ИЗГРАДБАТА ЗАПОЧНА
По удирањето на темелите кое се случи на почетокот на годинава, во петокот започна изграбата на Стариот театар за кој годинава во буџетот на Министерство за култура за 2008 година се предвидени над еден милион евра
За Стариот театар, во 2008 година, чија изградба и официјално започна во петокот, предвидени се над 1 милион евра. Во 2007 година кога и всушност беа удрени темелите на оваа капитална инвестиција на Владата, беа потрошени околу 3 милиони 870 илјади евра.
Државниот секретар во Министерството за култура, Елизабета Канчевска Милевска вели дека градежните работи започнаа веднаш по добивањето на дозволата од град Скопје, која се однесува на новата маркица за театарот со проширени димензии и дозволата за сообраќајно решение на просторот околу театарот.
Театарот се гради според проектот на архитектот Јован Стефановски-Жан. Подигнувањето на карабината е доверено на штипската фирма Бетон, која според договорот треба да биде готова за девет месеци. По карабината и инсталациите следи работата на сценската техника.
Според најавите, театарот однадвор ќе го задржи својот автентичен изглед на стара барокна архитектура, но внатре ќе има просторни услови приспособени на современите европски стандарди - со околу 900 седишта и подвижна сцена со три нивоа. За сценска техника и акустика ќе бидат консултирани странски експерти.
Изградбата на новата театарска зграда, која всушност ќе претставува воскреснување на Стариот театар кој на левата страна на Вардар постоел се до земјотресот, ќе трае до крајот на 2009 година, кога театарот ќе биде достапен за јавноста.
извор:Вечер
Посети:{moshits}
Националната и универзитетска библиотека на Република Македонија, која го носи името на Свети Климент Охридски, организира Научна средба посветена на епохалното дело на Св. Климент, со која ќе го прослави патронатот на Библиотеката. На овој начин Националната библиотека ќе даде свој придонес и во државното одбележување на 8 Декември, како и во афирмацијата на делото на св. Климент на полето на писменоста, литературата, знаењето и библиотекарството во Македонија.
Научната средба, насловена „Услови, појава и развој на словенската писменост; Свети Климент Охридски - живот и дејност“, ќе се одржи денеска напладне, во просториите на Библиотеката. Со свои трудови посветени на просветителот Климент, ќе настапат еминентни научници, проучувачи на неговото дело: д-р Вера Стојчевска-Антиќ, д-р Стеван Санџакоски, д-р Добрила Миловска, Гоце Ангеличин-Жура, д-р Милан Бошкоски и д-р Виолета Мартиновска. (Н.П.)
|
Тоше ја заслужува почитта на МПЦ но е рано да биде светител
СТРУМИЦА - Тоше заслужува секаква почит и признание од нашата црква и нашиот народ за сето она што го направи за неговите кратки години, изјави поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, вчера во Струмица.
Одговарајќи на новинарско прашање дали Тоше Проески ќе биде прогласен за светител, тој рече: „Прогласувањето на светител во православната црква се врши по една процедура и критериуми кои се установени во црквата Христова и никој однапред не може да каже за некого дека ќе биде прогласен или нема да биде прогласен. Треба да помине и време“, изјави поглаварот на МПЦ.
Според г.г. Стефан последниот збор околу идејното решение за изградба на гробница на Тоше во Крушево треба да го имаат родителите, бидејќи нивните размислувања што му ги соопштиле на последната средба се разликувале од тоа што е предложено. Притоа, тој рече дека треба да се остави времето да покаже што ќе изберат родителите за трајно обележје на покојната мега-ѕвезда.
Сите треба да бидеме загрижени за нискиот наталитет, истакна поглаварот Стефан
На средбата со новинарите во Струмица поглаварот на МПЦ искажа загриженост за намалениот наталитет кај Македонците. „Православната црква го кажала својот став околу тоа прашање, околу абортусот, но сметам дека уште едно прашање треба да не' загрижува: нискиот, малиот наталитет меѓу нашиот народ“, рече тој, додавајќи дека сите треба да бидат загрижени - и црквата и семејствата. „Се намалуваме како народ, а тоа прашање е за секого од нас, не само за црквата туку за секое семејство, за секој Македонец, без разлика каде живееме“, додаде г.г.Стефан, кој вчера началствуваше со празничната литургија во црквата „Свети Григориј Палама и свети Димитриј“ во Струмица. (С.Т) _
Утрински весник
ВЕСТ
ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА МЕГАSВЕЗДАТА ЗА СВЕТЕЦ
|
|
|
П ОГЛАВАРОТ НА МПЦ, Г.Г. СТЕФАН
Прерано е да се прогласи за светител
Црквата допрва ќе анализира дали Тоше Проески може да биде прогласен за светител, но нема дилема дека бил голем хуманист и верник.
