Од писмото на свештомаченик Дионисиј (+264), епископ Александриски, за време на гонењето и епидемијата наречена Кипријанова чума:
Болест ја поразила Римската империја во 3 век, а била наречена Кипријанова, според св. Кипријан Картагински, кој ги опишувал нејзините симптоми. Од таа заразна болест во Рим секојдневно умирале околу пет илјади луѓе.
Св. Дионисиј пишува дека во тоа време не останал жив никој над 40 годишна возраст. Во тоа сурово време епископот Александриски го опишува поведението на христијаните и нивниот однос кон смртта: Не лекомислено и самоуверено, туку огледувајќи се на Христа - како горчлива чаша, која ја пиеле од љубов кон ближните кои страдале.
„... За кратко време кај нас се појави оваа болест; за нив (незнабожците) тоа беше најлошата од сите ужасни работи, најсуровата несреќа, и како што вели нивниот писател, состојба што никој не можел да ја очекува. За нас, не беше така, како и во многу други случаи Господ нè испитуваше и нè смируваше. Болеста не нè одмина, но најмногу пострадаа незнабожците.
Многу наши браќа, поради изобилно милосрдие и братољубие, без да се жалат себе си, се поткрепуваа взаемно, без да се плашат, ги посетуваа болните, им служеа, се грижеа за нив заради Христос и умираа заедно со нив; сострадуваа заедно со нив, се заразуваа од ближните и ги примаа врз себе нивните страдања. Многумина, грижејќи се за болните и поткрепувајќи ги другите, самите умираа, ја примаа смртта наместо нив...
Така си заминаа од земниот живот најдобрите од нашите браќа: свештеници, ѓакони, мирјани. Беа облеани со пофалби, затоа што таквата смрт, која можеше да се прими само поради големото благочестие и силна вера, се смета за рамна на мачеништво“.
Извор:
ФБ профил на
Гевгелиско Архиерејско Намесништво