логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Alipija.jurodiva

Канонски акатист на блажената, јуродива Христа ради и чудотворка Алипија Голосеевска
(Се шразнува на 30 октомври по нов стил и секој 30-ти од месецот)

Alipija.jurodiva1
Кондак 1
Избрана од богумчуваниот народ мордовски, фиданка на земјата пензенска, чесна ќерка на благочестиви родители, избран удел на Небесната Царица во светиот град Киев, од пленство дојдена и голем подвиг на јуродивство Христа ради примајќи, величајќи ги подвизите, трудовите и молитвите твои ти воспеваме вакви похвали:
Радувај се блажена мајко наша Алипија, на пасиштето на Богомајката добро ги соврши своите подвизи!
Икос 1
Творецот на ангелите те избра од детски години да послужиш на делото на спасението на душите човечки, излевајќи на тебе преизобилно благодат на Светитот Дух, за да бидеш на болните и натажените, на гонетите и притиснатите утеха и поучување, лекар брз и бесплатен. За овие трудови и молитви со радост и со благоговение ти го глаголаме следното:

Радувај се образ на љубовта, верата и благочестието!
Радувај се, си стекнала кротост, смирение и трпение!
Радувај се, на тажните утехо!
Радувај се, на болните исцеление!
Радувај се, на гонетите правда ради, заштито!
Радувај се на немоќните поткрепо!
Радувај се вразумување на заблудените!
Радувај се, хранителке на сиромашните по дух!
Радувај се блажена мајко наша Алипија, на пасиштето на Богомајката добро ги соврши своите подвизи!

Alipija.jurodiva8

Кондак 2
Откако ја виде твојата мајка, благочестивата Васа, големата љубов твоја кон ништите и неимотните, те праќаше во нивните домови, да разнесуваш милостиња и дел од празничната трпеза кај нив. Ти уште од мали нозе сето ова си го полагала во своето срце ова доброчинство, воспевајќи ја како дете на Бог прекрасната песна: Алилуја.
Икос 2
Разум небесен од горе тебе ти беше даруван, Божја избраничке, уште како мала си помислувала за небесното и со љубов си го посетувала храмот Божји и многу си страдала за оние кои не го почитуваат седмиот ден. Ние пак, гледајќи ја твојата младешка љубов кон Господа, ти воспеваме вака:

Радувај се, чесна ќерко на благочестиви родители!
Радувај се, ја наследи добродетелноста од твојата мајка!
Радувај се, на седум години беше лишена од родителите!
Радувај се, над својата мајка цела ноќ стоејќи си го прочитала целиот Псалтир!
Радувај се, ради љубовта кон Господа си го оставила татковиот дом!
Радувај се, ги принесуваше своите трудови на луѓето!
Радувај се, имаше голема усрдност кон учењето во школо!
Радувај се, тоа учење за добро на себе си го завртила!
Радувај се блажена мајко наша Алипија, на пасиштето на Богомајката добро ги соврши своите подвизи!


Кондак 3
Силата на Вишниот од младоста твоја навистина те осенуваше, те чуваше и те поттикнуваше на молитви, пост и милосрдие, за да ги подражаваш своите благочестиви родители и да му воспеваш на Господа: Алилуја!

Alipija.jurodiva3
Икос 3
Имајќи трудољубие за живот со рамноангелски подвизи, си тргнала по сета наша земја, обиколувајќи ги градовите и селата, посетувајќи ги манастирските обители и храмовите, поради поклонение на нивните светињи. Водеше странствувачко житие, не грижејќи се за своето тело, трпејќи лишувања и скудност во храната и облеката, имајќи го давидовиот Псалтир како верен сопатник секогаш со себе и со пеењето на псалмите си се утешувала себеси. Ние пак, гледајќи ја таквата молитвена ревност, ти воспеваме:

Радувај се, кон горните со усрдност си се устремила!
Радувај се, си ги отфрлила светските суети!
Радувај се, исполнета си со соврешено трпение!
Радувај се, чуварко на душевната и телесна чистота!
Радувај се, Господ Бог благоизволи да те освети од младоста!
Радувај се, си тежнеела кон храмот Божји и службите црковни со страв Божји!

Радувај се блажена мајко наша Алипија, на пасиштето на Богомајката добро ги соврши своите подвизи!


