На 8.12.2022 година, денот во кој Црквата го прославува празникот на заштитникот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, свети Климент Охридски, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан чиноначалствуваше на Божествена литургија во Соборниот храм ,,Свети Климент Охридски” во Скопје.
На Архиепископот му сослужуваа: Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски Григориј, поранешниот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф и Епископот Хераклејски г. Климент, којшто и произнесе беседа. Бројниот светиклиментов верен народ се причести со светите Христови дарови.
http://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/sv-kliment-soboren-2022/