логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Bogorodica.kolazh

 

СОВЕТИ ЗА ОНИЕ , КОИ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ИСПОВЕД

Во Светото Писмо е кажано:
„Синко мој, ако сакаш да Му служиш на Господа, приготви ја душата своја за искушение. Управи го твоето срце и биди цврст: не збунувај се кога ќе бидеш посетен од Бога.
Прилепи се до Него и не отстапувај, за да бидеш прославен во последниот ден“ (Сир. 2: 1-3).
Штом се одлучиш да постиш, да се каеш и да ги исповедаш своите гревови, веднаш ќе се појават мноштво внатрешни и над­ворешни пречки. Непријателите на човечкиот род, откако ќе дознаат за твојата намера, на секој начин ќе те возне­ми­ру­ваат со разни неприлики и сомнежи, со помисли и стравови. Но, сето тоа ќе исчезне штом ќе покажеш дека имаш цврсти намери.
Човекот треба да се исповеда што е можно почесто, а паузите меѓу исповедите треба да бидат исполнети со духовна бор­ба и подвизи, кои ќе нè зацврстат во подготовките за наред­ната исповед.
Значи, честото исповедање на гревовите ќе те чу­ва, поддржува и охрабрува во твојот духовен живот. Божјата благодат која делува во светите Тајни Покајание и Причест прави човекот да почне да ги чувствува своите гревови и сла­бос­ти, да не се впушта лесно во гревот и да се зацврстува во вис­тините на верата, а Црквата и целиот нејзин поредок ќе му постанат помили и поблиски до срцето.
Иако е пожелно секој човек да има свој духовник, тоа вооп­што не е задолжителен услов за вистинско покајание. За чо­ве­кот кој навистина страда заради својот грев, нема разлика кај ко­го се исповеда.
Најважно е што побргу да се покае и да добие раз­решение. Покајанието мора да биде потполно слободно, без никакви присили.
Исповедта не е разговор за своите недостатоци и сомнежи и не е едноставно запознавање на духовникот со себе.
Исповедта е света Тајна, а не само „религиски обичај“.
Таа е огнено пока­ја­ние на срцето,
желба за очистување која се раѓа од чувството на светиња; исповедта и покајанието се второ крштение, па според тоа, во покајанието умираме за гревот и воскреснуваме за светост.

Покајанието е прв степен кон осветувањето.
Најпрво, оној кој се подготвува за исповед треба да го испита своето срце. За тоа е потребно човекот да се подготвува не­кол­ку дена – да пости, да чита духовна литература, поинтензивно да се моли, да чита совети и поуки за светата Тајна Покајание, да се потсети на своите гревови и да ги запише.
Обично, луѓето кои немаат искуство во духовниот живот не ги гледаат ни мношт­вото на своите гревови, ниту, пак, нивната одвратност.

