Чествување на патронатот на МПБ „Св. Климент Охридски“ (06.12.2022)
На 6.12.2022 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, присуствуваше на Вечерната богослужба со која, по 55-ти пат, започна прославата на патрониот празник на Македонската православна богословија, „Свети Климент Охридски“






Во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча, беше отслужена Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на надлежниот Митрополит Струмички г. Наум и неговиот викарен Епископ г. Јаков Стобиски. Верниот народ се поклони на моштите на свети Григориј Палама и на свети Кирил Лешочки.
Денес, Викарниот епископ Стобиски г. Јаков на покана на Митрополитот Европски г. Пимен ја посети црковната општина на МПЦ-ОА во Пјаченца – Р. Италија каде што се поклонија на светите мошти на многубројни ранохристијански маченици и на Светата честица од Чесниот Крст кои што се чуваат во храмот на Св. апостол Вартоломеј и Св. Прохор Пчински. 





На 8.11.2022 година, кога Црквата го празнува споменот на св. вмч. Димитриј Солунски – Митровден, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше и проповедаше на Светата божествена Литургија во манастирот „Св. вмч. Димитриј Солунски“ – Марков манастир. Во ипоѓакон беше ракопроизведен чтецот Стево Миланов.