- Прогласувањето светител во православната црква се врши според востановена процедура и критериуми и никој однапред не може да каже дали некој ќе биде прогласен за светител. Треба да помине време, а Црквата да даде оценка - изјави поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан по вчерашната празнична литургија во Струмица, посветена на свети Григориј Палама и светиот апостол Филип.
Според поглаварот Стефан, за Тоше Проески се знае колку бил богољубец, колку им помогал на сиромашните и на тие што имале здравствени проблеми.
- Тој е човек што навистина може да биде пофален за неговиот богоугоден живот. Еве изгради и манастир на падините покрај Крушево, што навистина мора да бидат респектирани и од црквата наша и од верниците и од сите што ги почитуваат вредностите што остануваат во нас. Тоше заслужува секаква почит и признание од нашата црква и од нашиот народ за се' што направи во својот краток живот - рече г.г. Стефан.
Охридскиот и македонски архиепископ потврди дека родителите на Проески имаат поинаква замисла за трајното обележје на Тоше од тоа што е предложено, така што конечното решение е неизвесно.
Дневник
Посети: {moshits}
Тоше не можеше без нас, ниту, пак, ние можеме без него, им рекол таткото Никола на великодостоинствениците
Билјана Јовановска-Утрински весник
На гробиштата на Гумење, веднаш до вечното почивалиште на Тоше Проески, многу извесно е дека ќе биде изградена мала црква. Се' уште се размислува дали во неа ќе има три крипти (за македонската поп-икона и за неговите родители) или телото на Тоше ќе биде префрлено во тремот на црквата, но е извесно дека зад едно вакво решение стојат родителите на Проески.
Тоа е најблиско до личноста на нивниот трагично загинат син. Бидејќи во случајов желбата на родителите мора да се почитува и ако се има предвид дека Тоше, како голем верник, оставил своевиден аманет, забележан на видеозаписот кај манастирот „Свето Преображение“, неговиот вечен дом да биде во сакрален храм, изградбата на црквата не би смеело да се доведува во прашање. Особено што таа има силна поддршка и од врвот на Македонската православна црква.
„Тоше не можеше без нас, ниту, пак, ние можеме без него“, им рекол, скршен од болка, таткото Никола Проески на црковните великодостоинственици, кои во саботата вечерта, по поменот за Тоше, ја посетиле нивната семејна куќа. Изградба на црква до гробиштата во Крушево, всушност, би било решение прифатливо и за самиот Тоше, затоа што желбата да почива во манастирот, во месноста Ручало, на надморска височина од 1.642 метра, од повеќе причини не може да се реализира. Во овој планински предел навидум „малите“ осум километри раздалеченост од Крушево се непремостлива пречка за најблиските, ама и за сите обожаватели и почитувачи на делото на Тоше.
Изградбата на црквата непосредно до почивалиштето на нашата ѕвезда воопшто не го доведува во прашање завршувањето на манастирот „Свето Преображение“, започнато пред цели дваесет години.
Тоа е желба на крушевчани, но и на нивниот Тоше. Затоа двата објекта ќе се градат со донации од почитувачите на мегаѕвездата, но и од верниците, а изградбата ќе продолжи, односно ќе започне напролет. Се цени дека многу меморијални центри или слични објекти биле градени и завршени, но веќе по неколку години нивното одржување станувало своевиден проблем. Сакралните објекти, по природата на нештата, се одржуваат сами од себе - од верниците, од свеќите...
Сега, кога од ден на ден станува сосема јасно дека вечниот дом на Тоше добива обележја на светилиште, на македонски Ерусалим, каде што на поклонение одат почитувачите, но и луѓе со конкретна мака, нема сомневање дека Координативното тело за заштита на делото на Тоше Проески ќе мора да ја преиспита согласноста за проектот за гробницата, изготвен од проектантското ателје „Ајвар“. Многумина сметаат дека, и покрај добрите намери на неговите автори, овој проект е предложен и прифатен набрзина, без согласност на родителите кои, објективно, и не биле во можност да ги искажат своите желби.
Бидејќи идејното решение ќе се менува и Координативното тело ќе треба да одлучува и да расправа за проект за црква, многу е логично во него да членува и духовник од Македонската православна црква, затоа што објектот ќе мора да биде изграден во духот на вековната традиција на овие простори.
*Премиерот Груевски рече дека сте се биле во неговиот кабинет две недели пред трагичниот настан. За што разговаравте?
- Бевме за да го информираме за многу детали поврзани со кариерата на Тоше во Англија. Тоа беше голема работа за нас, но и за Македонија. Сметав дека медиумите не го информираат народот доволно за овој голем чекор. Можам да ви кажам дека Тоше беше многу среќен по средбата. Му се врати вербата во многу нешта. Во почетокот на разговорот излегов од канцеларијата на премиерот,зашто имав важен телефонски повик, така што ги оставив сами. Тоше бликаше од среќа кога го напуштивме кабинетот и ми рече дека многу му значи поддршката од премиерот. Му подари крст, кој го донесе од Ерусалим, бидејќи во него препозна голем верник. Му значеше поддршката од сите вас. Без разлика што беше популарен на целиот Балкан, вие и вашата поддршка му значевте најмногу. Затоа се наметнува прашањето зошто не ја чувствуваше поддршката и толку ја потенцираше. Каде грешевме сите?
*Добивте ли материјална поддршка од државата за некој проект?
- Морална некогаш, материјална никогаш. Бев во еден миг толку револтирана што со Тоше се јавивме во Стопанска комора да ја тужиме државата за пиратерија и за организирано ограбување на продуцентските куќи. Но, Тоше како и секогаш ме молеше со зборовите: ајде, ќе дојде се' на свое место кога ќе постигнеме светска слава. Луѓето се гладни и да не ги обвинуваме оние на кои им е потребен леб. Го послушав. Беше навистина хуман и не сакаше да обрнува внимание на сите тие проблеми.
*Дали знаеше за проблемите на „Фајнл кат“?
- Секогаш го штитев, зашто беше преемотивен и во ниеден момент не сакав да го разочарам дека ни со толку работа не може да се добие заслуженото. Му обезбедив колку што можев. Гледав да го добие тоа што му припаѓа, иако секогаш сметав дека е малку со оглед на тоа дека премногу заслужува. Но, се тешев со тоа дека државата е мала и нема капацитет да следи таква ѕвезда. Се трудев барем тој да не ја почувствува таа тежина. Се обидував достоинствено да направам да се гордее со својата работа, да заработува, да живее убаво и да биде награден за својот труд. Тоа го постигнав до максимум. А моите проблеми ги чувствуваше кога ќе ме видеше дека сум нервозна. Кога виде дека за него секогаш плаќав данок, приложувајќи му ги сите документи од 2002 досега, му беше полесно. Но, понекогаш гледав тага во него. Сфаќав дека му е жал за мене. Повторувам дека има многу работи што, во овој момент, не би сакала да се разнесуваат по целиот Балкан. Тој многу ја сакаше Македонија и мене ме научи да ја сакам. Најтешко му падна кога во еден весник го прочита насловот „Тоше и Лилјана затаија данок“. По таа информација бевме на промоција во Хрватска и добивавме прашања од типот „дали имате проблеми во својата земја“. Луѓето во еден момент ни рекоа: „Дојдете во Хрватска, ние ќе ве прифатиме“. Никогаш нема да го заборавам тоа што го рече еден хрватски музичар: „Најмногу ми е жал што не те роди хрватска мајка“.
*Дали во револт сакаше да ја напушти Македонија?
- Никогаш. Македонија беше негов живот. Никогаш нема да заборавам дека каде и да одевме со нас го носевме македонското знаме. Ја сакаше оваа земја и никогаш не сакаше да живее надвор од нејзините граници. Во револт само ќе речеше: „Ќе престанам да пеам“. Толку беше патриотски задоен што попрво ќе престанеше да пее, отколку да оди одовде. И затоа многу нешта го погодуваа .
+++
Се промени ли откако се врати од Израел?