Велат: „ништо посебно немам направено“,
„имам само ситни гревови како и сите други“,
„немам убиено“ – обично така почнуваат сите што пристапуваат кон исповед.
А самољубието, нетрпеливоста, бесчувствителноста,
човекоугодието, слабоста на верата,
недостатокот на љубов кон ближните, малодушноста и духовната мрзливост?
Зарем сите тие не се тешки гревови?
Зарем нашата вера секогаш е активна и огнена?
Дали секој чо­век го љубиме како брат во Христа?
Дали достигнавме кротост, негневливост, смирение?
Со што да ја објасниме нашата бес­чувст­ви­телност на исповедта, ако не со скаменетост и мртвило на душата и срцето?
Зошто светите Отци, кои ни ги оставиле покајните молитви, себе се сметале за најголеми грешници, а ние сме убедени дека кај нас сè е во ред?
Колку посилно Хри­сто­вата светлина го осветлува и грее нашето срце, толку повеќе човекот ги чувствува сите недостатоци, чиреви и рани во ду­ша­та. И обратно: луѓето кои се заробени во гревовниот мрак ниш­то не гледаат во своето срце, па и ако видат не се плашат, зашто немаат со што да споредат, зашто Христос за нив е по­кри­ен од завесата на сопствените гревови.
Во обидот да ја сфати моралната состојба на својата душа, чо­векот треба да се потруди да направи разлика меѓу основните и секундарните гревови, меѓу симптомите и длабоките причини.
На пример, ние забележуваме, а тоа е многу важно, расеаност во молитвата, невнимание за време на богослужбите, отсуство на интерес за слушање и читање на Светото Писмо…
и веднаш да се запрашаме:
дали овие гревови не произлегуваат од мало­вер­носта или слабата љубов кон Бога?
Треба во себе да ја забе­ле­жиме своеволноста, непослушноста, самооправдувањето, не­трпе­ливоста, тврдокорноста и тврдоглавоста, но многу поважно е човекот да ја открие и сфати нивната врска со себељубието и гордоста.
Ако во себе забележиме желба секогаш да бидеме во друштво со луѓето, ако манифестираме празно говорење,
нак­ло­нетост кон потсмевање и оговарање,
ако премногу се гри­жи­ме за својот надворешен изглед и облеката, тогаш грижливо треба и да ги испитаме тие страсти, зашто нашата суета и гор­дост најчесто така се покажуваат.
Ако претерано во своето срце ги прифаќаме животните неуспеси, ако неутешно патиме за покојните, тогаш да се запрашаме дали во длабочината на тие искрени чувства не се крие неверувањето во добрата Божја Промисла?
Постои уште едно средство кое може да ни помогне во споз­на­вањето на нашите гревови. Пред исповедта треба да се потсетиме за што обично нè обвинуваат луѓето кои живеат со нас, нашите ближни.
А честопати нивните прекори и напади се оправдани. Пред исповедта треба да побараме прошка од сите пред кои се чувствуваме виновни, за да можеме кон светата Тај­на да пристапиме со мирна совест.
За време на таквото испитување срцето на човекот треба да внимава да не падне во претерана сомнеж и ситничарско па­зе­ње кон секое движење на срцето.
Ако тргнеме кон тој пат мо­жеме да го загубиме чувството за важно и неважно и да се зап­леткаме во ситници. Во такви случаи привремено треба да го оставиме испитувањето на својата душа и со молитва и добри дела да ја просветлиме својата душа.
Подготовката за исповед не се состои во тоа човекот што подетално да се потсети на гревот, па дури и да го запише, туку во достигнување на состојба на среденост, серизоност и молит­ва, во која нашите гревови ќе постанат јасно видливи како во светлина. Оној, кој пристапува кон светата Тајна Исповед кај духовникот не треба да донесе список на гревови, туку чувство на покајание; не детално прераскажување на својот грешен жи­вот, туку смирено срце.
Да ги знаеме своите гревови сè уште не значи дека сме се покајале за нив. Навистина, Господ ја прима искрената и чесна исповед, дури и ако таа не е пропратена со силно чувство на покајание, но само ако и тој грев – камената бесчувстителност, ја исповедаме храбро и отворено и без никакво лицемерие.
Се­пак, смирението на срцето, жалта за сопствените гревови е она најважното кое можеме и треба да го донесеме на исповедта.
Но, што да правиме ако нашето срце, кое е исушено од грев, не се поросува со живоносните води од солзите?
Што доколку „ду­ховната немоќ и телесната слабост“ се толку големи, па да не сме во состојба искрено да се покаеме?
Сепак, тоа не е при­чи­на исповедта да се одложува во очекување на чувство на по­ка­јание. Бог може да го допре нашето срце и во текот на самата исповед, зашто самата исповед, самото гласно изговарање на своите гревови може да го омекни нашето срце, да го изостри духовниот вид и да го продлабочи чувството за покајание.
За надминување на нашата духовна тромост служат молит­ве­ни­те подготовки за исповед, а најмногу постот. Исцрпувајќи го сопственото тело, постот го нарушува нашето телесно спокојст­во и душевниот мир, кои се погубителни за нашиот духовен жи­вот.
Сепак, постот сам по себе е само подготовка и го трасира теренот на нашето срце, кое потоа може да ја впие молитвата, Бож­јото Слово, житијата на светителите и делата на светите Отци, а сето тоа ќе биде пропратено со засилена борба со сво­ја­та гревовна природа, што, пак, ќе нè поттикне активно да им пра­виме добро на ближните.
Нашата бесчувствителност на исповедта најчесто има корен во недостатокот на страв Божји во нас. Токму кон тоа треба да ги насочиме сите наши сили.
Заради тоа премногу корисно е читањето и размислувањето за смртта, за Праведниот Суд, за несреќната состојба на грешниците во пеколот, за минливоста на животот и за бесконечната величина на вечноста.
На исповедта не треба да се очекуваат прашања. Човекот тре­ба сам да вложи напори, зашто исповедта е подвиг и само­при­нуда.
Треба да се говори точно, не скривајќи ја гнасотијата на гревот со општи фрази.
Прилично е тешко, но на исповедта е неопходно да се избегне соблазната на самооправдување, да се из­бегнат обидите во објаснување на „олеснителните околнос­ти“,
да се избегне обвинувањето дека другите нè навеле на грев.
Понекогаш луѓето се правдаат со слабото памтење, кое на­вод­но, претставува препрека за човекот да се сети на сите гревови.
И навистина, честопати се случува лесно и брзо да ги забо­ра­ви­ме своите гревови. Но, дали тоа се случува само поради заборавеноста? На пример, има случаи кога честопати нашето самољубие е повредено, или спротивно на тоа, случаи кои ѝ уго­ду­ваат на нашата суета: успехот, добрите дела, пофалбите, бла­го­дарностите – на сето тоа се сеќаваме долги години.
Сето она што за време на овој живот ни остава убав впечаток долго и јас­но го памтиме. Тогаш, зарем не ги забораваме ли своите гре­во­ви само заради тоа што не им придаваме сериозно значење?
Некои луѓе се плашат и како да не веруваат дека гревовите можат да им бидат простени и тој страв понекогаш прима фор­ма на болест.
Чувството на страв се темели на недостатокот на вера, надеж и љубов кон милосрдниот Господ, или, пак, на чес­то­то повторување на гревот. Обиди се да не грешиш и тогаш, со Божја помош, ќе се намалат и грижите за тоа дека Господ нема да ти прости.
Не осмелувај се да помислиш дека твоите гревови се толку многу големи, па за нив да нема смисла да се каеш. Кој го при­ма нашето покајание?
Кој ги исцелува нашите гревовни рани?
Семожниот Бог! Семожниот Лекар! И како таков, Он ги прос­тува и најтешките можни гревови.
Има таканаречени неисповедани гревови со кои многумина живеат долги години, а можеби и целиот свој живот. Цело вре­ме тие имаат желба да ги откријат гревовите на духовникот, но имаат голем срам да говорат за нив и така минува година за го­ди­на.
Меѓутоа, тие постојано ја измачуваат душата и ѝ под­гот­ву­ваат вечна осуда. Колку многу треба да се плашиме од не­по­ка­јаните и неисповедани гревови!
Нашиот живот е, како што вели апостол Јаков, „пара, која се појавува за кратко време, па исчезнува“ (Јак. 4: 14),
денес сме живи, а утре ни се подготвува крајот.
А таму каде ќе ги сокреме своите гревови? Треба да се срамиме од гревовите, а не од покајанието. Покајанието е по­бе­да над самиот себе. Тоа е победнички трофеј поради кој оној, кој се исповедал, е удостоен за секоја почит и чест.
Знак на вистинско покајание е чувството на леснотија, чис­то­та и неискажлива радост, кога гревот на човекот ќе му изгледа онолку тежок и неможен, како што пред тоа била радоста.
Покајанието нема да биде целосно доколку човекот, каејќи се одвнатре, нема да донесе цврста одлука дека повеќе нема да го повторува истиот грев.
Но, ти ќе речеш:
„Како можам да ветам дека нема да го повторам гревот?
Зар не е исправно да се мисли дека поради нашата немоќ истиот ќе се повтори?
Зашто, и врз основа на искуството секој знае дека по извесно време човекот ќе почне да им се враќа на истите гревови, и дека од година во година не се гледа подобрување?“.
Всушност, не е така!
Нема случаи кога искрено се каеме, па светата Причест во нас да не предизвика благи промени.
И тешко може човекот сам да суди за својата состојба. Сè поголемите барања кон самиот себе, строгоста и изострениот духовен вид честопати создаваат впечаток дека гревови има сè повеќе и дека нивното дејство се појачува.
Верникот почнува да мисли дека станал уште погрешен и дека болестите се посилни. Всушност, многу неш­та се подобриле, многу зло е отфрлено, но на неговото место се појавило она, кое порано не било забележливо и бор­бата мора да продолжи со ист ритам.
Господ, според Својата посебна Промисла, ги затвора нашите очи за нашите успеси, за да нè сочува од суетата и гордоста. И обратно: за да не паднеме во очајание и да не влеземе во не­рам­но­правно борба со гревот, Господ не ни допушта одеднаш да ја видиме сликата на својот гревовен пад, која е крајно ужасна, туку, според мерата на нашиот духовен раст, ни ги отвора очи­те.
Честопати гревот долго останува во човекот, но честата ис­повед, причестувањето со светите Тајни го поткопува и суши не­говиот корен. Па зарем и самата борба против гревот и стра­да­њето заради него само по себе не претставува напредок?
„Не плаши се, дури и ако паѓаш секој ден и се отстрануваш од Бож­јите патеки; стој храбро и ангелот-чувар ќе го почитува твоето трпение“ – говори свети Јован Лествичник.
Па, дури и ако го нема ова чувство на олеснување и прерод­ба, треба да се има сила за враќање кон исповедта. Својата душа во целост треба да се исчисти од нечистотијата и храбро тре­ба да се исфрлат сите гадотии, без прикривања, без укра­су­ва­ња, та душата да постане очистена од нечистотии. Оној, кој тежнее кон тоа, секогаш ќе успее!
Никогаш не смееме успесите да си ги припишуваме како свои, да се надеваме на својата моќ и позиција, да сметаме на своите можности. Така можеме само да го загубиме она што сме го стекнале.
„Да, Господи, Цару, дај ми да ги согледам своите гревови…“ (Од великопосната молитва на свети Ефрем Сирин);
„Господи, дај ми мисла за исповедање на моите гревови“ (Од 7-та молитва на свети Јован Златоуст пред спиење);
„Расеаниот мој ум, собери го, Господи, и моето смрзанто срце очисти го, дај ми покајание како Петровото, воздишки – како митарот, и солзи – како блудницата“. Амин!


Извор: http://blagovesti.wordpress.com/.../soveti-kon-onie-koi.../

https://blagovesti.wordpress.com/2013/04/26/soveti-kon-onie-koi-se-podgotvuvaat-za-ispoved/?fbclid=IwAR2sWPCVFv23tObC4TsuLmEzwuQbpeC40yMLVVnLTDi7o80gim7Abp9UFIs

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная