логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.angeli.so.truba

(Обновено)

Соопштение (21.05.2020 )

 

 Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА),  одлучи да биде избран  нов архиереј на Кумановско- осоговската епархија,(на предлог на досегашниот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф), со титула Сарандопорски,  игуменот на Осоговскиот манастир „Св. Јоаким Осоговски“  архимандритот г. Григориј.



Наречението на новоизбраниот Епископ Сарандопорски ќе се изврши на 25 јули, во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, а хиротонијата  и востоличувањето ќе се изврши на 26 јули 2020 година, на Собор на св. архангел Гаврил, во Соборниот храм „Св. Николај Чудотворец“ во Куманово.

 

 

3.angeli.so.truba

Б   И   О   Г   Р   А   Ф   И    Ј   А

Архимандрит д-р Григориј (Настески)


    Архимандрит д-р Григориј (Настески) роден е на 16 Јануари 1978 година во Прилеп. Основното и средното образование го завршил во родниот град.

    Дипломирал на Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Битола на „Факултетот за Индустриски менаџмент” во 2001 година и истата година се запишал на постдипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” на „Институтот за политичко–правни истражувања” во Скопје, каде и магистрирал во 2003 година.

    Истата 2003 година пријавил докторат каде и докторирал на менаџмент во 2006 година.

    Богословското образование го започнал на „Богословскиот факултет”, на Универзитетот „Св. Климент Охридски” ‒ во Софија, Р. Бугарија во 2004 година, на катедрата за систематско богословие.

    По завршувањето на постдипломските студии, пријавил втор докторат во 2008 година, а докторирал во 2012 година со одбраната на темата: „Христолошки и сотириолошки аспекти во евхаристиската реинтеграција на личноста”.

    Монашкиот подвиг го започнал во Струмичката епархија на Македонската православна црква во 2003 година, кога ставил метанија за искушеник во манастирот на свети Леонтиј во Водоча. Во истиот манастир произведен е за ипоѓакон во 2004 година, каде што ѝ е замонашен на 27 Ноември 2005 година. Во јероѓаконски чин е ракоположен на 14 Јануари 2006 година. На 10 Февруари 2006 година, ракоположен е за јеромонах. На 7 август 2015 година е произведен за Игумен на манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. Во 2016 година САС на МПЦ го избира за Архимандрит.

    Автор е на делото "Автокефалноста на Македонската православна црква" и на книгата "Благобитие" – Христолошко устројство на човечката личност“, која всушност е и неговиот втор докторат од областа на теологијата.

 

 3.angeli.so.truba

 Поговор

За да станеш православен, треба да се впуштиш длабоко во основите на Православието, да заживееш православно, затоа што нема друг пат, освен патот на сопствениот опит. Со помош на книги, без каков и да е достигнат степен на духовен живот, може да се стане што било, но православен – не.

Животот е бескрајно усовршување во добродетелта, израснување, уподобување, до мерата и растот на полнотата на Христос. Но, дали создавањето е нешто друго, освен раѓање на духовни чеда, преобразување луѓе, откривање на дадениот образ Божји, развивање на подобие Божјо, кај духовно родените. Впрочем, затоа е создадена оваа книга. Поради тоа, се надеваме дека на духовно родените, ќе им послужи да ја зајакнат ревноста.

Оваа, би рекле повеќе теориска конструкција, ја оствари начелната цел. Велиме теориска, бидејќи го немаме дерзновението да тврдиме дека е опитна. Таа произлегува од докторската дисертација под наслов: „Христолошки и сотириолошки аспекти на евхаристиска реинтеграција на личноста”*). Предметот на интересирање продолживме да го изучуваме и по одбраната, а ќе продолжиме и откако ќе биде издадена книгата. Спознавме многу нови факти и се соочивме со многу нови насобрани белешки и дополнително истраживме многу нови влијателни автори.

Ако се задржиме на подробностите во книгата, вака структурираната содржина преставува испреплетена мрежа на различни патишта, коишто оригинално во дисертацијата ги нарековме аспекти, а кои водат кон еден центар и според нашето мислење, аскетско‒исихастичкиот опит е тој што треба да го открие и да го определи овој центар. Согледувањата на проблематиката што ја зададовме во книгата не претендира на една завршена целина, ниту нашата амбиција беше да понудиме целосен синтетички преглед. Оттука, книгата се појавува меѓу публиката без претензии за јавна апотеоза или без лажни илузии дека претставува некакво совршено устројство. Ова дело нема да остане единствено истражување со кое би завршило нашето интересирање. Напротив, ќе се обидеме да навлеземе во други квалитативни дискурси.

Но, иницијалната определба и копнеж, дека ќе создадеме автокреативно дело, дека ќе устроиме нешто автентично, дека ќе пишуваме само со свои зборови, со текот на времето нè внесоа во длабока мисловност. Од почетната решителност да не посочуваме многу цитати, тие сè повеќе и повеќе се прошируваа. Поради тоа за поголема методолошка практичност ги произнесовме само цитатите на светите Отци. Сфативме дека нашите мисли се занемарливи, затоа целосно се препуштивме на Светоотечката мисла. Можеби тоа е единствениот правилен пат, патот на светоотечкото Предание, поплочен од личности, коишто се стекнале со опит на обожение, минувајќи низ очистување и просветлување.