Кондак 4
Бура беди, напасти и лути гонења на светата црква допушти Господ поради гревовите на народот, кој отстапил од отечката вера и кој не ги исполнувал заповедите Господови. Многу верни чеда на црквата за Христа лути страданија од безбожните власти претрпеле и со маченичка смрт се удостоиле, и чувајќи ја љубовта и верноста кон татковината и нашиот православен и Христос Бог, појат: Алилуја!
Икос 4
Слушајќи го и гледајќи го богоугодното твое житие, безбожните власти те заклучија како непорочна агница, во затвор со разбојници, облечена само во кошула поради исмевање и осквернување. Ти пак, имајќи голема надеж на Господ, во затворот безмолвно цел ден си коленичела, од затворениците си претрпела навреди, напади и тепање и само со усните непрестајно си ја творела молитвата кон Господ. Стражарот на затворот, сакајќи да те види исмеана, ја виде големата твоја слава: небесна светлина ја озари твојата глава. Тој ја приближил својата глава до твојата, сакајќи и на него да слезе твоето дивно сјаење. Откако ја видел својата измаменост жестокиот стражар се засрамил, ти ги вратил твоите облеки и те пренел во друга затворска просторија. Ние, гледајќи како си од Бог чувана, вака ти пееме:
Радувај се, во затвор затворена!
Радувај се, во затворот многу си пострадала!
Радувај се, единствена надеж и вера токму на Бог си полагала!
Радувај се, со Него Единствениот и Милостивиот од исмевања и осквернувања си сочувана!
Радувај се, многу затвореници со своето долготрпение си ги воодушевила!
Радувај се, со своето смирение луѓето, како лути волци си ги скротила!
Радувај се, од апостолот Петар си била посетена во затворот!
Радувај се, од првоврховниот апостол од затвор си изведена!
Радувај се блажена мајко наша Алипија, на пасиштето на Богомајката добро ги соврши своите подвизи!


Кондак 5
Божествена светлина ги осветли твоите ризи, кога ти од пленство одеше по патот и те сретнаа зли луѓе кои како диви вепри се устремија на тебе, сакајќи да ти направат зло. Ти пак, како кротка гулабица, со солзи ја молеше Царицата Небесна да те заштити и побегна кај еден стог сено и се прилепи до него, сакајќи да се скриеш. Злите луѓе одеа околу стогот и не можеа да те видат, облечена во неземна светлина, се разјарија и налутија но, си заминаа без да ти сторат зло. Ние пак, за таквата милост на Царицата Небесна милосно И' воспеваме: Алилуја!
Икос 5
Гледајќи и слушајќи го плачот во домот на црковниот ктитор, во градот Чернигово, бидејќи нивното чедо умре од изгореници од печка, нашата милосрдна мајка, воснесе кон Бог коленопреклона молитва да се врати душата на девојчето во нејзиното тело. Си го поросила чедото со света вода и чедото оживеа пред очите на горко страдалните родители и така ја обрати нивната тага во радост. Ктиторот сакајќи да ти заблагодари, те повика да останеш да живееш во неговиот дом. Ти пак, бидејќи не сакаше човечка слава, тајно замина во друга земја. А ние, воодушевувајќи се на твоето чудо ти пееме вака:

Радувај се, си имала голема љубов кон страдалните!
Радувај се, со своето срце сите натажени си ги утешувала!
Радувај се, смели молитиви за нив кон Бог си вознесувала!
Радувај се, ги услишува Господ твоите молитиви!
Радувај се, со своите молитиви сите скрбни си ги утешувала!
Радувај се, тагите на луѓето во радост си ги претварала!
Радувај се, земна слава не си барала!
Радувај се, плотта твоја го големи трудови си ја смирувала и благодатта на Духот Свет си ја стекнала!

Радувај се блажена мајко наша Алипија, на пасиштето на Богомајката добро ги соврши своите подвизи!


Кондак 6
Ни проповеда богоугодното твое житие, сечесна наша мајко, како треба да се почитува Христос Бог нашиот, Неговата Пречиста Мајка и светите угодници. Како треба да се љуби храмот Господен, да се исполнуваат заповедите, да се чуваат постите, да се спомнуваат покојните, да се љубат ближните свои. Многу и преславни чудеса си направила со дејството на даровите на Духот Свет. Научи не' и нас да пееме на благоста Подателот Бог: Алилуја!

Alipija.jurodiva2
Икос 6
Заблеска твоето богоугодно житие, како светол зрак, повикувајќи ги сите на делание со усрдност, да те следиме тебе пеејќи вака:

Радувај се, си не' научила да го почитуваме Христос Бог!
Радувај се, си не' научила Богородица со сето срце да ја возљубиме!
Радувај се, си не' научила непрестајни молитви кон Небото да вознесуваме!
Радувај се, си не' научила на сите свети да се поклонуваме!
Радувај се, си не' научила храмот Господов да го посетуваме!
Радувај се, си не' научила не само ближните, туку и оние кои не' навредуваат да ги љубиме!
Радувај се, си не' научила тагите и болестите, несреќите и навредите благодушно да ги претрпиме и за се' на Бог да благодариме!
Радувај се, си не' научила благочестиво животот наш да го минуваме!

Радувај се блажена мајко наша Алипија, на пасиштето на Богомајката добро ги соврши своите подвизи!


Кондак 7
Сакајќи човекољубецот Господ да пројави во тебе, преподобна Алипија, нов светилник, те приведе во светиот град Киев во Лаврата Печерска, каде што ти со многу пост, столпништво, коленичење своите подвизи си ги удвостручила, непрестајно пеејќи му ја на Бог пофалната песна: Алилуја!
Икос 7
Гледајќи во тебе нова Божја избраничка, намесникот на Лаврата архимандритот Кронид те прими како духовно чедо. Отецот духоносен, подвижник и постник, молитвеник и страстотрпец, на тесен пат на спасението го благослови своето чедо. Затоа и ние ти извикуваме вака:

Радувај се, возљубена од својот духовен отец!
Радувај се, и ти го возљуби својот духовен отец!
Радувај се, на тесен и мачен пат на земното житие благословена од него!
Радувај се, во се' послушна на својот духовен отец!
Радувај се, си зела на себе подвиг на јуродивство за Христа, по неговиот благослов!
Радувај се, подвиг на столпништво во Лаврата Печерска си понела!
Радувај се, со вериги, како со ѓердани од драги камења, си ги украсила градите!
Радувај се, со своите подвизи си ги воодушевила старците од лаврата!

Радувај се блажена мајко наша Алипија, на пасиштето на Богомајката добро ги соврши своите подвизи!

Alipija.jurodiva12

Кондак 8
Чудесно било да се види, како во немоќното тело твое, силата Божја на новиот човек во тебе се создаваше. Духот Свет ти даруваше тебе благодат да ги прозираш мислите човечки, ти беа дарувани откровенија, пророштва и исцеленија. Кој може да ги искаже твоите борби со нечистите духови, со плотта и светот, од кого сакаше да се одврзеш, за непрестајно му воспеваш на Бог: Алилуја!
Икос 8
Сите земни похвали не се доволни за достојно да те воспеат твоите духовни чеда, преподобна наша мајко Алипија, гледајќи те како среде животните бури со мир ги оградуваш и за светата Црква имајќи голема грижа. Сакајќи да те уневести на Христа Бога нашиот, твојот духовен отец архимандритот Кронид те постриже во ангелски чин во чест и сеќавање на преподобниот иконописец и чудотворец Печерски Алипиј. Ние пак, со суета помрачени, радосно ти пееме:
Радувај се, си се сподобила со ангелски чин!
Радувај се, си примила потстриг од рацете на духовниот отец!
Радувај се, си била наречена во чест и сеќавање на преподониот иконописец и чудотворец Алипиј!
Радувај се, со живописањето на подвизите земни на преподобниот Алиппиј си се уподобила!
Радувај се, никогаш не си ја оставила Лаврата Печерска!
Радувај се, за својата обител коленопреклоно со подигнати раце и со солзи си се молела!
Радувај се, си стекнала дарови на Светиот Дух!
Радувај се, свеќо нова, во обителта на Царицата Небесна запалена!

Радувај се блажена мајко наша Алипија, на пасиштето на Богомајката добро ги соврши своите подвизи!


Кондак 9
Сето срце твое се згрози, Богомудра, кога безбожните власти ја претворија великата света Киево-Печерска Лавра во музеј. Со кои зборови можеме да ја искажеме твојата тага, мајко Алипија: замолкнаа ѕвоната, храмовите се затворија, светилките се угасија, келиите опустеа, старците и монасите во светот излегоа. Немаше веќе никој да ја пее Богопрекрасната песна: Алилуја!
Икос 9
Мудрите оратори со човечки јазици не можат да ја искажат големата тага на твоето срце, преисполнета со љубов наша мајко, кога излегувајќи во светот, си барала пристаниште за себе и никаде не си го наоѓала. Многу таги, понижувања и гонења претрпувајќи, непрестајно си го молела Небесниот Цар, да не те лиши од земен покрив, каде што би можела да ја приклониш главата. Милосрдниот Господ те насели во пустината Голосеевска во близина на скитот на Лаврата, каде што многу старци добро ги понесоа своите подвизи. Дивејќи се на таквата промисла Божја за тебе мајко Алипија, ти повикуваме:
Радувај се, во пустината во близина на скитот на Лаврата си се населила!
Радувај се, со своите молитиви пустината разрушена си ја облагомирисала!
Радувај се, ангелот-чувар Престол во разрушената црква си го видела!
Радувај се, си ги посетувала гробиштата на пустината!
Радувај се, преподобниот Алексеј Шепелев многу си го почитувала!
Радувај се, своите духовни чеда си ги праќала на гробот кај него!
Радувај се, рамночесна си на нашиот отец Теофил!
Радувај се, подобна на затворникот Доситеј!

Радувај се блажена мајко наша Алипија, на пасиштето на Богомајката добро ги соврши своите подвизи!

Alipija.jurodiva13
Кондак 10
Си достигнала височина на својот спасителен подвиг, наша многустрадална мајко, кога си ги отворила дверите на својата келија за луѓето, да влезат кај тебе заради утеха и исцеление, сите кои страдаат и кои се болни, грешните и заблудените и оние кои го бараат патот на спасението. Ние пак, почитувајќи ја твојата голема љубов кон луѓето, Му пееме на Господа: Алилуја!
Икос 10

Неразрушива стена, пристаниште и заштита, утеха и веселие си била, наша блажена мајко, кон сите кои прибегнуваат кон тебе. Поради тоа ти извикуваме:
Радувај се, со сите благодатни дарови на Духот Свет на луѓето си им послужила!
Радувај се, со Духот Свет луѓето си ги поучувала на светата вистина!
Радувај се, од неисцелените болести си ги исцелувала луѓето, со маст која сама си ја направила!
Радувај се, храната кај тебе чудесно се умножуваше!
Радувај се, храната твоја беше лекарство!
Радувај се, затворените луѓе преку ограда ги изведуваше и така ги спасуваше!
Радувај се, за нивно спасение на својата шија клученца ставаше!
Радувај се, од тие клучиња во вериги, се украсуваше себеси, како со бесценет камен!

Радувај се блажена мајко наша Алипија, на пасиштето на Богомајката добро ги соврши своите подвизи!


Кондак 11
Пеење и свети молитви непрестајно си вознесувала на Пресвета Троица, на Преслаткиот Исус, Пречистата Богородица и на сите светии блажена Алипија и со сето твое житие си се јавила како благочестива подвижничка, прозорлива и извонредна. Својот светилник незгаснат високо си го држела низ сиот свој живот со силна светлина запален. Ние пак, благодарејќи му на Господа за таквата милост кон нас, пееме во согласие: Алилуја!
Икос 11
Си била светилник кој дарува светлина, Алипија блажена, за сите кои со вера кај тебе доаѓаат. На благочестивите си им била крепка заштита. На свештениците и на монасите си им била одличен наставник. Во оние кои се пропаднати во темнина гревовна, на заблудените и на оние кои се отклониле од вистинскиот пат-кротко вразумување. Ние пак, разбирајќи ја оваа голема љубов, те ублажуваме вака:
Радувај се, крај светите икони крепко си се молела!
Радувај се, од светите икони благослов си добивала!
Радувај се, си давала многу полезни совети!
Радувај се, си избавувала од неправедни судови!
Радувај се, во зандана затворените си ги успокојувала!
Радувај се, помошничке во тешки дела!
Радувај се, на оние кои службуваат во војска крепка заштитнице!
Радувај се, ги избавуваш од изненадна смрт оние кои патуваат!

Радувај се блажена мајко наша Алипија, на пасиштето на Богомајката добро ги соврши своите подвизи!

Alipija.jurodiva11
Кондак 12
Благодат и голема смелост пред Бог имајќи, ти се молиме топло: моли го Господа, да ја сочува Црквата Своја света и да ја избави од расколи и ереси, да ги умудри властите, да ги смири гордите и дрските, заблудените и отпаднатите од верата таткова во прегратките на Мајката-Црква да ги врати, од војни, анархии и глад да не' избави. Да даде плодородие на земјата, благораствореност на воздухот, на пастирите во верата Православна крепко опстојување и смелост, за да ја пееме со тебе на Бог Кој благо твори: Алилуја!
Икос 12
Пеејќи за твоето прославување, те ублажуваме, преподобна, како мошне моќна молитвеничка, утешителка, покровителка и со љубов ти го возгласуваме ова:
Радувај се, си се удостоила на посети на Мајката Божја!
Радувај се, Царицата Небесна со своите телесни очи си ја гледала на лице!
Радувај се, чедата твои си ги предала на Царицата Небесна!
Радувај се, од сите преподобни Печерски светители чувана!
Радувај се, си созерцувала многумина светии како одат на облаците!
Радувај се, својот крај за година порано си го претскажала!
Радувај се, на мирен и тивок крај во денот на воскресението си удостоила!
Радувај се, со благоуханието од книгата на блажениот Теофил за крајот на чедото свое си му ја возвестила!
Радувај се, од далечни земји на погребението своите чеда прекрасно си ги собрала и многу чудеса си покажала!

Радувај се блажена мајко наша Алипија, на пасиштето на Богомајката добро ги соврши своите подвизи!


Кондак 13 (се кажува три пати)
О, преподобна и блажена мајко наша Алипија!
Прими го ова мало наше молење кое ти го вознесуваме тебе на похвала, моли го Господа нашиот Исус Христос и Неговата Мајка Пресветата Богородица, да ни дарува нам православните христијани победа над враговите и триумф над нив, на светот умудрување, на земјата наша утврдување; нам на гревовите простување, на животот исправување, за да станеме така наследници на Царството Небесно, и да пееме со ангелите на Бог: Алилуја!

(Повторно се читаат: Икос 1 и кондак 1)

Alipija.jurodiva5
МОЛИТВА
         O преподобна мајко Алипија, и по смртта не ги оставај своите чеда, од сите страни на земјата преку тебе собрани и избави ги од секаков вражји налет. Нашот ум озари го со светлината на лицето Божјо, укрепи го нашиот живот со благодатта, за да се утврдиме во Неговиот закон и без леност да појдеме по патот на светите заповеди. Осени не' со својот мајчински благослов кои пребиваме во маки и таги, и кои сме зафатени од душевни и телесни маки.
         Измоли ни од горе дух на кротост, трпение и љубов, мудрост и покајние. Вразуми ги оние кои отстапиле од Православната вера и кои се ослепиле од погибелни ереси и расколи. На оние кои живеат во брак биди им подателка на љубов и мир, на младенците крепко и добро возрастување, на момчињата и девојчињата помошничка во учењето и дарителка на ум.
       На младите-наставничка и надежна чуварка на чистотата и целомудрието. На старите седини-добра потпора и мудрост. На патниците-избавување од изненадна смрт. На затворените во зандани-скоро ослободување од оковите. Да ни прати нам Господ по твоите молитви, мајко Алипија, труд полезен за нашето срце. Во житејските дела биди ни мудра советничка. На нашите живеалишта чуварка крепка и надежна. На сиромашните и бедните-штедра и богата со милост подателка.
        На сите нас верата православна да ја чуваме, да пребиваме во љубов еден кон друг, да го почитуваме твојот спомен и за се' на Бог да благодариме сега и секогаш во вечни векови. Амин.

 

Alipija.jurodiva4

Линк до оригиналот: https://filosofia.ru/pravoslavnyj-akafist-matushke-alipii-goloseevskoj-chudotvorice/


Преведе од руски јазик: М. Б.

 

Alipija.jurodiva9

15ти септември 2023 лето Господово

Преминпортал

 Alipija.jurodiva14

Друго:

 

Blažena starica Alipija (1910.-1988.) Sveta Majka Olimpija. Alipia Goloseevskaya

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3120
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7590
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная