Вo тoа христијанинoт нe трeба никакo да сe сoмнeва. Дoбрoтo дeлo сe шири пo цeлиoт нeбeсeн свeт какo eлeкрична eнeргија. Нeкoј царски чинoвник Магистријан бил испратeн oд царoт нeкадe пo важна рабoта. Патувајќи, Магистријан видeл нeкoј чoвeк мртoв и нeoблeчeн.
Светата Македонска Православна Црква во првата недела од месец октомври, со голема слава и чест го празнува споменот на сите македонски светители, кои со своите богоугодни дела имаат големо значење на само за македонскиот народ, туку и за целиот Христијански свет.
По повод претстојниот голем јубилеј на нашиот почитуван архипастир, Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј – 40 години од хиротонијата во архијерејска служба, денес нашиот старец и игумен, Епископот г. Партениј, во придружба со Архимандритот г. Доситеј и сестри монахињи од сестринствата на Рајчица и на Пречиста, го посетија Владиката во
Кога човекот ја губи убавината на својата душа, тој не е во состојба да љуби, и не може да разбуди љубов кај другите. Во телото се вгнездуваат само инстинктите и мрачните страсти. Страстите се одвратни; човекот може да им се предава, но не може да ги љуби. Затоа луѓето, губејќи ја убавината – ја губат љубовта.
Добра е побожноста што ја имаат, добро е и нивното расположение за добро, но потребно е и духовно расудување и широчина, за да не ја следи побожноста тесноградост или тврдоглавост. Целата основа е да имаме духовна состојба, да имаме духовно расудување, бидејќи во спротивно ќе остане во „словото на законот“, а „словото на законот убива“.
Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на другиот, и сакаат да уживаат во видливите убавини на туѓиот живот. Разбирливо е сето тоа, но навистина не знаат што бараат; затоа што тоа е лудост.
Сосема поинаку забележуваме кај личност која ја има Божјата благодат. Сакате постојано да бидете близу до нејзе, да разговарате со неа, да комуницирате. Нејзиниот збор ве смирува, нејзиниот поглед ве смирува, нејзиното присуство ве опушта. Божјата благодат делува онаму каде што е оваа благодатна, Христова личност.
Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто повеќе од тоа. За нив, тоа е дарот на умно-срдечната молитва и просветленоста на умот; за нив, тоа е и внатрешно духовно покритие за чиновите што ги носат.
Повеќето од нив високи и преку 30 м , а пречник на некои од нив изнесувал повеќе од 1м.
И покрај тоа што покривот на оваа мала црквичка е тенок без некоја потпора, сепак со векови стои како некое чудо да го држи. А од под Црквата извираат неколку извори со чиста вода, онака како што самата таа побарала од Господ.
Дали постојат луѓе кои живеат од болката на другите? Да,постојат. Дали постојат луѓе чија единствена радост е да ги уништуваат животите на другите? За жал,постојат и тие се премногу блиску до нас.
Вчера го гледав шпанскиот филм „Додека спиеш“. Еден млад човек е обземен од чувството на недостиг на радост.
На 21.9.2021 година, кога Црквата го празнува Рождеството на Пресвета Богородица, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан присуствуваше на Божествена Литургија во ставропигијалниот манастир посветен на Рождеството на Пресвета Богородица во Калишта.
Во Стариот Завет, во петте книги на Мојсеј, читаме многу интересни истории од животот на избраниот израилски народ. Во една од тие книги читаме за една побуна на неколку еврејски водачи против Мојсеј, а тој ги собрал жезлите – стаповите од сите 12 водачи на 12 племиња на Израилот, меѓу кои бил и стапот на неговиот брат Арон. Сите жезли ги ставил во Скинијата на сведоштвото, и
Што е тоа чудо? Ние живееме во свет кој функционира според одредени физички закони, па како чудо обично ја дефинираме онаа појава што е вон рамките на истите. Но, ако за момент ни се просветли умот и подразмислиме, ќе сфатиме дека самото постоење, самиот свет претставува едно големо чудо. Според христијанскиот светоглед, овој свет не настанал сам по себе, туку е