логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Акатист на светиот Спиридон Тримитунтски
- се празнува на 12(25) декември


19042009
Кондак 1.

Препрославен од Господа, светителу и чудотворче Спиридоне! Прославувајќи го сега твојот сечесен спомен, со верба дека имаш голема сила да ни помогнеш со молитвите твои кон Христа Кој тебе те прослави, умилно ти воскликнуваме. Избави нé од секое зло и невоља, за да ти пееме со благодарност:

Радувај се, Спиридоне, прекрасен чудотворче!

Икос 1.

Од младоста украсен со сите добродетели и со своето житие подражавајќи ги ангелите, ти свети Спиридоне навистина си се покажал како вистински пријател Христов. Ние пак, гледајќи те тебе, човек небесен и земен ангел, побожно и во умиление ти воскликнуваме:
Радувај се уму, кој тајните на Пресвета  ги созерцуваш!
Радувај се, збогатен од Духот со престветло сјаење!
Радувај се, светилнику  многусветол!
Радувај се,  својот ум со бесстрастие си го просветлил!
Радувај се,  од младоста вистинска простота и безмолвие си возљубил!
Радувај се, украсу на целомудреноста!
Радувај се, неисцрпен потоку на љубовта!
Радувај се,  гостољубието Аврамово си го подражавал!
Радувај се,  љубвеобилно, вратите на својот дом на сите си им ги отворал!
Радувај се,  застапнику на сиромасите!
Радувај се,  пред тебе луѓето благоговеат!
Радувај се,  живеалиште на ПресветиотДух!
Радувај се, Спиридоне, прекрасен чудотворче!


Кондак 2.

Кога ги видоа островот Кипар и сите христијански земји, твоите нетлени мошти, од кои истекуваат изобилни исцеленија, се израдуваа. Така и ние, почитувајќи те како преизобилен извор на благодат кој ни е испратен Одозгора, на Врховниот Дародавец на Небесните и земните блага му воскликнуваме: Алилуја!

Икос 2.

Разум божествен имајќи, иако си бил пастир на бесловесни овци,  со благоволението на Пастироначалникот Христос си избран за пастир на словесните овци. Познавајќи во тебе добар пастир, кој неуморно се грижи за своето стадо, верните воскликнаа:
Радувај се, архиереју на Бога Вишниот, си примил на хиротонијата обилна благодат!
Радувај се, многусветол светилнику кој гориш и блескаш!
Радувај се, верен делателу во лозјето Христово!
Радувај се, пастиру, кој го воспитуваш своето стадо на пасиштата на верата и побожноста!
Радувај се,  со сјаењето на своите добродетели го просветуваш светот!
Радувај се, си принесувал  Божествена Жртва на Христовиот Престол!
Радувај се, ереју, украсен со разбирање на Правослвието!
Радувај се, бивајќи исполнет  со апостолското учење, со потоци на спасоносно учење, верните си ги напоил!
Радувај се,  и мудрите си ги озарил!
Радувај се,  и срцата на простите си ги обновил!
Радувај се, славо на православните и непоколеблива тврдино на Црквата!
Радувај се, украсу на отците, славо и пофалбо на побожните ереи!
Радувај се, Спиридоне, прекрасен чудотворче!

Кондак 3.

Со силата на Вишниот која те осени, светителу Спиридоне, богомудар си се покажал и притискајќи ја глината со дланките, троичноста на Лицата на сите очигледно си им ја објаснил. Со тоа чудо, ти ја изобличи лажливата мудрост на философите, дојдени на Соборот, а верните прославувајќи го несфатливиот Бог, Кој те умудри на спасение, Му воспеваа: Алилуја!
 
Икос 3.

Сметајќи те за прост и невешт во познавањето на книгите, сите отци на Соборот те замолија оче Спиридоне, да не се расправаш со учените,  кои себеси се сметале дека се мудри. Но ти, светителу Божји, распламтен со ревност, и верувајќи дека проповедта Христова не е во убедливоста на човечките зборови, туку во пројавувањето на дух и сила, премудро си ги разобличил и вразумил на пат на вистина си ги упатил. Затоа сите кои го видоа ова чудо возглаголаа:
Радувај се светлино на православната мудрост!
Радувај се,  ги посрами соговорниците, за кои се сметало дека се мудри!
Радувај се, изобилен извору на благодатта!
Радувај се, непоколеблив столбу,  на сите кои ја држат вистинската вера!
Радувај се,  си ја помрачил сепогубната ерес!
Радувај се,  преку тебе е згазено безумието!
Радувај се,  преку твојата рака, правот земен, ја проповедаше Пресвета Троица!
Радувај се,  заради утврдување на догмата за Пресвета Троица, оган и вода си извел од глината!
Радувај се, си ги просветил луѓето да го слават Словото, навистина Единосуштно на Предбеспочетниот Отец!
Радувај се,  душегубната змија на Аревата ерес си ја згазил!
Радувај се,  преку тебе злобата била уништена!
Радувај се,  неверниот мудрец кој учествувал во дијалогот, во вистинска вера си го обратил!
Радувај се, Спиридоне, прекрасен чудотворче!

