† СОБОР НА СВ. СЛАВЕН ПРОРОК, ПРЕТЕЧА И КРСТИТЕЛ ЈОВАН
Ние знаеме дека свети Јован Крстител е син на првосвештеникот Захариј, а негова мајка е Елисавета. Двајцата родители на свети Јован потекнуваат од благороднички родови. Свети Јован бил испросен со силни молитви од престарените родители и уште како младенец останал без родителска грижа. За него е пророкувано дека ќе биде голем пред Господа и дека уште од мајчината утроба ќе се исполни со Светиот Дух.