с.Љубанци, 8ми јуни 2020 год.-манастир на св.Никола
Владимир Лоски
Светиот Дух се јави во вид на „огнени јазици“, одвоени едни од други кои застанаа врз секого од присутните, врз секој член на Телото Христово... Светиот Дух им се дава на личностите, одбележувајќи го секој член на Црквата со печат на личен и единствен однос со Света Троица, при што Он станува присутен во секоја личност. Како? Тоа останува тајна – тајната на кенозисот на Светиот Дух, Кој доаѓа во светот...
Кога дојде денот Педесетница, сите апостоли беа заедно и на исто место. Тогаш ненадејно се создаде шум од небото, како силен ветар кога дува, и ја исполни целата куќа, каде што седеа. И им се јавија јазици како од пламен, кои се разделуваа и се спуштија по еден над секого од нив посебно. И сите се исполнија со Дух Свети, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот Свети да изговараат.
(Дела 2,1-4).
„Со слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите се запечатило спасението на човечкиот род од Богочовекот Исус Христос. Воедно, со слегувањето на Светиот Дух започнала и апостолската проповед, започнал светотаинскиот живот во Црквата. Затоа светата Педесетница се смета и како роденден на Црквата Христова. На овој ден таа ги примила благодатните дарови на Светиот Дух, коишто ја сочинуваат нејзината таинствена суштина. Црквата не би можела да живее без Духот Свети. А ние, нејзините членови, за да го стекнеме Духот, треба да го живееме светотаинскиот живот на Црквата, а Црквата да го повикува Светиот Дух. Затоа и секоја богослужба започнува со призивот кон Светиот Дух:„Цару небесен, Утешителу, Духу на Вистината, Кој си насекаде, и сѐ исполнуваш, дојди и всели се во нас…“
На 8ми јуни 2020 година,во Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија-Јустинијана Прима молитвено го прослави споменот на Ден на Светиот Дух-Духовден, во манастирот на св.Никола во скопското село Љубанци, презвитер Горан Стојчевски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал (к.т.)
8ми јуни 2020 лето Господово
Друго:
Пред неколку години беа доделени средста за изградба на манастирскиот конак, но уште е во почетна фаза неговата реконструкција.
Се надеваме дека овој значаен манастир наскоро ќе го обнови својот поранешен архитектонски лик.
Друго:
- Божествена Литургија во манастирот на св.Никола (22.05.2018)
- Заупокоена Литургија во манастирот св.Никола, с.Љубанци (07.09.2019)
- Божествена Литургија во манастирот св.Никола, с.Љубанци (04.08.2019)
- Божествена Литургија во манастирот на св.Никола (22.05.2018)
- Литургија на Претходноосветени дарови, манастир на св. Никола, с.Љубанци (07.03.2018)
- На денот на св. Никола, Божествена Литургија во манастирот св. Никола, с. Љубанци (22,05.2013)
- Божествена Литургија во манастирот на св.Никола, с.Љубанци(02.05.2020)
Преминпортал (к.т.)