Говорејќи за нашето интересирање за предметот на христологијата, како и за личноста застаната како учесник, сред Црквата, во полнотата на Божествениот живот, не сакаме ни оддалеку да навестиме дека сме го исцрпиле целокупниот библиографски квантум. Приближно таков се покажа кругот на проблематиката во книгата: кој спасува (= тријадологијата, во најситините аспекти на христологијата), од што спасува (= учењето за гревот), што е самото спасение (= сотириологијата), како учествува во своето спасение оној што се спасува (= аскетизам, минувајќи низ степените до обожение). Ја согледавме тенденцијата предметот на истражување да не отиде во непотребна сложеност и длабока, на некои места монашка субјективност. Тоа може да се разбере. Сложеноста и субјективноста се заштита од критика, дека авторот ја промашил суштината. На некои места, се направени длабоки согледувања. Некои прашања се оставени на страна, дел поради недостиг на светоотечки опит, а дел поради ненамерно повторување аргументи.

Да се обидеш со зборови да ја искажеш христологијата, значи, да увидиш дека таа си има и своја неискажливост, од позиција на духовниот опит, којшто во моментот го поседуваме.

Се надеваме дека читателите, откако ќе ги прочитат овие страници, ќе увидат дека проблематиката го отвора едно од најсложените прашања во православната теологија. A posteriori, лично би предложиле книгата да подлежи на симплификација и во иднина би ја свеле на примерот на стуктурираноста во делата на свети Максим Исповедник и неговата мисловна стратификација ќе остане за нас вистински предизвик.

Општиот концепт на овој труд постепено се менуваше, особено кога го закитивме со мисли од личности, коишто се носители на боговидението.

3.angeli.so.truba

(779 ст.тврд повез)

Оваа книга нуди предизвици, уште при првото издание, да ѝ се зададат повеќе продолженија, токму заради прецизирањето на поимот личност и нејзино одвојување од грубиот синоним со индивидуа. Поимот на личноста треба да се одбрани од философијата, антропологијата, психологијата, како и од други помалку тангирачки науки. Општото и многузачестено човечко психичко растројство нè наведува на ваквото размислување. Целта за прецизирање на поимот личност е поставена и нема да престанеме да ја застапуваме нејзината богообврзна онтологија. Личноста се стекнува со подвиг на очистување од гревовите и сумираниот напор на кеноза. Таа во текот на животот на еден човек има единстевна цел „за смелост пред Тебе (Господи)”. Тоа се стекнува во еден процес на деконструирање на сосредоточеноста од практиката на секојдневното живеење и опфаќа пресврт во стилот на живот, дискурсот, комуникацијата и така натаму, до степен на потребно очистување и преобразување на страстите и до создавање на потребни предуслови за даровите на Божјата благодат. Само личноста што пројавува растеж во непрестајно уподобување на Првообразот, станува онтолошки дистинктивна од индивидуа и само тогаш е вистински достоинствена и активна во светот. Таквата дистинктивност дозволува да се определува одвнатре, и да се спротиставува на секоја детерминација однадвор. Недетерминираноста ја прави онтолошки ослободена од индивидумот, кој е поврзан со материјалноста, а станува категорија на личност, во која сѐ е преобразено. На патот на сопствената реализација во Бога, таа би била совршено способна за пристап до Божјите енергии.

Изработката на оваа книга немаше намера да понуди некаква форма на завршена синтеза и не беа поставени проекции дека таа ќе постигне сѐ, но и не може да ги апсолвира сите размислувања за христологијата и особено за сотириологијата. Исто така, и нашите размислувања за ова прашање сè уште не се исцрпени. Овој труд отвора ново поле за работа. Единствено во што сме сосема сигурни е, дека и други треба да го интензивираат размислувањето на оваа тема, којашто е од исклучително значење за Православието.

Книгата нема загатки. Таа има само една порака. Од сè претходно напишано, бидејќи предговорот е напишан последен, едно е јасно, дека обожението на човекот е можно. Исто така, јасно е дека можеме тоа да го направиме, но мораме тоа да го направиме што поскоро, затоа што часовникот отчукува, а времето не ни оди во полза.


* Непосредно по заминувањето во манастир, во 2004 година ги отпочнавме постдиполмските студии по теологија на Софискиот универзитет, на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски”, бидејќи претходно немавме никакво богословско образование. Во 2012 година ја одбранивме докторската дисертација. Нималку не отстапуваме од учењето на свети Григориј Палама дека монасите првенствено треба да го засакаат молитвеното тихување, а не световната мудрост, односно не треба да продолжат со изучување на философијата или какво било продолжување на друго световно образование (A. I.i.1, I.i.20, 21, 22, 30, 33, 35, 36). Уподобувањето на Бога претставува стекнување совршенство (A. I.i.40). Односно, Светителот на Светлината бара монасите исихасти да ја презрат „мудроста”, која почива врз зборови и на променливи и излишни противречности. Монаштвото е компресија на сè што човекот стекнал, самиот, без духовно раководство, во светот. Експанзија во светот, па компресија во манастирот. Бегство од светот за богопознание. Од друга страна, ако монахот е претходно високообразован, со влегувањето во општожителен манастир, неговиот „титулар”, веднаш станува неликвидна хартија „закачена на ѕид во рамка” или подобро ‒ треба да остане потиснат „мемориски синдром”. Така беше со нас. Но, ете, и по вторпат, тргнавме кон „знаење”, овој пат по послушание на Епископот, односно заради „повикот” на Црквата. Титуларот се материјализира во плод на знаење, но свети Григориј Палама вели: „Знаењето доаѓа од Светлината”. Се надеваме, а Бог знае ‒ колку или онолку колку што е во слава Божја, дека оваа книга е плод на Божјата светлина, отколку на знаењето.

 На многаја лета!

Христос Воскресе!

 3.angeli.so.truba

 

3.angeli.so.truba

 Преминпортал (В.Ј/ К.Т.)

 

Друго:

https://blagobitie.blogspot.com/

3.angeli.so.truba

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная