Свети Ефрем Сирин: Но ако тоа го побара срцето Тој ќе се смести и во малото срце
„Царството Божјо е внатре во вас“ (Лука 17, 21). Влези во самиот себеси, усрдно барај, па без напор ќе го најдеш... Влези во себеси и живеј во самиот себеси, во прекрасната ќелија на духот (умот) свој – и таму барај го Царството, како што нè учеше нашиот Спасител... Влези, значи, во себе, пребивај во своето срце, зашто таму е Бог. Тој не те напушта тебе, туку ти Го напушташ Него...