времиња на ропствата, меѓу нашите предци, особено се истакнувале оние коишто биле духовно силни и предводеле во борбата за слобода. Затоа, за да се биде предводник на народот и борец за слобода, неопходно е да се надмине секој страв, преку утврденост во верата, надежта и љубовта. А, Светото Евангелие поучува дека во љубовта страв нема, туку совршената љубов го изгонува стравот11. Патот кон стекнување на љубовта е исполнет со разни пречки, со тешкотии и со себеодрекувања. Но, со помош на Божјата благодат, тие искушенија се надминуваат, па жртвата за ближните веќе не претставува тешкотија, туку радост.


Возљубени чеда на славните илинденци,
Не е случајно што нашите претшественици го избрале за закрилник токму светиот пророк Илија. Неговата ревносна борба, втемелена во саможртвената љубов, претставувала поттик и поткрепа и за нашите предци. Тоа покажува колкава била нивната духовна свест за смислата на борбата за слобода, борба која е невозможно да се води без подготвеност на жртва за ближните. Издигнати над секаков страв, водени од Божјата љубов и, следејќи го примерот на славниот пророк Илија, непоштедно се труделе со сите сили, за да им овозможат на идните генерации вистински слободен живот.


Така, големиот пророк Илија ни станал покровител на духовната и на националната слобода. Започнатата борба на Илинден – 1903-та, ги раѓа созреаните плодови на Илинден – 1944-та година. Затоа треба да бидеме особено будни да не си дозволиме потклекнување пред современите искушенија и да не го изгубиме она што нашите предци, со огромни напори и големи жртви, го стекнале и ни го оставиле во аманет. Впрочем, самиот факт што во петвековното иноверно ропство нашиот народ, по секоја цена, ја сочувал православната вера, е доволен показател за духовната сила и за идеалите за кои се борел и се жртвувал.


Еве, и во оваа 2020-та година, македонскиот народ, како и целото човештво, е во едно ново искушение – во ново востание, предизвикано од заразната пандемија. Но, поучени од искуството на нашите предци од претходните востанија, и со Божја помош и поткрепа, се надеваме дека и овојпат ќе извојуваме победа.


Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,


Во многувековната историја на македонскиот народ, манастирите одиграле клучна улога во изградбата и во надградбата на нашата духовност. Еден од најголемите наши вековни, но и современи духовни расадници е Бигорскиот манастир. Оваа година ќе го одбележиме неговото 1000-годишно постоење и духовно делување на македонската земја.


Честитајќи им го Илинден на сите Македонци, во Татковината и насекаде по светот, порачуваме да не се заборави, во ниту една македонска генерација, делото на сите наши борци и јунаци, комити и војводи, партизани и бранители. Аманетот што ни го оставија – да ги чуваме слободата и самобитноста, нека ни биде постојана заповед и порака!


Нека им е вечен споменот на сите коишто се бореа и паднаа за слободата и за независноста на Македонија!


Дај Боже, да постои и да опстои слободна Македонија и сè што е македонско! Амин!
Честит Илинден!



† СТЕФАН
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ


заедно со членовите на Светиот архијерејски синод
на Македонската Православна Црква
– Охридска Архиепископија


† ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски и
администратор Австралиско-новозеландски
† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско-кичевски и
администратор Австралиско-сиднејски
† НАУМ, Митрополит Струмички
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски
† ПИМЕН, Митрополит Европски
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско-гостиварски
† ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско-осоговски

Илинден, 2020-то лето Господово



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная