Скопје, 16ти февруари 2020 - храм Рождество на Пресвета Богородица
(Недела на блудниот син)
Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 15:11-32
На 16ти февруари 2020 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
На 16ти февруари 2020 година,во Неделата на блудниот син, на празникот на Свети Симеон Богопримец, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје,ереј Методиј Митановски во сослужение на ереј Игор Димитриевски и ѓаконот Благоја Ристевски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургија отец Меродиј ,во беседата: За блудниот син го протолкува денешното Евангелие:
Отец Методиј Митановски-За блудниот син
„А нашата денешница и нашето време е крајно непријателски настроено према тишината, молитвата, вниманието и собирањето на умот.А наклонета е на телефоните, телевизијата, интернетот, и се ова допринесува нашиот ум да изгуби сила за Бога.
Затоа благочестиви христијани за нашиот ум да биде чист и бистар и наклонет према Бога се надевам ќе ни помогне постот кои следи да се подготвиме и да се стремиме кон Бога.“
Друго:
Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (15.12.2019)