- Беше незадоволен што не бев, зашто сакал да му одговорам на многу прашања за таа земја. Да, почувствував голема промена откако се врати. Беше посериозен и помолчелив, постојано ме прашуваше: „Ме сакаш ли?“. Пред да тргнеме во Австралија ми рече: „Каков верник сум ако се плашам од авиони? Тоа значи дека се плашам од смртта“. Тогаш беше опуштен, можевме да се шегуваме и првпат ми рече: „Лилја го совладав стравот, не се плашам од ништо!“.
СЕПАК СМЕ ДОБРА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО КУЛТУРАТА
Имаме голем потенцијал и токму поради тоа го привлековме вниманието на Меѓународната фондација за музика и уметност, со седиште во Лихтенштајн. Од нив следниот период ќе добиме шест концертни пијана
- Македонија се докажа како сосема добра дестинација за инвестиции во областа на културата. Имаме голем потенцијал и токму поради тоа го привлече вниманието на Меѓународната фондација за музика и уметност, со седиште во Лихтенштајн. Проблемите кои ги имаме не се специфични само за Македонија, тие се повторуваат низ целиот свет, коментира ликовниот уметник Ирена Гапковска, надворешен соработник на Интернационалната Фондација за музика и уметност, базирана во Вадуз, Лихтенштајн. Фондацијата е основана како непрофитна организација во 1988 година и доделува грантови за поддршка на културата.
Најсвежата донација во Македонија е концертниот клавир марка Милер, сместен во Мала Станица. Клавирот го доби музичкиот состав Скопски солисти. Гапковска веќе најавува дека во следниот период ќе добиеме уште шест пијана.
Во Македонија оваа фондација првпат со соработка започна во 2001 година, со поддршка на проектот на Центарот за народно творештво и реновирање на музејската колекција на носии во Битола.
Изминатата година Фондацијата поддржала преку 50 проекти, а инвестирала повеќе од 3 милиони евра.
Книгата за македонските носии од американскиот автор Наеда Робинсон, која треба да биде издадена во јануари следната година е еден од проектите поддржан од оваа Фондација. Гапковска најавува дека следно ќе се реализира голема опера, со позната режисерка од САД и ќе се постави популарно дело кое за првпат ќе биде прикажано во Европа.
-Операта Заробувањето на Еунис Вилиамс ја користи моќта на музиката за да оствари свежа и неодолива перспектива која се справува со конфликтите на културите во една воена состојба и во услови на војна, вели Гапковска.
Анита ЈОВАНОСКА - Вечер
Посети:{moshits}
мр.Предраг Цветичанин
Во скопската галерија “Прес ту егзит“ во мај оваа година е промовирана книгата “Културните потреби, навиките и вкусот на граѓаните на Србија и на Македонија“. Се работи за проект кој настанал со истражувања во Македонија и Србија од октомври до декември 2005 година. Истражувањата, под раководство на мр. Предраг Цветичанин се спроведени од 1364 граѓани од Србија и 896 од Македонија.
Авторската книга на Цветичанин со сумирани резултати од истражувањата, објавена е на српски, албански, англиски јазик, а деновиве излезе од печат и варијантата на македонски јазик. Како корисно па дури и едукативно четиво им се препорачува на културните институции, организации ангажирани во процесот на стратешко планирање и одредување на насоката на идните потфати – од ресорните министерства за култура до граѓанските асоцијации.
Истражувањето и печатењето на книгата “Културните потреби, навиките и вкусот на граѓаните на Србија и на Македонија“ ги финансираше Европската културна фондација, а за остварувањето и организацијата на проектот, свој придонес дадоа ОГИ – Ниш, Центарот за современа уметност од Скопје и ЦБЦ ЛОЈА од Тетово.
Посети:{moshits}
Скопје /13/11/ 14:35
Подигнување на свеста кај македонските друштва за важноста на практиките на доброто корпоративно управување е целта на проектот на Македонска Берза, кој беше претставен денеска во Скопје.
Носителот на проектот за оваа намена изработи „Прирачник за добро корпоративно управување на македонските акционерски друштва“, со поддршка на УСАИД, Меѓународната финансиска корпорација и швајцарската Влада.
Прирачникот треба да биде користен како практична алатка од страна на раководствата на компаниите при планирањето и извршувањето на одлуките во секојдневното работење.
Тој опфаќа прашања кои се битни за акционерите и инвеститорите, особено оние кои се поврзани за нивните одговорности и практики, за правата на акционерите, следењето на прописите и временската рамка, но, го отвора и прашањето за внатрешна контрола и ревизија, практика која не е вклучена во законската регулатива.
Директорот на мисијата на УСАИД, Патриша Рајдер подвлече дека со добро корпоративното управување компаниите стануваат попрофитабилни, остваруваат раст, а и стануваат привлечни за инвеститорите, со што се отвораат нови работни места.
Гледано од макроекономски аспект, корпоративното управување е добро за Владата, бидејќи овозможува раст на економијата, а значајно е и за купувачите, бидејќи преку него може да ги вреднуваат и оценуваат компаниите.
Швајцарската амбасадорка во Македонија, Никол Вирш направи споредба помеѓу нејзината земја и Македонија, пронаоѓајќи многу сличности, бидејќи и двете се соочени со мал пазар, поради што се принудени да се ориентираат кон надвор.
Позитивното искуство со корпоративното управување во Швајцарија и сличностите помеѓу двете земји, била основната причина Швајцарската Влада да го поддржи овој проект, истакна Вирш. /крај/ап/б
Скопје, 13 ноември (МИА) - По повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје градоначалникот на Град Скопје Трифун Костовски денеска ќе се сретне со борците од Народно ослободителната војна, кои учествувале во ослободувањето на Скопје.
Потоа високи државни делегации, борците од НОВ, претставници од Армијата на Република Македонија, претставници на општините на Град Скопје и членови на други институции ќе положат цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата на Република Македонија. Делегација на Град Скопје, ќе положи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел.
Во чест на Денот на ослободувањето во Музејот на Град Скопје ќе се одржи детската манифестација, под мотото „Го градам својот град“, каде децата своите идеи за тоа како го замислуваат Скопје ќе ги изразат преку различни ликовни дела.
Вечерва во Музеј на Град Скопје ќе се одржи традиционалната Манифестација АСК „Архитектура Скопје“, во чии рамки ќе биде отворена изложба на дела на скопските архитекти и ќе бидат доделени наградите за архитектонски достигнувања. Исто така, градоначалникот Костовски ќе им врачи наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2007 година на годинешните добитници на највисокото признание што го доделува Град Скопје.
Од областа на науката годинашни добитници се проф. д-р Димитар Пандев и проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ од Филолошки факултет во Скопје за монографијата „Македонија лулка на словенската писменост“, како и проф.д-р Радослав Наумовски редовен професор по неврологија на Медицинскиот факултет во пензија - за книгата „Епилепсии“.
Од областа на публицистика наградата ја доби Лилјана Мазова, театарски критичар и публицист, за долгогодишни остварувања во областа на театарската уметност, а за особени остварувања во воспитно-образовната дејност наградено е СМУ „Д-р Панче Караѓозов“.
Првенката на Балетот Александра Мијалкова е наградена за значајни остварувања во областа на балетската уметност, а композиторот Славе Димитров за значителен придонес во унапредувањето и афирмацијата на музичката култура и културното живеење во Скопје и Република Македонија.
Проф. д-р Живко Попов хирург-уролог ја доби наградата за особен прдонес во развојот и меѓународната афирмација на Уролошката хирургија и трансплантација на бубрези во градот Скопје и Република Македонија, а Живко Дуковски, спортски работник, за долгогодишно ангажирање и афирмација на боксерскиот спорт. За врвни достигнувања во областа на спортот е награден Иво Цветковски, а архитект Олга Чоланчевска за долгогодишен творечки опус во областа на архитектонското творештво.
Директорот на уметничката куќа во Нинберг Јоахим Блаиштаин ја доби највисоката награда на Град Скоје за особен придонес во развојот на ликовната дејност во Македонија и афирмација на македонската уметност во Германија, а драматургот Душан Јовановиќ за целокупниот творечки опус во драмската уметност и книгата „Ослободувањето на Скопје“
За континуиран одличен успех во наставните и воннаставните активности и постигнати резултати на регионални и републички натпревари по математика и и пливање награден е Марко Блажевски, а фолклорната секција на ОУ „Димитар Миладинов“ наградата ја доби за негување и афирмирање на македонскиот фолклор во Републиката и надвор од неа. Студентот на Филолошки факултет - Скопје Марко Манчев е награден за континуиран одличен успех и активно учество во наставните и воннаставните активности и постигнати резултати на регионалните, републичките и меѓународни натпревари по литература и информатика.вј/дма/8:39
++++++
Пред 63 години на овој ден борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација. По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та гренадирска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“ која беше распоредена пред Качаничката клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот. Скопје првпат се спомнува од Клаудиј Диоломеј под античкото име Скупи. Името Скупи (колиба, засолниште, стреа) првпат се јавува кај племето Пеонци. Скупи, исто така, значи и „населба на див народ“, бидејќи Дарданците биле алчни и сурови непријатели на Македонија и античкиот свет. Според историските податоци, градот е формиран од Дарданците во третиот век пред нашата ера, а подоцна во 164 година пред нашата ера паѓа под власт на Римјаните и станува дел од провинцијата Мезија, дел од областа Дарданија. Во времето на императорот Октавијан Август, од 13-та до 11-та година пред нашата ера, Скупи од логор на двете Македонски легии - 5-та Македонска и 4-та Скитска легија прераснал во град. Подоцна во 84-та или 85 година императорот Домицијан основал колонија Флавија Скупи, град со римски самоуправни права кој бил најголем на просторот од Солун на југ до Дунав на север. Во тоа време Скопје доживува голем развој и станува град со свој бискуп. Градот е разурнат во катастрофалниот земјотрес на 28 април 518 година. По земјотресот Скупи веќе не се спомнува, а скопската котлина добива нов град со името Јустинијана Прима. По доаѓањето на Словените во шестиот век градот е завземен од племето брсјаци и го добива името Скопје. За време на владеењето на првиот македонски цар Самоил, Скопје станува дел од Самоиловото царство. Во подоцнешниот период градот потпаѓа под власт на Византија, Бугарија и Србија, а на 19 јануари 1392 градот го зазеле Турците и го добил името Ускуп. Во 1555 година градот повторно е разурнат од катастрофален земјотрес, но набргу е обновен и станува турско воено упориште. Во 16-от и 17 век Скопје е најголем и најбогат град во европскиот дел на Османлиската империја. На 25 и 26 октомври 1689 година градот го освоил Австро-унгарскиот генерал Силвио Пиколомини, кој подоцна го запалил Скопје поради епидемија на чума и за да не им остави ништо на непријателите. Градот горел цели два дена и бил скоро целосно уништен. Во 19 век Скопје станува важен сообраќаен центар и во него цвета занаетчиството. На 25 октомври 1912 година по 520-годишно владеење Османлиите го напуштаат Скопје, а веќе наредниот ден влегува Моравската дивизија на српската војска со што градот потпаѓа под српска окупација. За време на Првата светска војна Скопје се наоѓа под окупација на бугарските и на австро-унгарските сили, а по завршување на војната стана дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Во Втората светска војна Скопје повторно е окупирано од Бугарија, сојузник на нацистичка Германија. На 22 април 1941 година бугарската Петта армија го окупира Скопје и останува во градот се до капитулацијата на фашистичка Бугарија на 9 септември 1944. По ослободувањето од фашистичкиот окупатор на 13 ноември 1944 година градот бргу се развива и станува индустриски, културен и административен центар на Социјалистичка Република Македонија, која е во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. На 26 јули 1963 година во 5 часот и 17 минути Скопје доживува трето разорување од катастрофален земјотрес. Градот е скоро целосно разурнат од земјотресот со јачина од 9 степени според Меркалиевата скала. Во земјотресот загинаа 1.070 луѓе, а околу 2.900 беа повредени. Над 80% од преживеаното население остана без покрив над глава. Веста за земјотресот што го зафати Скопје брзо се рашири низ целиот свет и помош почна да пристигнува од сите страни. Првата помош дојде од припадниците на војската на тогашна Југославија, а подоцна пристигнаа експерти и лекарски екипи од голем број земји во светот. Со помош од 87 држави од светот Скопје повторно се изгради и затоа градот го носи епитетот „Град на солидарноста“. |
Во Анкетата која ја спроведува телевизија А1,
денес- 11. 11. 2007 година,
на поставеното прашањето: Дали се согласувате МПЦ да се откаже од автокефалноста за да влезе во канонско единство со СПЦ,
резултатите беа следни:
Да (6%)
Немам став (2%)
Не (93%)
Вкупно гласови: 6.295
Посети:{moshits}