Св. Јован Лествичник-За мајката на добродетелите – светата и блажена молитва
Ако целиот се облечеш во кроткост и не се гневиш, нема уште многу да се помачиш за својот ум да го ослободиш од ропството. Додека не ја здобиеме вистинската молитва, ние личиме на оние кои децата ги учат да одат (односно треба нашиот ум да го исправаме и подигаме во молитвата, кога тој се двои од Бог, сѐ додека не се зацврсти). Бори се да ја врзеш својата мисла со зборовите на молитвата, или подобро – да ја заклучиш во нив.


Сè извира од умно-срдечната молитва. Напредувајќи во молитвата ќе го најдеме олеснувањето од страстите. Скриените помисли со време ќе исчезнат, нашето срце ќе стане незлобливо детско срце. На почеток, како што рековме, постои тешкотија додека водичката не потече во браздата. Како што, на пример, за придвижување на една рачна механичка справа е потребен напор.
Псалмот ја привлекува помошта на Ангелите; постанува оружје против ноќниот страв, носи успокојување од дневниот труд; безопасност е за младенците; украс е за возрасните, утеха е за старците; тој е најубав накит за жените. Псалмот ја населува и краси пустината; внесува мудрост во општествените собранија; тој е првично оучување за огласените; духовен прираст за оние кои напредуваат; утврдување на совршените и учителен глас на Црквата. Тој ги прави празниците светли; тој предизвикува тага по Бога;
Суштината на Исусовата молитва не е во зборовите, туку во постојаната борба за очистување на срцевото живеалиште на Светиот Дух (Јован 14:23). Кој се бори со страв Господов, тој ја познава својата слабост и Го моли Синот Божји Исус Христос за помош и нему Господ му ја подава раката, како кон Петар, и го "носи и води, поддржува и поткрева" на дланките на благодатта.
Свештениците се согласија и веднаш тргнавме, само ние, неколку души. Попат почна да ни се придружува народот. Го поминавме варошот, па потоа [врвевме] низ чаршијата. Турците не ни сметаа, зашто и тие се луѓе, наши браќа од човештвото, кои се пред Бога исти и делиме исти проблеми, и среќата и несреќата исто ја доживуваме, а сега сите паѓааме од колерата како муви. И така, до вечерта се вративме со моштите во црквата Свети Климент. Другиот ден никој повеќе не се разболе од колера. Оваа грозна болест веднаш се пресече.
Има нешто во човекот, скриено длабоко во него, во најзагадочните места на неговото внатрешно битие, што е посилно од секое искушение, од секоја препрека, од секој страв, од секоја суетност… Нешто што го придвижува кон вечноста, кон победата над овој свет… Стремежот да биде со Бога. Да се наоѓа во непрестајно општење со Него, во заедница со Најпрекрасниот, во причастие со Неговите Божествени енергии. И ете, следејќи го неотклонливо тој внатрешен копнеж, преку макотрпниот
Вoзљуби ја сиромаштијата Христова, за духовно да се збогатиш преку неа. Постот е колесница, која води кон небото. Постот ги раѓа пророцитe и ги умртвува законодавците. Постот е добра заштита на душата и надежен сожител на телото. Тој е оружје за доблесните и училиште за подвижниците. Постот ги отстранува искушенијата и поттикнува на подвиг во благочестието. Тој е сожител на трезвеноста и виновник за целомудрието.
Но, кога ќе настапи бура на искушенија, тогаш застануваат со "сидрото" и со трпение чекаат подобрување на благодатна атмосфера за нивните подвизи.
Човечкиот јазик е предназначен да изрази реалности од различни планови: постои житејски план на природни потреби; постои нему близок, а сепак од него различен план на примитивни душевни чувствувања и страсти; постои јазик на политичка демагогија; постои научен, философски, поетски јазик; на крај, највиш од сите – јазикот на Божественото Откровение, молитвата, богословието и другите односи меѓу Бога и луѓето - јазикот ЛИТУРГИСКИ.
Но за брзо време се појавија луѓе кои, иако себе си се нарекуваа Христијани, по дух не беа Христови. За нив Христос претходно кажа: „Не секој што ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во царството небесно, а оној што ја исполнува вољата на Мојот Отец небесен“ (Мт. 7, 21). Христос пророкуваше и дека мнозина ќе се прогласат себе си за Самиот Христос: „мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: Јас сум Христос!“ (Мт. 24, 5). Апостолите во нивните посланија укажаа
Пиј онаму каде што коњот пие. Коњот никогаш нема да пие нечиста вода.
Постот, возљубени, го држел и кроткиот Мојсеј, и со него правел чуда, за него бил удостоен да Го види Бога. Овој пост, возљубени, го пазел и Илија и затоа се удостоил на огнена кочија да се вознесе на небо. Овој пост, возљубени, го пазел и многуљубезното момче Даниил и затоа бил прославен, и затворил уста на лавови. Во овој пост, возљубени, со света...
„Навистина е почеток на мудрост стравот Господов. Мудар е оној кој се бои од Господа. А кој се бои од Господа, тој ги држи сите заповеди Негови, и во целост ја исполнува волјата Негова и го извршува секој збор Негов.
Бог има само една грижа – како да нè помилува...
Таа благодат ја учи душата на секое добро и ѝ дава сила да пребива во него. Послушниот го гледа злото, но тоа не се допира до неговата душа, бидејќи со него е благодатта на Светиот Дух којашто го чува од секаков грев и тој е мирен и лесно Му се моли на Бога. Душата на послушниот ја љуби Светиот Дух и затоа тој многу брзо ќе Го познае Господа и ќе го добие дарот на срдечната молитва.
Но ако ти кажам, остави го гневот и прости му на твојот брат, кое од овие оправдувања можеш да го искористиш?
Во некое општожитие живеел отшелник, по име Тимотеј. Настојателот на општожитието, откако дознал дека еден од браќата паднал во некој грев, побарал совет од Тимотеј, што да прави со братот кој згрешил. Отшелникот го посоветувал да го избркаат од манастирот. Кога го избркале братот, неговото искушение преминало кај Тимотеј и тој бил доведен во опасна состојба.























