Евангелие и поука за 12/08/2022
Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 21:12-14;21:17-20
12. И влезе Исус во храмот Божји и ги истера сите, што продаваа и купуваа во храмот, ги растури масите на менувачите и столовите на оние, што продаваа гулаби,
13. и им рече: „Напишано е: »Домот Мој, дом за молитва ќе се нарече«, а вие го направивте како разбојничка пештера.”
14. И дојдоа при Него во храмот слепи и хроми, и Он ги излекува.
17. И кога ги остави, отиде надвор од градот, во Витанија, каде што преноќева.
18. А утредента, враќајќи се во градот огладне;
19. и виде покрај патот смоква, отиде до неа; па како не најде на неа ништо освен лисја, рече: „Отсега да нема плод на тебе довека!” И смоквата веднаш се исуши.
20. Штом го видоа тоа, учениците се зачудија и рекоа: „Како веднаш се исуши смоквата!”
Апостол на денот: Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 14:26-40
26. Па што, браќа? Кога ќе се собирате, и секој од вас има - кој псалм, кој поука, кој јазик, кој откровение, кој толкување, - сe да се врши за поука.
27. Ако некои зборуваат на непознат јазик, нека зборуваат по двајца, или најмногу тројца, и тоа по ред, а еден да толкува.
28. Ако пак, нема толкувач, тогаш в црква да молчат, а нека си зборуваат во себеси и на Бога.
29. Пророците, пак, да зборуваат по двајца и тројца, а другите да расудуваат.
30. Но, ако некому што седи му дојде откровение, тогаш првиот нека замолчи.
31. И така, еден по друг можете сите да пророкувате, та сите да се поучувате и сите да се утешувате.
32. И пророчките духови им се покоруваат на пророците;
33. оти Бог не е Бог на безредие, туку на мирот. Така е по сите цркви меѓу светиите.
34. Жените ваши по црквите да молчат: ним не им е позволено да зборуваат, туку да се покоруваат, како што вели и Законот.
35. Ако, пак, сакаат да научат нешто, нека ги прашаат мажите свои дома; зашто срамно е жена в црква да зборува.
36. Зар од вас излезе словото Божјо? Или, пак, само до вас стигна?
37. Ако некој мисли дека е пророк или исполнет со дух, нека разбере дека ова што ви го пишувам се Господови заповеди.
38. А кој не разбира, нека не разбира.
39. И така, браќа, грижете се да пророкувате, но не забранувајте да се зборува и на разни јазици.
40. Сe да се врши како прилега и уредно.
Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Постојано да се молиме да имаме љубов едни за други...