с.Љубанци,07-ми март 2018 г.- Во манастир на св. Никола на празникот на св. мч-ци во Евгенија и св. Папиј Ераполски, свештеникот Аговски Звонко отслужи Литургија на Претходноосветени дарови.
Паримија на денот: Книга Мудри Соломонови изреки 9:12-18
12. Синко! Ако си мудар, мудар си за себеси и за ближните свои; и ако си лош, самиот ќе страдаш. Кој се крепи на лага, тој пасе ветрови, потскокнува зад птиците што фрчат: зашто тој го оставил патот кон своето лозје и талка по патеките на нивата своја; минува преку безводна пустиња и земја, осудена да жеднее со рацете свои собира бесплодност.
13. Жена без расудување е зборлива, безумна и ништо не разбира,
14. седнува пред куќната врата на стол, по високите места на градот,
15. за да им вели на минувачите, што си одат право по патот:
16. „Кој е глупав, нека наврати тука”, а на малоумните им вели:
17. „Крадена вода е слатка, и сокриен леб е – пријатен.”
18. И тој не знае дека поканетите од неа родени на земајта умираат, и дека се во дното на пеколот. Но ти оттргни се, не задржувај се на тоа место, не запирај го погледот свој на неа; зашто само така ќе минеш преку туѓа река. Бегај од туѓа вода и не пиј од туѓ извор, за да поживееш многу време и да ти се додадат години на животот.
Преминпортал (к.т.)
7-ми март 2018 лето Господово
Друго: