логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Patot.na.podviznikot87

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ

ГЛАВА ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТА

За едно толкување на параболата за Закхеј

 

         Како Закхеј, и ти сега се искачи на дрво за да Го видиш Господа (Лк. 19). Тоа не го направи ниту со силата на своите мисли, ниту на некаков мистичен, умствен начин. Ти си човечко суштество и имаш тело: како Закхеј, ја искористи силата на своето тело и плодот што земјата го дала за да се издигнеш над тлото. Ако тоа го направи со разбирање и смирено расудување, свесен за тежината на своето тело, но без страв, мудро, не гледајќи настрана, ти беше дадена таа благодат – над главите на мноштвото луѓе, односно над твоите овосветски желби, за миг да Го здогледаш Оној Кого Го бараше.


Сега, откако стекна појасно сознание за сопствената грешност, забележуваш дека повеќе не те привлекуваат забавите и општествениот живот; ти беше дадено за миг да го видиш својот внатрешен човек, таков каков што навистина е. Можеби ти се чини дека досега твоето срце наликувало на чамец – оревова лушпа што водните струи ја носеле ваму-таму, без цел, без кормилар; а сега, за среќа, твојот пат има и цел и смисла. Но никогаш не заборавај дека ти и понатаму си истата таа оревова лушпа на отворено море; ако правилно си пловел, сега дури си во можност да видиш колку е навистина слаб и мал твојот чамец.


Ако само покажеме добра намера, самиот Господ ќе ни биде водич, вели Владиката Теофилакт Охридски. Христос му вели на Закхеј: слези брзо (односно, смири се), зашто денес треба да бидам во твојот дом (Лк. 19:5). Домот тука може да се разбере како човечкото срце. Навистина, вели Господ, ти се искачи на дрвото и победи еден дел од своите овосветски страсти, зашто посака да Ме видиш, односно посака да Ме почувствуваш додека поминувам низ твоето срце. Но сега побрзај да се унизиш и смириш, за да не седиш и понатаму на дрвото мислејќи дека си подобар од другите, зашто Јас обитувам во срцата на смирените. И слезе брзо, и Го прими радувајќи се (Лк. 19:6).


Закхеј, првиот меѓу цариниците, тогаш Го прими Христа и веднаш го раздаде сиот свој имот. Половината од своите добра им ја даде на сиромашните, а другата половина ја употреби за да им врати четворно на оние што ги оштетил. Зашто и овој е син Авраамов (Лк. 19:9), и тој го чу гласот на својот Господ и излезе од својата земја и од својот род и од домот на својот татко (1 Мој. 12:1), во кој владееле страстите и самољубието.
Закхеј разбра дека срцето кое Го прима Христа мора да се испразни од сè друго: дека мора да ги жртвува сите оние блага стекнати на незаконит начин – похотта на телото, похотта на очите и гордоста на животот (1 Јн. 2:16). Тој сфати дека оној кој е богат на земјата е сиромашен на небото, зашто да се биде материјално богат значи да се биде духовно сиромашен, според зборовите на свети Јован Златоуст.


Колку што е невозможно да се соединат болеста и здравјето, толку е невозможно да се помират љубовта и богатството, вели свети Исак Сирин; зашто оној што го љуби својот ближен безусловно ги дарува сите свои добра – таква е природата на љубовта. А без љубов нема влез во Царството Небесно. Тоа го разбра и Закхеј.


Колку помалку имаш, толку поедноставен станува животот. Секој вишок е отфрлен, срцето се собира околу своето средиште и малку-по-малку се обидува да навлезе во сопствената срж, каде што се наоѓа лествицата што води кон небото.
Тогаш и молитвата станува поедноставна. Молитвите се собираат во самото средиште на срцето и продираат низ него. Таму, во длабочините на срцето, останува само една молитва, една единствена прозба што е потребна: прозбата за милост.
Зашто што друго може да посака грешникот, па макар и првиот меѓу нив (1 Тим. 1:15), освен Господ да се смилува на него? Има ли тој нешто свое што би можел да го даде? Има ли сопствена сила, сопствена волја, нешто свое? Може ли нешто сам да преземе? Знае ли нешто? Постои ли нешто што тој, кој ништо не поседува, би можел да го нарече свое?
Таквиот грешник ништо не поседува освен гревот, а гревот е ништожност, нешто што не постои. Гревот е празнина, темнина, непоседување. Таму пребива грешникот, во таа ништожност.


Така грешникот се гледа себеси, и колку помалку поседува, толку е побогат: испразнетата одаја што се наоѓа длабоко во него веќе не е преполна со пропадливи нешта, туку е исполнета со полнота, светлина и потврда на вечниот живот – со љубов и милост. Во неговиот дом сега, како гостин, обитува Господ.


Но како може овој грешник некогаш да заслужи Господ да го посети? Како воопшто може и да помисли дека Господ ќе погледне на него во темнината во која се наоѓа? Колку и да се труди да се очисти, колку и да е голема неговата борба и напор, колку и да ги следи евангелските заповеди и ги држи постовите, бдее и стражи, се одрекува од сè заради Господа, грешникот повторно и повторно се гледа себеси како паѓа во нерасположение и кавгаџиство, мрзливост и недостаток на љубов, неблагодарност и нетрпеливост, и во секакви други пороци и гревови што можат да се замислат. Како тогаш воопшто може да очекува дека Господ ќе влезе во таква одаја?
Затоа се моли: Господи, помилуј. Смилуј се на мене, грешниот. Зашто навистина се обидував да го правам она што ми беше должност: ја орав земјата на своето срце, го чував стадото што таму пасе (Лк. 17:7–10), но јас сум само беден слуга Твој и без Тебе не можам да направам ништо. Затоа, смилуј се на мене и исполни ме со Твојата благодат.
Верата расте со труд и работа (Лк. 17:5), а со молитвата човекот добива сила за тој труд. Затоа молитвата и работата се цврсто поврзани, сè додека еден ден не се слеат и не станат едно. Тогаш работата ќе стане молитва, а молитвата работа. Тоа е она што светителите го нарекуваат молитва на срцето, духовно дејствување, Исусова молитва.


Тит Колиандер


Подготвил С.Стефковски

25.12.2025

 

Друго:

Подготвил С.Стефковски

06.11.2025

Patot.na.podviznikot14

За Преминпортал подготвил С.Стефковски

04.11.2025 лето Господово

Patot.na.podviznikot9

 Patot.na.podviznikot86

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ДВАЕСЕТ И ТРЕТА

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 2295
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 2613
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 4852
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Најново од духовност

Православен календар

 

26/12/2025 - петок

Божикен пост; (строг пост)

Св. маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Св. маченичка и девица Лукија (Луција); Св. свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив  27 декември/14 декември  2025

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 27 декември/14 декември 2025

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 26 декември/13 декември  2025

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 26 декември/13 декември 2025

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец  25 декември/12 декември 2025

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 25 декември/12 декември 2025

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная