логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT625

 

СТРЕСОТ - ЗАБОЛУВАЊЕ НА НАШИОТ ВЕК
монах Мојсеј Светогорец

Стресот обзема многу луѓе кои се втурнати во вознемиреност, страв и меланхолија. Стресот владее и е заболување на нашиот век. Тој е во голема експанзија и малкумина кои не се заразени со него, ризикуваат наскоро да ја почувствуваат неговата опасност, последици, влијание и ропство.
            Многумина се занимаваат со стресот. Посакуваат како терапевти да допринесат во заздравувањето на личноста и сметаат дека со неколку таблети за смирување ќе ги излечат своите посетители - клиенти.
Типологијата на личноста под стрес вели дека таа обично е тажна, исплашена, вознемирена, депресивна, нервозна, лута, уморна, досадна, фрустрирана и меланхолична. Неспокојството и чувството на вина, дисфоријата ( психолошка состојба на незадоволство, фрустрација, непријатност или немир ) и сомнежот, небрежноста и заборавањето носат несоница или поспаност, недостаток на апетит или ненаситност, хиперактивност или безволност, избрзана одлучност или безиницијативност. Стресот, кога е прекумерен, доведува до депресија и самоубиство. Чувството на недостојност, инфериорност, рамнодушност и лажни чувства систематски се култивираат во душата на личноста која е под стрес, и не поминува долго време пред да се појават телесни симптоми како што се главоболки, проблеми со срцето, стомачни нарушувања и др. Ненадеен замор и исцрпеност, внатрешен притисок и песимизам, неодлучност и изолираност, раздразливост и здодевност ја придружуваат на еден или друг начин личноста која се соочува со стрес.
Стресот може да произлезе од празнина и незадоволство, чемер и тага, осаменост и празнина, страв и плашливост, од неуреден и невнимателен живот. Во православното предание благословот ги иззема алчните, ожалостените во меланхолија, изолираните во мракот, исплашените во искушенијата.
              Стресот во Светогорската традиција е психосоматско заболување. Според свети Нил Подвижник, тоа е тага што како црв го јаде срцето. Тоа е и унинието, според свети Јован Златоуст, преку кое ѓаволот се обидува да допре во животот на луѓето. Според авва Доротеј, потиснувањето (депресијата) е воздејствие на демоните кои толку многу ги мразат луѓето.
Стресот се инкубира и преку дразбите и наметнатите вини со кои демоните не напаѓаат преку страстите и гревовите од минатото. Добро е да истакнам дека потсетувањето на сите нив треба да заврши со една искрена исповед, па преку благодатта и благословот на светата тајна на Црквата да се добие прошка и осветување.

TVIT624


               Вината пак, како главна причина и повод го има проклетиот егоизам која е коренот на сите страсти. Благородното и скромно смирение го стопува мразот на егоизмот и ги искоренува страстите што тој ги раѓа. Дава утеха и поволна клима за развој на здрав и убав духовен живот. Смирението го обесилува стресот и го враќа човекот во неговата природна, трезвена и спокојна состојба за да му помогне да ја достигне натприродната состојба на обожението.
              Егоизмот расте преку разнообразни задоволства и уживања, безброј придобивки, стекнувања и поседувања. Богатењето, незаконски стекнатите придобивки, привремената слава и почестите на крајот оставаат тага, грижа, замор,неспокојство. Доброволното безделничење, но и површната и работа исполнета со многу грижи се причини за стрес, како и активното одржување на богатството, славата, честа.
             Уште еден битен повод за појавата на стресот кој ја разорува душата е безумната алчност за зголемување на профитот, имотот, трансакциите, што резултира со преоптоварување на душата, тежнеење кон ненаситно задоволување. Зависта е исто така страст што го разгорува огнот на стресот и го тера човекот силно да изгори пред благосостојбата на ближниот. Обраќајќи им се на завидливите, свети Василиј Велики вели: зошто тагувате, вие, кои имате завист во срцето?
Оној што се коцка, пијаницата, цревоугодникот, среброљубецот, наркоманот и мегаломанот го имаат стресот како постојан придружник во животот, бидејќи овие страсти го раѓаат и го одржуваат.

TVIT623
             Луѓето кои не се справуваат со стресот обично страдаат од очигледни или имплицитни тешкотии во комуникацијата со другите и со самите себе. Имајќи внатрешно распаѓање, тие се принудуваат на непрестајна екстровертност, која несомнено ги заморува и измачува. Луѓето кои сакаат да знаат сè, кои многу зборуваат, многу патуваат, кои лесно стекнуваат познанства и пријателства, кои се импресионираат, ентузијасти привлечени од слики и спектакли, се прилично скршени одвнатре и се обидуваат некаде да се задржат . Тие менуваат места, простори и лица, облека и автомобили, но нивните животи навистина не се менуваат. И наместо да се намалува, ова распаѓање се зголемува. Св. Нил Подвижник тоа јасно го кажува: не е за нивно добро да одат напред-назад и насекаде и секогаш да живеат немирно.
            Неразбраната интровертност ги носи истите резултати, кога внатрешно се многуговорливи, а надворешно молчат, така што нивната привидна тишина не создава, туку развива болна внатрешна состојба.
Последиците од присуството на стрес во животот на луѓето се горчливи. Помраченоста ја дроби душата и не ја остава во една комфорна слобода. Небрежноста не дозволува на личноста со стрес да пројавува послушност, да биде поучена, да истражува, да се моли, да се сосредоточува и да омекне. Од нејзиниот живот отсуствува долготрпеливоста, трпението и кротоста. На нивно место суштествуваат импулсивноста, нервозата, лутината, бесот и нарушените меѓучовечки односи. Одговорноста постојано се префрла на другиот, се самооправдува и припишува алиби, без да разбере и признае дека коренот на нејзиниот проблем воопшто не е далеку од нејзе. Така, личноста под стрес лесно се препознава по нервозата и распалениот темперамент, нетрпеливоста, озборувањето и невнимателноста.
               Стресот ја намалува издржливоста на човекот и ги намалува неговите витални сили, така што тој напорно работи и се троши, останува безутешен и бескрајно незадоволен. Кога го оставаме стресот да завладее со срцето тој го повредува, го омалаксува и го остава без радост. Ова би рекле е одмазда на духовниот закон, кој функционира како повод за покајание. Кога човекот не се труди да ги отфрли причините кои ја создаваат оваа неподнослива состојба, стресот се разгорува и го доведува својот роб во апсурдни, непожелни и неконтролирани состојби на мизантропија и богохулење. Кога душата е парализирана, умот е опуштен, ненаситноста на срцето преовладува, тогаш човекот како хипнотизиран се вовлекува на лизгави патишта.
              Добрата дијагноза носи добар третман. Видовме што носи тагата и стресот во животот на луѓето. Тоа е сериозна болест, но не и неизлечива, се додека пациентот бара исцеление. Црквата е пространа болница за душите и телата. Таа е простор на вистински покој, на животворен мир, на пожртвувана љубов, на ослободувачка радост, на блажена надеж, на исполнување на прозбите на чистата молитва, на водење добродетелен живот, на спонтаната благодат, на Божјата милост , и на растеретување на товарот на душата со искрена исповед.

TVIT622
             

Верата го води острастениот човек до воспитание на покајанието, каде што усрдното самоспознание и здравото себеукорување ја враќаат светлината во мракот на душата на напнатиот човек. Колку повеќе човекот стекнува црковна свест, толку повеќе се оддалечува од стресот, кој Светогорските отци го сметале за антихристијанска појава. Богослужението и светотаинскиот живот се најдобриот лек за раните што стресот ги оставил во душата.
            Црквата бара од верните да бидат простодушни, радосни, слободни и пријатни. Кога Црквата зборува за борба, аскеза ( подвиг ), тага, грижа и страв, таа не сака да ги измачува и да ги плаши. Дозволува само едно неспокојство - она за постигнување на спасението. Борбата ги нема елементите на стресот, подвигот не е непромислен, тагата е за Бога, Кого човекот го ожалостил со своите неумесни постапки, тагата е радосна, а стравот е почит и благодарност кон Семоќниот Бог. На тој начин Црквата превентивно користи лековити средства за човекот да не се занесе во прекумерната потрошувачка, преизобилие и секоја друга крајност. Поканата на Црквата за подвижнички живот, со пост, воздржание, лишување, безмолвие (состојба на молитвено тихување ), смирение и едноставност е силна и непроменлива реакција против општество без бариери, обврски, почит и достоинство.
              Правилната употреба на материјалните добра е разумот, чувствителноста и благородноста на човекот.
Апсолутната благодат на семоќниот Свет Дух при честото и редовно исповедање не дозволува тагата на вознемиреноста и неподносливата вина да се всели во душата. Исповедта со искрено покајание е најдобриот лек за болеста на стресот. Исповедта лекува превентивно и терапевтски.

TVIT549
               Љубовта кон Христос е секогаш елеј за раните. Световната љубов, во која има обична корист, награда и задоволство, напротив, го разгневува човекот и понекогаш го доведува до неконтролирани состојби. Христијанската љубов знае да покаже храброст, да се жртвува, да се радува, да страда. Оние кои се опседнати со световна љубов сакаат само да бидат сакани и згрижени, а кога тоа нема да се случи, тие се исполнети со вознемиреност. Верниците со христијанска љубов, уподобувајќи се на Бога, го сакаат својот ближен и себеси правилно и го уништуваат ткивото на стресот, бидејќи во Бога не суштествува стрес.
Оној Кој љуби, тој и се надева. Надежта во Бог никогаш не го разочарува нејзиниот пријател, па дури и му дава мир, спокојство и присебност. Целосната вера во нашето јас и моќта на егото не ги решава проблемите. Според свети Јован Лествичник, надежта е богатство, сокровиште, мир, олеснување, смрт на очајанието. Пресвета Богородица е Мајка на сите, надеж на безнадежните. Грешниците кои се надеваат на Божјата милост не се стресуваат очајно, има многу примери кои ја покажуваат нивната сигурна надеж - жената фатена во прељуба, блудниот син, Закхеј, разбојникот, Света Марија Египетска, свети Мојсеј Мурин, бл. Августин и многу други херои на Евангелието и на Синаксарот. Надежта во Бог ги заменува антидепресивите. Бедните не се потиштени од својата сиромаштија, туку се доверуваат на Оној Кој ги храни птиците небесни и ги украсува полските цвеќиња и тоа на таков чудесен начин.
              Подвижништвото, воздржанието, стравот Божји со расудливот и смирение се силни лекови, превентивни, но и доста лековити од тешката болест на стресот. Неопходна е промена на животниот стил за да се промени менталната состојба. Човек кој постојано се забавува, кој е расејан,кој се потсмева секому, се препушта на расипаност, се празни себеси на различни начини, нетрпелив и рамнодушен, кој сам се осудува на тревожно безспокојство. Оној кој постојано непромислено се смее, се шегува, исмејува и лицемери, тагата ќе му биде придружник во животот. Оној кој мудро се соочува со искушенијата и тешкотиите, човечките состојби и промени, животот и смртта и искрено ги оплакува своите гревови, си ја подготвува блажената радост. Оној што болно се плаши, трепери, плашлив е и не сака ни да слушне за смртта, покажува дека нешто не му врви добро во животот. Оној што научил да живее без расипништво, но и без скржавост, научил да го следи својот пат урамнотежено, задоволувајќи се со неопходното, што го ослободува од ропството на ненаситноста и богатењето. Цврсто на нозе стои тој што се надева пред се на Бога и светиите, а не тој што им ласка и ги прогонува т.н. големци на земјата, кои се патерици на неговата осакатеност. Оној кој не научил да се повлекува од вревата и метежот, барајќи ја насладата на безмолвието и радоста на молчанието кое поучува, вовлечен од многусловието на евтината актуелност, ќе ја има како постојан придружник самотијата, онаа која што ни за миг нема да избере сосредоточеност и духовно читање. Досада, еднообразие, рутина, монотонија и плиткост имаат оние кои не ја чувствуваат Црквата како свој дом.
             Монасите со нивните животи можат силно да го вдахноват светот кога имаат срдечна тага за Бога и не тагуваат, имаат постојано сеќавање на Бога и не се плашат, доброволна сиромаштија и не се несреќни, непроменлив поглед кон небото и не паѓаат со духот, сами се но не се погодени од осаменоста, доживотно молчаливи и тивки, и тајно радувајќи се без внатрешен смут и неспокојство. Стравот, плашливоста, вознемиреноста, немирот, нервозата, грижата и тагата не влегуваат лесно во ќелијата на добриот монах. За мудриот монах, лукавото униние е прогонето со постојана будност, трпеливо молење, смирение што ги убива страстите и трудот на трезвеноумието и очистувањето. Така, според Синајскиот светилник, преподобен Јован Лествичник, монасите стануваат светлина за светот.
Свети Јован Златоуст, монахот од градските средини, пријателот на монасите, вели дека во монашкиот живот нема стравови, нема метеж, нема плач на очајание, нема лелек на болни, но владее радоста без стрес, неизмерно блаженство и голема наслада на душата на бреговите Божји, додека во океаните се потонати горделивите кораби.

www.bogonosci.bg
За Преминпортал Симеон Стефковски

Јуни 2023 лето Господово

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная