16ти февруари 2020 лето Господово
Денес да си спомнеме за Блудниот син. Да си спомнеме дека тој се оддалечил од татка си, но и дека во покајание се вратил. Да си спомнеме со радост дека радоста од неговото враќање била голема со колење на теле за гозбата, со облекување во скапа облека, со ставање прстен на неговата рака.
Да си спомнеме и ние дека секојдневно се оддалечуваме од Бога, од црквата, од ближните...
Да си спомнеме и дека секогаш можеме да се вратиме и дека со радост ќе бидеме примени назад во прегратките на Отецот.
Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се пофалат дека тие секогаш биле примерни.
Да си спомнеме и дека во Царството Небесно не е ограничен бројот на места и дека никој ничие место не зазема. Секој има свое (спечалено преку делата на покајание) и затоа не треба да се труди во својата злоба да затвора врата на оние кои сакаат да се вратат.
И да се научиме да се радуваме, а не да роптаме постојано и постојано против братот, против Отецот...
За многу години!
✥ .✥
Избор од фб профил на
Otec Pimen