САБОТА ОД ВТОРАТА НЕДЕЛА ОД ПОСТОТ
Боже, помогни ни да имаме Христолик дух и здив на љубов, ширум да се отворат дверите на Твојата Црква. Помогни ни со другите да дејствуваме во Твојата љубов, како едно семејство, едно тело, за како чеда Твои, да растеме во Духот на соборноста. Амин.


Ги приклонувам колената пред Тебе, како блудниот син во древноста, Господи и Владико, поитај ми во пресрет и прими ме, та прегрнувајќи ме, дарувај ми залог за Твоето Спасение. Наместо наемник, син Твој повторно направи ме, Спасителу човекољубив
Светот засегнат од депресијата е лишен од радост и љубов. Тој свет е осамен и отуѓен, озлобен, ги загубил своите ориентири, свет во кој исчезнала вертикалната димензија и човекот се развива само во хоризонтала на постоењето, во бескрајно пусто разнообразие. Тоа е светот на кој нема што да му кажеш. Свет лишен од
Проливајќи срдечни солзи, да запееме со зборовите на Блудницата, Тебе, Отче и Боже на сите, да Ти припаднеме говорејќи: Ти згрешивме, отстапувајќи од Тебе и се направивме робови на похотите, прими го нашето покајание. 
Господи, засили ја нашата надеж да ги положиме сите свои грижи на Тебе, знаејќи дека Ти нè љубиш и за нас се грижиш. Помогни ни да ги исповедаме гревовите во смирение и вера, за обновени да Ти се вратиме. Амин.
Духовните плодови на љубовта се јасни: мир и радост во душата. Тогаш сѐ ќе ви биде блиско и мило, и ќе пролевате многу солзи за ближните и за сите созданија. Често, за еден љубезен поздрав, човекот во душата чувствува некоја радосна промена.
Всушност, ние, клириците, а особено монасите, кои немаме потреба да се грижиме за семејство и деца, ги разбираме тие услови, во кои живеат брачните христијани. Луѓето се принудени многу да работат, долго да патуваат до работното место и до дома, а навечер дома исто така имаат многу обврски…
Боже, Кој во минатото си говорел на татковците наши, пророците и светите на Црквата Твоја, говори ни и нам преку Синот Твој, Исуса Христа. Отвори ги срцата наши, та преку твојата помош непрестајно да го слушаме словото и да ја твориме волјата Негова. Амин
Боже, со Својата голема милост и љубов погледни на нас, луѓето Твои,
Боже, биди милостив кон мене грешниот. Исцели ја мојата душа и помилуј ме.
Милостив Господи, единствен извору и источнику на чистотата, сочувај нè во Постот. Погледни на нас како припаѓаме ничкум пред Тебе: прими го воздигнувањето на рацете наши, Ти Кој на Дрвото Си ги раширил Своите раце и Си бил распнат заради сите земнородни, единствен Владико на силите ангелски.
И како што се вели во Светото Писмо: Не е добро за човекот да биде сам, да му создадеме другар. Себлагиот Бог, Кој го создал човекот за блаженство, ја создава Ева, најблискиот сожител на Адам во рајот.
Тој не убивал, но секојдневно крадел и грабал, се веселел со другите разбојници, но навечер редовно, како од навика, го читал акатистот. Поради овој негов мал подвиг Пресвета Богородица му го сочувала животот во многу опасни ситуации, а потоа и преку една средба со еден монах, му дала до знаење дека,























