Скопје,12 ти јуни 2020 год.-храм на Рождество на Пресвета Богородица
На 12.06.2020 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви се прослави споменот на :
Преп. Исакиј Исповедник;
св. Макрина
На 12.06.2020 година, неделата на Педесетница, кога МПЦ-ОА молитвено го прослави споменот на Преп. Исакиј Исповедник; св. Макрина, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, протоереј Драги Јанковски во сослужение на ѓаконот Благоја Ристевски , отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.По Литургијата, и во оваа седмица се направи мал петочет водосвет, а молитви кон Бог и благослов за верниот нарот упати ереј Спасе Таковски.
Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Добро е колку што можеш да ги одбегнуваш тие собирања, како и љубопитноста, бидејќи така ќе собираш талог од помисли, а потоа многу ќе се замориш за да ги изгониш. Секогаш да носиме добри мисли и да не примаме лукави телеграми, ако сакаме да се очисти нашето срце и лукавите механизми на нашата фабрика (срцето) да се претворат во добри механизми. Тогаш, од златото ќе прави свети путири, а од скршените камбани - полиелеи, а пак од старите, фрлени хартии - ќе прави чисти салфети. Кога, пак, срцето е лукаво - и доброто злато ќе го смета за бронза и од него ќе направи куршуми или топови. Затоа, срцето ќе треба да се очисти, со тоа што во него ќе внесуваме само добри помисли за сите, и со тоа што нема да примаме телеграми од лукавиот, затоа што од срцето излегуваат сите зла, (Мт. 15, 19) и повторно од вишокот на срцето зборува устата (Мт. 12, 34).
Преминпортал (к.т.)
Друго:
- Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (29.11.2019)
- Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (06.05.2017)