логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Обновено


Picture

За славењето на Св. Трифун и Св. Валентин

    Факт е дека сме во еден вид на духовно робство кое ни го наметнува западниот концепт на живеење. Речиси сите нешта се искомерцијализирани, а сето тоа не го одминало ни современиот Православен човек. Така е со ликот на Дедо Мраз, за кој многу мал процент на православни знаат дека всушност вистинскиот Дедо Мраз е светиот Николај Мирликијски, но таков е и примерот со светиот свештеномаченик Валентин епсикопот Интерамниски.
     Целата таа заблуда околу ликот на овој светител се појави пред некои десетина години како една појава која ни дојде од западниот свет. Не можеме да речеме дека ни е наметната, бидејќи никој не може на сила да ни даде нешто, туку би рекол дека ние ја пречекавме со ширум отворени порти бидејќи ни дојде како една романтична приказна за тинејџери кои почнуваат да ја искусуваат љубовта и тоа беше еден повод да се изрази љубовта кон саканиот. Зарем имаме потреба од одредени денови или празници за да изразиме љубов кон некој, да му кажеме колку го сакаме или да го изненадиме со некој подарок. До душа овде не се работи за изненадување бидејќи сите оние кои паѓаат на романтиката го очекуваат. Потоа се јави прашањето за тоа каков светител е, дали е „наш“ или католички и дали треба да го славиме свети Трифун (кој се слави на истиот ден) или свети Валентин – закрилникот на вљубените?
     Сега ќе се обидам на кратко да објаснам за светиот Валентин и за начинот на неговото празнување. Светиот Валентин живеел во третиот век по Христа во градот Интерамни во Италија (пострадал маченички во 273 година) и за време на својот живот направил многу чуда во Христово име. Овој историски податок јасно ни говори дека овој светител спаѓа во редот на Православните бидејќи сите оние кои со својот живот посведочиле за Христос и се удостоиле за светителски венец до 1054 година кога западната црква се одделува од Источната, без разлика на местото на нивното живеење спаѓаат во редот на светители кај православните и кај католиците. Светиот Валентин е познат на Православната Црква и се празнува на 12 август (односно 30 јули по стар стил), а неговото житие го има и во „Охридскиот пролог“ напишан од епископот Николај.
     Сега се поставува прашањето зошто споменот на светиот Валентин не се чествува во ист ден кај двете Цркви? Поместувањето на датумот е направено од страна на католичката црква со цел да искорени (или да му се даде христијанска димензија) еден многубожечки обред кој наполно се косел со христијанските норми на етичко живеење. Имено на овој ден во Рим се одржувала една манифестација во чест на волците која ја нарекувале Луперкалии (најверојатно името доаѓа од латинскиот збор lupus што значи волк и се мисли дека празнувањето е во чест на волчицата која ги хранела Ромул и Рем - првите жители на градот Рим) каде што жрецот жртвувал коза бидејќи таа му е омилена храна на волкот, а со крвта се премачкувале две момчиња кои после жртвувањето од кожата сечеле ремени кои се викале „фебруа“ (најверојатно тоа е коренот на името на месецот февруари) и трчајки голи и измачкани со крв ги удирале жителите, а ударот од момчињата се сметал за голем благослов. Крајот на празнувањето може да го претпоставите, пијанство и оргии - класичен римски стил. Црквата сакајќи да го отстрани тој душепогубен празник решила на тој ден да го премести датумот на празнување на светиот Валентин со цел да се идеализира и велича љубовта кон Бога и кон ближниот, теми за кои светителот зборувал и пишувал. Погрешни се тие мислења кои беа пласирани од медиумите дека светиот Валентин тајно ја извршувал Светата Тајна Венчание над оние кои што пристапувале кон неа, бидејќи историјата на Црквата и литургиката тврдат дека во времето кое живеел светителот немало некаква пишана форма за извршување на оваа тајна, па така овој податок не може да се прифати како веродостоен. Но, ова не значи дека ние не можеме да просиме од светителот молитвено застапништво пред Бога за успех во љубовта.
    На овој ден светата Православна Црква го чествува и празникот на светиот маченик Трифун кај нас познат и како заштитник на лозарите бидејќи овој ден по традиција лозарите ги закројуваат своите лозја. Традицијата со закројувањето само по себе не е лоша бидејќи од светителот се бара молитвено застапништво за побогат род, она што е лошо и што ја растажува целата Црква е тоа што на овој маченик му се дава еден крајно недоличен епитет, кој ни не смееме да помислиме да му го дадеме на било кој човек, а најмалку на светител кој се моли за сите нас. Навистина срамо е да го нарекуваме пијаница. Никаде и во ниту едно житие не е напишано дека светиот Трифун пиел алкохол, а камо ли да се опива. Кој пијаница влегол во Царството небесно? Но, не се задоволуваме само со тоа што погрдно го именуваме светителот, туку и го славиме на недоличен начин – односно на тој ден, во име на светиот Трифун се собираме на седенки и пиеме вино до бессвет мислејки дека му угодуваме на Божјиот угодник. Ќе речам дека сме полоши од многубошците кои се пијанчеле за време на празниците бидејќи тие не знаеле за Христос и за Неговата спасоносна наука, а ние удирајќи сме во гради дека сме Христови и му служиме Нему стануваме многу полоши од нив! Ние сме повикани да пиеме вино, но не за телесно задоволство, туку да го пиеме виното и да го јадеме лебот кои благословени од свештеникот за време на Литургијата се претвораат во вистинско Тело и Крв Христови. Но, нам полесно ни е да се собереме на седенки, да празнословуваме и да се опиваме отколку да појдеме да земеме учество и да се помолиме на Светата Литургија, или полесно ни е да тркнеме до најблискиот gift shop и подариме нешто на денот на светиот Валентин отколку да се помолиме во храмот и по молитвите на светителот Бог да ни дари љубов, но не љубов телесна, туку љубов кон нашиот Создател, љубов братска, љубов кон нашите пријатели и нашите непријатели.
      Свети Трифуне и Валентине молете го Бога за нас заблудените.


    ѓакон Димитар Арсовски

  Picture

Извор: Богоподобие

14-ти февруари, лето Господово 2014



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная