логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

vodici2023 3

vodici2023 4

vodici2023 9

vodici2023 14

vodici2023 16

На 20.01.2023 година, денот по светото Богојавление кога го празнуваме празникот Собор на свети Јован Крстител, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештеникот Горан Ставрески и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.

vodici2023 17

 vodici2023 18 

 vodici2023 21 

vodici2023 22

Откако заврши Литургијата, според одамна востановениот обичај, свечената Литија, предводена од Митрополитот Тимотеј, се упати кон водите на Охридското Езеро, кои беа осветени, а во нив се положи и светиот Крст, а оваа година Бог благоволи светиот Крст да дојде во рацете на Васко Довлев од Охрид. Овогодинешниот Богојавлеснки празник беше збогатен и со присуството на Претседателот на Владата на РСМ, г-дин Димитар Ковачевски, Министерот за внатрешни работи на РСМ, г-дин Оливер Спасовски, Градоначалникот на општина Охрид, г-дин Кирил Пецаков, како и на други видни гости. По завршувањето на церемонијата во Охрид, Митрополитот Тимотеј ги освети и водите на реката Црн Дрим во Струга и го положи Крстот, а истиот дојде во рацете на Јован Рафтоски од Струга. Во Струга присутна беше Министерката за одбрана на РСМ, г-ѓа Славјанка Петровска, Градоначалникот на општина Струга, г-дин Рамиз Мерко, а присутни беа и свештеници од Албанската православна црква. На нашите верни чеда кои оваа година добија благослов од Бога да го фатат светиот Крст, им посакуваме успешна година, многу здравје и љубов од Бога, и за нив и за нивните семејства. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата од Митрополитот Тимотеј.



 vodici2023 12

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Драги браќа и сестри,

Денеска прославуваме еден од големите Господови празници, поточно, Крштевањето на нашиот Спасител во реката Јордан. Денеска ги осветуваме водните пространства и влегуваме во благодатната стихија. По што се разликува светот по Христа од тоа што бил пред Него? И во тој свет имало праведници и грешници. Стариот завет ни дава една слика на светост, и една слика на гревовни престапувања. И во тоа време имало духовни пориви, имало искачувања, а уште повеќе паѓања, како што се случува и денеска во човечкиот живот.

Од гледна точка на човекот, во учеството во делото на спасението преку напредувањето во умствените, морални, па дури и физички сили, што се потребни за да се здобие Божјото благоволение, се нема изменето ништо. И тогаш и сега е потребно да се напредува, и со умствените и духовни сили, и со силата на волјата, за да се следи Божјиот закон. Но, има нешто што го карактеризира подвигот во тој живот до доаѓањето на Христа, и покрај тоа што, како последица на гревот, ништо помалку и денес е потребен истиот тој подвиг. Но, најголемата разлика ја прави Синот Божји, преку Неговото воплотување, преку Неговото страдање и смрт, Воскресение и Вознесение, зашто Бог толку го возљубил светот што го дал за светот – Својот Син, Синот Човечки. Како одговор на тој подвиг на луѓето кои Го примиле Христа и кои поверувале во Него како во Спасител, им ја дал Својата Божествена благодат.

И ние денеска сме едни од оние кои се наоѓаме пред искушенија, соблазни, лаги, тешкотии, како што биле луѓето во древноста. Но, со нас е Бог, и ако ние сакаме тогаш Бог влегува во нашиот живот со Неговата благодат и со Неговата сила и енергија. Тогаш Он ни ја дава нам, слабите, искушувани и грешни луѓе Неговата сила и благодат, и ни дава можност да го победиме гревот.

Како видлив пример на присуството на Божествената благодат во животот на луѓето се јавува Црквата и нејзиното дело кое се извршува преку светите Таинства. Таинствата на Црквата ги вклучуваат сите луѓе, независно каде и да се наоѓаат луѓето, а сѐ се завршува со и во Христа. Во Црквата, со силата на Светиот Дух, ние постануваме соучесници и во Рождеството, и во животот, и во учењето, и во страдањето и смртта на Спасителот, дури и во Неговото Вознесение на небото. Ние постануваме соучесници во Неговото второ доаѓање и Страшниот Суд, затоа што преку силата на благодата Божја се разрушува секое време и секое пространство. И ние грешните луѓе постануваме соучесници на Божјото Царство на видлив начин, а благодатта Божја слегува врз нас луѓето.

Така и на денешен ден, таа Божја благодат се јавува на симболичен, но и вистински начин, затоа што таа дејствено слегува врз нас на видлив начин преку осветување на водите. Водата која не ги изменува своите физички и хемиски својства, се пронижува со благодатната Божја енергија и постанува вода исполнета со благодатта на Светиот Дух. Тоа е голема светиња и затоа е потребно да се однесуваме со големо внимание и уважување кон Богојавленската вода. За жал, се случува некаде, кога ќе почне да се зема осветената вода да има турканица, па и непристојни слики кои најмалку приличат на религиозни луѓе. Црквата нѐ повикува да не се однесуваме непристојно, бидејќи во тој случај се лишуваме од светоста. Оној кој го турка другиот за прв да земе, не прима благодат туку осуда.

Многу луѓе кои денеска доаѓаат во храмовите Божји, во текот на годината одат многу ретко или воопшто не се појавуваат. Пораката од Црквата кон сите, а посебно кон таквите е: постојте подолго во храмот, не брзајте, размислете за вашите животи, за вашите роднини и блиски, за вашите деца и внуци, за самите себе и принесете силна молитва на Господа. Па силата и благодатта да се пројават преку воплотениот Син Божји, да се разрушат нашите човечки неправди, а Он да ги изгори нашите човечки гревови.

Многу луѓе, особено нашата младина, на денешен ден има желба да се капат во осветените води, без разлика дали во езеро или во реките, но потребно е да се знае дека не се влегува во обична туку во осветена вода. Пред да се влезе, препорака од страна на Црквата е секој еден да се прекрсти три пати со крстното знамение во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Истовремено помолете се за себе и за вашите блиски, па Господ Кој денес ни се јавува да ја наклони Својата милост кон вас, да ги очисти вашите гревови и да ве зацврсти на достоинствениот пат кој води кон вечен живот. Амин.

vodici2023 23

vodici2023 24

 vodici2023 25

 vodici2023 26

 vodici2023 27

 vodici2023 29

Водици
Храм „Св. Богородица – Каменско"
19.01.2023г.

Повеќе:

 http://www.dke.org.mk/index.php/3523-2023-01-20-10-53-11

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная