ојде во Колибата еден млад маѓепсник (= вражалец) од Тибет и ми раскажа многу работи од неговиот живот. Тоа дете, само што се одбило од доење, на возраст од три години, татко му го посветил на една група од триесет маѓепсници од повисок степен во Тибет, за да го воведат во нивната техника. Стасал до единаесеттиот степен на магија, а дванаесеттиот е највисокиот.
Св.Нифонт Чудотворец: За воскресението на мртвите
Замисли си една лоза, богата со нежни ластари, зелени листови и сочно грозје. Колку е само убава! Но, кога ќе ја соберат, остануваат само лисјата. Малку по малку, таа и лисјата ќе ги отфрли и, што ќе видиш? Голотија, од која сè паднало на земјата и изгнило.