Акатист на Преподобномаченица Параскева Римјанка
Кондак 13:
О, света и многустрадална преподобномаченице Параскево! Прими го милостиво ова наше молење, и моли ја Светата и секогаш поклонувана Троица да нé избави од вечните маки, и да нé удостои заедно со тебе Царството Небесно да го примиме, и вечно на Создателот наш да Му пееме: Алилуја, алилуја, алилуја!!!
(овој Кондак се чита трипати, потоа првиот Икос, па првиот Кондак)




Дарувај љубов и очекувај за возврат, во спротивно замини си!“ Пораснавме учејќи да ја поставуваме љубовта во шеми, да ја мериме во количини и многукратно во евра. Тоа не е љубов, тоа е паѓање. Срце што крвари. Заборавивме дека вистинската љубов се гледа во безмерните жртвени рани.
Ни се чини дека во бракот се венчаваат двајца. Но, не се двајца, туку тројца. Мажот ја зема жената, а жената мажот. Но двајцата Го земаат Христа. Според тоа, тројца учествуваат во Тајната и од тогаш низ животот, тие биваат и остануваат тројца. Зборот „тајна“, на латински е преведен како sacramentum, што значи заклетва. Значи, бракот е заклетва, соединување, поврзување. Тоа сега веќе е постојан однос, врска со Христа.
Немојте пасивно да гледате и да треперите од страв,
На избраниот подвижник на Панагуда и благомиризливиот мироточец, плод на Кападокија и буден застапник, да воспееме заедно. Подражавајќи го ангелското житие, на Троица Света И' благоугоди, затоа и повикуваме:
Да се биде христијанин, значи да се познава сопствената вера односно да се живее светото крштение, коренот на нашето воскресение и спасение преку кое сме ја примиле благодатта на Светиот Дух и сме станале членови на Црквата т.е. православни христијани. Но...
Секогаш кога слушам радио или земам весник в рака ме обзема ужас од ѕверското дивјаштво и суровоста на луѓето. Доста беше. Не ни доликува да бидеме песимисти. Ако не овде, на земјата, тогаш во идното Царство ќе ја видиме победата на вистината, и јас верувам дека таа победа е неизбежна.
Да се има Бог во душата не е доволно за да се стане христијанин, - дури и многу од оние кои мислат дека Бог е во нивната душа, всушност го немаат Бог во душата. Да го имаш Бог во душата - значи постојано да се сеќаваш на Него и постојано да го насочуваш целиот свој живот кон Него, постојано да се обраќаш кон Бога преку молитвата и Тајните во Црквата. На тој начин, невозможно е да се носи Бог во душата без да се биде во Црквата.
Доцна вечерта, еден човек умира на креветот во својата куќа. 
Исто така, Христос остана побезгласен и од риба кога ги претрпе спасителните страдања и ги прими нечуените измачувања и неописливи хулења. Што се однесува до медот и восокот, знаеме дека медот е сладок а восокот е за осветлување, затоа и се сметаат како символ на духовната радост и просветлување кои Христос им ги предава на верните после Неговото Воскресение.
Во Законот за заштита од дискриминација има член кој товарот на докажување го префрла на тужениот. Ова е таа „демократска придобивка“, каде пресумпцијата за невиност е згазена и избришана со единствена цел, сите да се држат во постојан страв од поднесување на претставки и замолчување на секој оној што ќе се осуди да каже нешто што нема да им се 























