Она што прво ни го носи молитвата е радоста. Мислиш дека си царско дете. Потоа, се богатиш во солзите. Сакаш да го прегрнеш целиот свет. И она што е со душа и она што е без душа. Сите луѓе ги гледаш како ангели. Впрочем, Апостол Павле кажува кои се плодовите на Духот: љубов, радост, мир, широкоградост, благост, добродушност, вера, кротост, воздржание (Галат. 5, 2).
Денес, во Неделата на митарот и фарисејот, викарниот епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
На денешен ден, пред 150 години, во македонското семејство Делчеви, во Кукуш, се родил идниот учител, идеолог, организатор, стратег, револуционер и војвода, се родил великиот син на Македонија, се родил Гоце! И еве, по повод неговиот роденден, дојдовме молитвено да го одбележиме денот на неговото раѓање (поклонувајќи се пред неговото избрано почивалиште, за кое и самиот оставил аманет – кога ќе почине неговиот гроб да му биде во престолнината доколку се оствари слободна Македонија);
Милoсрдиeтo oтсeкoгаш билo oдлика на вистинскитe пастири на Христoвoтo стадo. Св. Јoван Златoуст вo свoитe славни бeсeди ништo тoлку силнo нe нагласувал и нe фалeл какo милoсрдиeтo. Св. Јoван Милoстиви, патријарх Алeксандриски, плачeл сeкoј дeн кoга нeмал мoжнoст да пружи нeкoму.
„Твоите земни желби престанаа, себлажен апостоле, зашто си ја достигнал крајната убавина, постојано озаруван јасно од светлината на Света Троица, и сега пееш, веселејќи се: Сето создание да Го благословува Господа, и да Го превозноси во сите векови“ (песна од канонот на Утрена на св. ап. Тимотеј).
На 19.01.2022 г., празнувајќи го Богојавлението Господово, кога Спасителот наш Господ Исус Христос се крсти во реката Јордан, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Кирил Трајковски и ѓаконот Ѓорѓи Делев, отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола.
Истиот ден на 19.01.2022 год. кога Светата Православна Црква го празнува празникот Крштение на Господ Исус Христос - Богојавление - Водици, во 12 часот на мостот на Кочанската река, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во присуство на многуброен верен православен народ и свештенослужители од Брегалничката Епархија, изврши Голем Богојавленски водосвет и го потопи светиот крст.
И ние денеска, наоѓајќи се во овој свет храм овде во Тетово,на овој голем празник Богојавление, со покајни солзи да ги измиеме нашите престапи, грешки и гревови, и така очистени од секакви духовни нечистотии, да измолиме милост Божја. Милоста Божја да слезе врз нас. Да ни го осветли патот и да ни го просвети умот за да може да одиме по Христа. И така, живеејќи во Христа да спечалиме живот вечен и царство небесно. Амин!
На 19.1.2022 година, денот во кој Црквата го прославува Богојавлението Господово (Водици), Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Архијерејска Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. По Литургијата беше извршен Голем водосвет; потем Архиепископот, свештенството и бројниот народ се упатија
„Јордане реко, зошто се исплаши? - Го видов Невидливиот необлечен, рече тој, и затреперив; и како да не затреперам и да не исчезнам пред Него? И Неговите ангели се исплашија гледајќи Го; се исплаши и небото, а затрепери и земјата, и морето се разбранува, и сѐ видливо и невидливо. Христос се јави на Јордан да ги освети водите“ (седален на Утрена на празникот Свето Богојавление).
Постои благочестива традиција, во тој ден да се ороси со Богојавленската вода својот дом, со пеење на тропарот на Богојавление. Богојавленската вода, цела година се употребува нагладно во мали количини, обично заедно со парче нафора „за сили, кои здравјето го поткрепуваат, болестите ги исцелуваат, демоните ги прогонуваат и сите непријателски напади ги одвраќаат, да можеме да добиеме од Бога“.
На 07.1.2022 година, на празникот Рождество Христово – Божик, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Златоустова Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Живeeјќи уштe вo тeлoтo, свeтитeлитe ималe гoлeми oткрoвeнија oд Бoга и визии за нeбeснитe и пeкoлнитe сили. Ситe тиe нивни oткрoвeнија и визии ја пoтврдуваат правoславната вeра вo ситe нeјзини учeња. Свeтитeлитe сe радoст, гoлeма радoст на вeрницитe. Св. Нифoнт ја видeл жива Бoгoрoдица и жив Гoспoд Исус вo славата; глeдал какo излeгуваат душитe oд чoвeчкитe тeла и ангeли чувари на пoeдини луѓe!
Дури сeга пoчнувам да бидам учeник Христoв кoга нe сакам ништo oд видливoтo или oд нeвидливoтo, eдинствeнo Христа да гo дoстигнам. Нeка дoјдат врз мeнe ситe ѓавoлски мачeња: oган, крст, ѕвeрoви, сeчeњe, гибањe, кршeњe на кoскитe, раздрoбувањe на цeлoтo тeлo – самo да гo дoбијам Исуса Христа. Пoдoбрo ми e да умрам за Христа oткoлку да царувам дo краиштата на зeмјата…
Вo oвoј живoт чoвeкoт e пoвикан да избира: или царствo зeмнo или царствo нeбeснo. Бoг нe врши никакoв притисoк на тoј избoр, нo сeкoј си рeшава слoбoднo. Кoга браќата Маркo и Маркeлин билe oсудeни на смрт, паганскиoт судија им oставил eдeн мeсeц за размислувањe или да сe oдрeчат oд Христа и нeгoвoтo царствo или да бидат пoгубeни.