Кондак 4.
Поминувајќи го својот живот во немаштија и сиромаштво, на бедните и јадните си им бил хранител и помошник и заради љубовта кон сиротите, змијата во злато си ја претворил и златото си го дал на оној кој ја барал твојата помош. Воодушевувајќи се на ова чудо, благодарно му воскликнуваме на Бог: Алилуја!

Икос 4.

Насекаде и од сите се слушало дека свети Спиридон навистина е живеалиште на Пресветата Троица, бидејќи во него се вселил Бог Отец, Бог Син и Бог Дух. Поради тоа ти со слова и дела си го проповедал овоплотениот вистински Бог на сите христијани кои ти воскликнуваат:
Радувај се поверенику на зборовите Божји!
Радувај се, домостројот Божји за спасение на светот го разјасни!
Радувај се,  нé научи  да нé го испитуваме она што е над човечкиот разум и зборови!
Радувај се,  ја пројави недосегливата за умот сила Божја која дејствувала во тебе!
Радувај се, преку твојата уста самиот Бог говори!
Радувај се, сите со сладост те слушаа!
Радувај се, маглата на идолослужењето ја растера!
Радувај се,  многумина во вистинската вера приведе!
Радувај се, главите на невидливите змии  ги згази!
Радувај се, со тебе верата христијанска се прославува!
Радувај се, ги озаруваш сите кои те ублажуваат!
Радувај се, заштитнику на верата христијанска и на Православието!
Радувај се, Спиридоне, прекрасен чудотворче!

19042009
Кондак 5.
Поради добродетелниот живот свој, преисполнет со Божествениот Дух си бил , свети Спиридоне, бивајќи кроток, милостив, чист по срце, трпелив, незлопамптлив и гостољубив. Затоа Творецот и во чудесата прославен те покажа. Ние пак, прославувајќи го Бог Кој тебе те прослави, ти воскликнуваме: Алилуја!

Икос 5.

Ги славиме делата на рамноангелниот Спиридон, великиот чудотворец! Еднаш земјата пострада од голема суша, се појавија болест и глад и големо мноштво луѓе умираа, но со молитвата  на овој светител од небесата слезе дожд. Луѓето кои беа спасени од несреќата, благодарно воскликнаа:
Радувај се, си се уподобил на великиот пророк Илија!
Радувај се, благовремено си спуштил дожд кој го прекинал гладот и болеста!
Радувај се, со своите молитви повторно небото си го затворил!
Радувај се, си го вразумил немилосрдниот трговец со лишувањето на имотот!
Радувај се, храна обилно си дарувал на оние на кои им била потребна!
Радувај се, си ја презел немоќта од немоќните!
Радувај се, Богоблагодатен помошнику на луѓето!
Радувај се, на болните здравје им даруваш!
Радувај се, од тебе треперат демоните!
Радувај се, извору на безбројни чудеса!
Радувај се, Спиридоне, прекрасен чудотворче!

19042009
Кондак 6.
Завесата на старозаветната скинија го сокриваше ковчегот, манната и таблиците во Светињата на светињите. Храмот твој, Спиридоне, ја  има гробницата твоја -  како ковчег, твоите свети мошти - како манна, а срцето твое -  како таблици на божествената благодат, на кои ја гледаме врежана песната: Алилуја!

