Духовден- Божествена Литургија во манастирот на св.Никола, с.Љубанци(08.06.2020)
Со слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите се запечатило спасението на човечкиот род од Богочовекот Исус Христос. Воедно, со слегувањето на Светиот Дух започнала и апостолската проповед, започнал светотаинскиот живот во Црквата. Затоа светата Педесетница се смета и како роденден на Црквата Христова. На овој ден таа ги примила благодатните дарови на Светиот Дух, коишто ја сочинуваат нејзината таинствена суштина.


„Вака вели Господ: Ќе ве земам од кај народите, ќе ве соберам од сите страни и ќе ве доведам во вашата земја. Ќе ве поросам со чиста вода и вие ќе се очистите од сите ваши осквернувања, и од сите ваши идоли ќе ве очистам. Ќе ви дадам ново срце, и нов дух ќе ви дадам; ќе го земам од вашето тело каменото срце и ќе ви дадам срце од месо. Ќе го внесам во вас Мојот дух и...
Кога Црквата си спомнува за починатите со вера во воскресение, Во параклисот посветен на Пречистанските Преподобномаченици оваа Свештена обител изврши молитвено сеќавање на сите пораноупокоени и одслужи Заупокоена Литургија на која заедничаревме евхаристиски со живите во Христа 
На празникот на Одд. на Вознесение; Св. Михаил Синадски; преп. Ефросинија Полоцка, во Соборниот храм на св.Климент Охридскиво Скопје, во отсуство на верниот православен народ, кој денес е во карантин поради вирусод Ковид 19, презвитер Горан Стојчевски отслужи Божествена Литургија.
Световните луѓе кои телесно ги хранат богати јадења, а душевно пофални зборови, остануваат гладни и празни духовно. И престолот и власта кон кои се стремат ќе останат во овој суетен свет и тие ќе бидат само со своите соништа кои уште повеќе ќе ги измачуваат во другиот живот,
Дeка пoрoкoт e нeштo грeшнo и срамнo глeдамe и пo тoа штo тoј сeкoгаш сe скрива и дeка сeкoгаш и пoстoјанo гo зeма на сeбe oбразoт на дoбрoдeтeл. Св. Јoван Златoуст дoбрo вeли:
Природно, непријателот не мирува и секогаш напаѓа на разни начини. Сепак, можеме и него да го употребиме, на тој начин што ќе го направиме работник без плата, за да ни помогне во непрестајната молитва. На пример, кога ќе ни донесе лоши или хулни помисли, ја почнуваме молитвата и му велиме на тракатанецот: “Добро што ме боцна, бидејќи Го заборавив мојот Христос”.
29. Бидејќи знам дека по моето заминување ќе се втурнат помеѓу вас лути волци, кои нема да го штедат стадото;
Во рамки на истражениот простор се наиде на архитектонски остатоци од постари градби од коишто може да се дефинира постара градба од сакрален објект – црква, како и придружни простории источно од овој објект. Според сегашните сознанија, постарата фаза од црквата била
Искушенијата што ги допушта Бог се соодветни на нашата издржливост. Но за жал, многу често кон нив се додаваат зајадливите шеги и безрасудните зборови на немилосрдните луѓе, така што тогаш веќе гориме. Силниот ветар вообичаено ги крши тенките дрвја и ги откорнува оние без длабоки корени, а на длабококорените им помага уште повеќе да ги продлабочат.
Невозможно е да не се тагува, таква ни е душата; но со мера. Што е поважно за човекот: телото или душата? Душата. Кога душата е жива и човекот е жив. А кога тој умира, што умира: душата или телото? Телото, а душата останува жива. Значи, умрените се живи; живи се и вашите родители. Тие само се одвоиле од вас и живеат на друго место. Таму ќе отидете и вие кога ќе ви дојде времето – и ќе се видите.
На 28.05.2020 на празникот Возне.сение на Господ Исус Христос-Спасовден ,надлежниот митроплит Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение на митрополитот Европски г.Пимен богослужеа света литургија во храмот Пресвета Богородица -Гостивар.На литургијата верниот народ се причести со светите тајни.Своја беседа изрече митрополитот г.Јосиф.
А кoга дoшoл Гoспoдарoт на Зeмјата, тoј гo кoрнeл злoтo oд кoрeнoт. Навухoдoнoсoр, слугата, ги изгoрeл храмoвитe и ги искршил идoлитe, нo храмoвитe пoвтoрнo сe oбнoвeни и сe направeни нoви идoли, бидeјќи нe билe истргнати oд чoвeчкитe души. А кoга дoшoл Гoспoдарoт и сe зацарил вo душитe на Eгипќанитe, храмoвитe и идoлитe засeкoгаш падналe.
Кога бараме да се оправдаме во овој живот и го избегнуваме прекорот, тоа покажува дека уште световното размислување е живо во нас и тагата што се јавува во нас воопшто не содржи покајание, туку човекоугодништво, така што ја труе душата и телото со горчината што од неа прокапува. Кој плаче усрдно затоа што Го повредил Христа со своите гревови, веднаш добива Божествена утеха, согласно големината на својата тага.
Вo Сарацeнскиoт табoр гo прашалe св. Кирила: “Какo христијанитe мoжат да вoјуваат и пак да ја oдржат Христoвата запoвeд за мoлeњe на Бoга за нивнитe нeпријатeли?” Свeти Кирил oдгoврил: “Акo вo eдeн закoн сe запишани двe запoвeди и им сe дадeни на луѓeтo за извршувањe, кoј чoвeк ќe бидe пoдoбар извршитeл на закoнoт: oнoј кoјштo ќe испoлни eдна запoвeд или oнoј кoјштo ќe ги испoлни двeтe запoвeди?”
На 24.05.2020 на празникот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј во соборниот храм на Тетово посветен во нивни спомен,надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф со свештенсвото од Тетовското намесништво богослужеше света Литургија. По Литургијата беа благословени кумските лебови.На крајот од Литургијата Митрополитот г. Јосиф пред верниот народ се обрати со пригодна беседа .
На 24.05.2020 година, на празникот на сесловенските учители и просветители, светите Кирил и Методиј, Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Златоустова Литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. По светата архиерејска Литургија беше отслужен свечен молебен.
"Најголем горделивец не е оној што гордо се фали, туку оној што се фали дека е многу смирен. Кој се оправдува самиот себеси кога ќе згреши го претвора своето срце во демонско прибежиште, а ќе продолжи да греши и понатаму и ќе биде скршен бескорисно од своето себељубие, ако не успее да го скрши своето “јас”. Оној што ги оправдува своите страсти полека паѓа тешко болен и тогаш бива издаден од својата кашлица."























