Литургија во храмот „Свети Три Јерарси“ во н. Аеродром
На 12.2.2023 година, во денот посветен на Светите Три Јерарси и големи учители св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше и проповедаше на Светата Златоустова Литургија во храмот „Свети три Ерарси“ во н. Аеродром.
На Светата Литургија во протојерејски чин беше произведен јерејот Николај Киранџиќ.
Извор:
http://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/sveti-tri-erarsi-2023/