Икос 6.
 Поради  умножувањето на беззаконието, кипарскиот народ беше казнет од Бог  со неплодност на земјата. Тогаш кај свети Спиридон дојде еден земјоделец да побара помош, а светиот му даде злато. Кога пак, несреќата помина, земјоделецот му го врати златото! И о, чудесно! - златото  се претвори во змија! Прославувајќи го Бог, прекрасен во светите свои, воспеваме:
Радувај се, подражавачу на Мојсеј, кој на чудесен начин го претворил жезлото во змија!
Радувај се, човекољубив пастиру, кои од беди ги избавуваш словесните овци на своето стадо!
Радувај се, сите со секое добро нé збогатуваш!
Радувај се, како Илија сиромасите  ги нахрани!
Радувај се, немилосрдните кон милосрдие си ги обраќал!
Радувај се, пример си дал на љубов, за луѓето во светот,  достоен за подражавање!
Радувај се, во невољите утехо за верните и неверните!
Радувај се,  дрво со голема сенка, кое ги осенува земјата и градот!
 Радувај се, славо и пофалбо на Коркираните!
Радувај се, по благоволение Божје, со дождот и сушата, со жега и со мразот владееш!
Радувај се, ти кој со молитвите свои го менуваш установениот ред!
Радувај се, идното како и сегашното си го провидел!
Радувај се, Спиридоне, прекрасен чудотворче!


3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Кондак 7.
 Застапник на сите луѓе пред Господа си бил, свети Спиридоне! Затоа и ние под покровот твој пристапуваме барајќи спасение, оти си ни помошник во сите невољи, во време на глад, во смртоносни рани, во сите годни на беди и искушенија. Затоа благодарно му воскликнуваме на Бог: Алилуја!

Икос 7.
Видовме ново и богодолично чудо, кога ти  оче, патуваше да го спасиш неправедно на смрт осудениот и надојдениот поток ти го пресече патот. Но ти, во името на Семоќниот Бог,  му заповеда на потокот да го сопре течењето и така со сопатникот помина по вода, како по суво. Славата за ова чудо, се рашири насекаде, и сите го прославија Бог, воскликнувајќи му вака:
Радувај се, како Исус Навин некогаш, реката по суво ја помина!
Радувај се, речната буица, со својот глас ја сопре!
Радувај се, потикнат од милосрдие, на тежок пат тргна!
Радувај се, клеветата  ја уништи и невиниот од затворски окови и изненадна смрт го спаси!
Радувај се, за живот по Бога добар помошнику!
Радувај се, заштитнику  на неправедно осудените!
Радувај се, законите на природата на водената стихија си ги изменил!
Радувај се, судијата си го вразумил и од убиство си спасил!
Радувај се, вистинско исправање на душите!
Радувај се, дивна сило, водените буици ги скротуваш!
Радувај се, го ублажуваш срцето на луѓето кои кон тебе приоѓаат!
Радувај се, на човекољубието Аврамово подражавателу!
Радувај се, Спиридоне, прекрасен чудотворче!

Кондак 8.

Патник и придојден си бил на земјата, какви што се всушност и останатите луѓе. Но, уште од мајчината утроба,Сезнаечкиот Бог као голем угодик и чудотворец те јави, свет Спиридоне. А ти, демоните ги изгонуваш, секоја болест и рана ја исцелуваш, помислите човечки ги гледаш и поради како прекрасен меѓу светите се покажа. Ние пак, вознесувајќи молитва на Седарителот Бог, Му воспеваме: Алилуја!


Икос 8.

Сиот свет затрепери од благоговеен ужас, кога дури и смртта, на заповедта на  твојот глас, ги враќа своите мртви и воскликна:
Радувај се, починатата ќерка своја ја повика во живот за да го покаже богатството кое ú беше доверено!
Радувај се, натажената вдовица, која го беше дала златото на чување,  ја утеши!
Радувај се, упокоеното дете од мртвите го воскресна!
Радувај се, неговата мајка, која изненадно од радост умре, ја оживеа!
Радувај се, се уподоби на Илија, кој со своите молитви, на синот на жената од Сарепта, животот му го врати!
Радувај се, и  Елисеј кој дете од смртта разбуди го подражаваше!
Радувај се, пастиру кој најискрено ги љубиш луѓето!
Радувај се, на блудницата која со солзи ги изми твоите нозе, со името Божје  ú ги прости гревовите!
Радувај се, света ревност на врховен апостол,  стекна!
Радувај се, непокајаната грешница, според зборот твој во страшни маки умре!
Радувај се, плодност на земјата со молитвите твои измоли!
Радувај се, непроменливо уверување на луѓето во воскресението!
Радувај се, Спиридоне, прекрасен чудотворче!

Кондак 9
Озарен со блескањето на Духот Свет, ти свети Спиридоне, си придобил и дух на премудрост, безумните еретици си ги разобличил, среде соборот верата на оците си ја утврдил. Си бил озарен и со дух на разум и умовите на помрачените си ги просветил. Со дух на страв Божји си бил проникнат и  со постојани  дела богоугодни душата си ја очистил. Така, откако застана, пред престолот на  Вишниот Бог, со ангелските чинови Му воспеваш: Алилуја!

Икос 9.

Откако прими од Пастироначалникот Господ Исус жезло на пастир на словесните овци, светиот Спиридон во ништо не го измени својот живот, туку остана така сиромашен, кроток, сетрпелив, претрпувајќи се заради љубовта, не срамејќи се ниту од грижата за овците бесловесни. Сето ова нè поттикнува нас да го славиме Бог, и да ти воскликнуваме:
Радувај се, славата на овој свет како празна си ја презрел!
Радувај се, голема плата на небесата си добил!
Радувај се, сите убавини на овој свет за ништожни си ги сметал!
Радувај се, саду на Небесни блага!
Радувај се, најсвета ливадо на кипраните!
Радувај се, ти заради кој Бог со невидливо јаже ги врза крадците на твоите овци!
Радувај се, крадците татковски ги вразуми!
Радувај се, поттикнат од милосрдие, за бессоната ноќ, овен им даруваше!
Радувај се, ти, кој  го разобличи трговецот, кој ја затаи цената, со непослушноста на јарецот, кој како да имаше разум!
Радувај се, оној кој ги сокри твоите сребреници, го приведе кон покајание!
Радувај се, со својата опомена од страста на користољубието го исцели!
Радувај се, Спиридоне, прекрасен чудотворче!


Кондак 10.
Спасувајќи ја душата на паствата поверена ти од Бог, свети Спиридоне, по допуштение Божјо си бил призван да ја пројавиш својата слава, а првенствено славата на вистинскиот Бог и во другите земји, за да се слави секаде името Божјо и да се воскликнува: Алилуја!

Икос 10.

Брзиот помошник во секоја невоља и жалост, светиот Спиридон, според царевата заповед, исто како и другите пастири, дојде во градот Антиохија, каде што се наоѓаше болниот цар Константин. Светителот ја допре неговата глава и во истиот момент царот оздрави. Воодушевувајќи се на ова чудо, ти воскликнуваме:
Радувај се, во видение во сон на царот, ангелот те покажа како исцелител!
Радувај се, заради Божествената љубов, во длабока старост, на тежок пат се нафати!
Радувај се, на царскиот слуга кој те удри по образот, според заповедта на Спасителот, му го заврте другиот образ!
Радувај се, столбу на смирението!
Радувај се, со своите молитви, на царот кој со солзи молел, здравје си му дарувал!
Радувај се, со смирението свое слугата си го вразумил и неговата жестока природа си ја изменил!
Радувај се, царот на разумност и побожност си го научил!
Радувај се, презирајќи го земното богатство, царевото злато си го отфрлил!
Радувај се, својот ученик Трифилиј од страсна врзаност за земните богатства си го одвратил и сад на Божја благодат од него си направил!
Радувај се, по доаѓањето твое во Александрија, идолите паднаа!
Радувај се, оти и демоните ти се покоруваат!
Радувај се, многумина од идолопоклонство си ги одвратил!
Радувај се, Спиридоне, прекрасен чудотворче!


3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Кондак 11.
Пеење ангелско, се слушна во храмот, додека таму вечерна служеше, свет Спиридоне, и немаше никој друг да сослужува со тебе. Жителите на градот, откако го слушнаа умилното пеење, влегоа во храмот и не видоа никого освен тебе, со вишните сили воспеваа: Алилуја!


Икос 11.

Лачезарно сонце на светот и собеседник на ангелите си бил, свет Спиридоне. Отакако го предаде својот дух во рацете Божји, се пресели во Вишните населби,  молејќи се за сиот свет пред престолот на Владиката! Ние пак, живеејќи на земјата, вака ти повикуваме:
Радувај се, уште за време на животот, ангелите ти сослужуваа!
Радувај се, пеењето на архангелите го слушаш!
Радувај се, видлив образу  на нашето преобразување!
Радувај се, кандилата во храмот во кои недостасуваше елеј, заради тебе Бог ги преисполни!
Радувај се, кандило на божественото блескање!
Радувај се, саду на божествената благодат, која слично на елејот, преизобилно твојата душа ја исполни!
Радувај се, непресушен извору, кој постојано извира со струи на благодат!
Радувај се, пред кого и ангелите се воодушевени!
Радувај се, непослушноста на ѓаконот во храмот ја казни!
Радувај се, оној кој се суетеше со својот глас, и  од глас и јазик  го лиши!
Радувај се, за време на жега, изненадно слезе роса Одозгора и твојата света глава ја разлади!
Радувај се, во ова знамение, близината на својата смрт  ја предвиде!
Радувај се, Спиридоне, прекрасен чудотворче!

