Скопје,13.06.2020 год.- Соборен храм на св. Климент Охридски
На 13.06.2020 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви се прослави споменот на :
- Светиот апостол Ерма
- Светиот маченик Ермиј
- Светиот маченик Философ
На 13ти јуни 2020 година, во неделата на Педесетница, кога МПЦ-ОА молитвено го прослави споменот на Светиот апостол Ерма,Светиот маченик Ермиј,Светиот маченик Философ, во Соборниот храм на св.Климент Охридски во Скопје, свештеникот Зоран Копчаревски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Послушникот бива смртно повреден кога нема смирено и искрено да му се открие себеси на Старецот. Како што болниот не може да се исцели ако не му покаже на лекарот каква му е раната или болеста, зошто продолжуваат болките или температурата... така и послушникот, кога нема да му ги покаже своите душевни рани на својот духовен лекар - не се исцелува. Тоа што го спречува да покаже од што боледува е неговиот егоизам. Според тоа, чеда мои, да го фрлиме под нозете тој змеј и да го погубиме со мечот на светата исповед и со земање духовни лекови од духовниот лекар, Старецот, кој нам ни ги дава заради нашето исцелување.
Преминпортал (к.т.)
Друго:
Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (25.04.2020)
Божествена Литургија во храмот Соборен храм, Скопје (12.04.2020)
Втор Акатист кон Пресвета Богородица, Соборен храм Скопје (13.03.2020)
Акатист кон преп. Јоаникиј Ракотински, Соборен храм, Скопје (02.04.2019)
Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (12.11.2017)
Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (18.06.2017)