Кондак 12.

Покров и прибежиште беше на сите, уште додека беше жив, ти, светителу, а не нé остави јадни и по успението твое. Победувајќи го природниот поредок, Бог ги сочува нетрулежни твоите свети мошти, за укрепување на Православната вера и благочестие, и во знак на бесмртноста. Него прославувајќи го воскликнуваме: Алилуја!

Икос 12.
Те прославуваме, светителу Божји, зашто светот го задиви со чудесата кои истекуваат од светите мошти твои. Сите кои притекнуваат со вера и ги целиваат, го добиваат благопотребното за кое се молат. Ние пак, Бога го прославуваме Кој те укрепил и те крунисал со венец на непропадливост и вака ти воскликнуваме:
Радувај се, во време на глад си се јавил на капетанот на бородот  и си му наредил да достави храна!
Радувај се, на слепиот, кој со вера пришол кон твоите свети мошти, вид си му дарувал!
Радувај се, момчето од неизлечива болест си го исцелил!
Радувај се, демонот од жената си го истерал и здрава си ја сторил!
Радувај се, избран војводо на Кипар!
Радувај се, полковите на безбожни Агарајани си истерал и нивните лаѓи си ги потопил во морската бездна!
Радувај се, те видоа опкружен со  множество ангели, со меч во десната рака, поради што враговите се исплашија!
Радувај се, си забранил на војводата да ти подигне храм, во кој ќе служи литургија со бесквасен леб!
Радувај се, војводата латински со страшна смрт си го поразил!
Радувај се, сликата негова во домот во Венеција со молња си ја изгорел!
Радувај се, лажната мудрост и отстапништвото на западот си ги посрамил!
Радувај се, православната вера како единствена вистинска и спасоносна за човекот си ја утврдил!
Радувај се, Спиридоне, прекрасен чудотворче!

Кондак 13.
О, пречудесен светителу Христов, оче Спиридоне! Примајќи го ова наше молење и избави нé од секоја несреќа и искушение, укрепи го нашиот народ во Православната црква (духовната борба), подари ни прошка на гревовите и избави нé од вечна смрт сите нас кои Му воспеваме на Бог: Алилуја!

(овој кондак се чита три пати, а потоа икос 1. и кондак 1.)


Икос 1.


Од младоста украсен со сите добродетели и со своето житие подражавајќи ги ангелите, ти свети Спиридоне навистина си се покажал како вистински пријател Христов. Ние пак, гледајќи те тебе, човек небесен и земен ангел, побожно и во умиление ти воскликнуваме:
Радувај се уму, кој тајните на Пресвета  ги созерцуваш!
Радувај се, збогатен од Духот со престветло сјаење!
Радувај се, светилнику  многусветол!
Радувај се,  својот ум со бесстрастие си го просветлил!
Радувај се,  од младоста вистинска простота и безмолвие си возљубил!
Радувај се, украсу на целомудреноста!
Радувај се, неисцрпен потоку на љубовта!
Радувај се,  гостољубието Аврамово си го подражавал!
Радувај се,  љубвеобилно, вратите на својот дом на сите си им ги отворал!
Радувај се,  застапнику на сиромасите!
Радувај се,  пред тебе луѓето благоговеат!
Радувај се,  живеалиште на ПресветиотДух!
Радувај се, Спиридоне, прекрасен чудотворче!


Кондак 1.

Препрославен од Господа, светителу и чудотворче Спиридоне! Прославувајќи го сега твојот сечесен спомен, со верба дека имаш голема сила да ни помогнеш со молитвите твои кон Христа Кој тебе те прослави, умилно ти воскликнуваме. Избави нé од секое зло и невоља, за да ти пееме со благодарност:

Радувај се, Спиридоне, прекрасен чудотворче!




Молитва прва кон светиот Спиридон Тримитунтски чудотворец

 
O, велик и пречудесен светителу Спиридоне, пофалбо на Кипар, блескав светилнику на сета вселена, пред Бог горешт молитвенику и на сите кои ти приоѓаат и на оние што те се молат со вера, брз заштитнику! Ти преславно ја образложи меѓу оците на Никејскиот Собор верата православна, триединството на Пресветата Троица со чудесна сила го покажа, а еретиците до крај ги посрами.
Слушни нé нас грешните, светителу Христов, кому се молиме и со твоето можно засташништво пред Господа избави нé од секоја невоља: од глад, потоп, оган и смртни рани. Ти во времениот живот од сите невољи си ги избавувал луѓето: од налетот на агарајаните и од глад си ја спасил својата земја, царот од неизлечива болест си го исцелил и многу грешници кон покајание си привел, мртви преславно си воскреснувал, а поради светоста на животот твој ангелите во црквата  невидиливо ти сослужуваа и пееја. Така тебе, својот верен слуга, те прослави Владиката Христос, така што ти  даруваше во сите сокриени дела човечки да можеш проникнеш и оние што живеат неправедно да ги разобличиш.
На многумина и во оскудица и немаштија усрдно си помагал, луѓе сиромашни во време на глад си нахранил и многу други знаци си сотворил со силата на Духот божји што живеел во тебе. Не оставај нé и нас, светителу Христов, спомни си за чедата твои пред Престолот на Седржителот и замоли го Господа да ни дарува прошка на многуте гревови наши, безбеден живот, непосрамен и мирен крај на нашиот живот и удостој нé на вечно блаженство во идниот век, за секогаш да вознесуваме слава и благодарење на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега секогаш и во вечни векови. Амин


sv.Spiridon.Trimifunski.jpg

Молитва втора кон светиот Спиридон Тримитунтски чудотворец


О, себлажен светителу Спиридоне, голем угоднику Христов и преславен чудотворче! Со чиновите ангелски стоејќи на небесата пред Престолот Божји, со милостиво око погледни на луѓето кои стојат овде и се молат за твојата крепка помош. Замоли го блаоутробието  на Човекољубецот  Бог да не нé осуди според нашите беззаконија, туку да постапи со нас според Својата милост.
Испроси ни од Христа и Бога мирен и безметежен живот, здравје душевно и телесно, плодност на земјата и во сé изобилство и благоденствие и добрата кои ни се дарувани од милосрдниот Бог да не ги употребиме на зло, туку на слава Негова и прославување на твоето застапништво! Од секоја несреќа душевна и телесна, од секоја мака и напади демонски избави ги сите кои со вера и несоменвајќи  се кон Бога приоѓаат.  
Биди на натажените утешител, на болните исцелител, во искушенијата помошник, на  оние без облека покровител, на вдовиците заштитник, на младеницте хранител, на старите укрепител, на странците патеводител, на оние кои пловат кормилар и секому, кому е потребна твојата силна помош испроси го она што е душеполезно. Та и ние, со моитвите твои сочувани и поучени, да го достигнеме вечниот покој и заедно со тебе да го прославиме Бог, прославен во Светата троица, Отецот и Синот и Светиот дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин


Молитва трета кон светиот Спиридон Тримитунтски чудотворец


Преблажен светителу Спиридоне, замоли ја благосрдноста на Човекољубецот Бог, да не нé осуде според нашите беззаконија, туку да стори со нас според Своето милосрдие. Испроси ни нам, рабите Божји (имиња) во Христа и Бога нашиот, мирно и безметежно житие, здравје душевно и телесно. Избави нé од секакви беди душевни и телесни, од секаква мака и демонски напади. Спомнувај нé пред престолот на Седржителот и замоли го Господа, да ни подари прошка на многуте прегрешенија, безбедно и мирно житие, да ни дарува непосрамен крај на животот,  со мир и вечно блаженство во идниот век да не удостои, за постојано да му воздаваме салва и благодарност на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега секогаш и во вечни векови. Амин

 

За Преминпортал подготви

Маја Белева

 

25ти декември лето Господово

 

 Друго:

Православие.Мк †

УШТЕ ЕДНО ЧУДО НА СВ.СПИРИДОН ТРИМИТУНТСКИ
За време на својот престој во Оптинскиот манастир, Николај Васиљевич Гогољ му раскажал на својот духовник отец Амвросиј за чудото на свети Спиридон, кое се случило пред неговите очи.
Тоа се случило за време на неговото поклонение на моштите на светиот угодник Божји Свети Спиридон Тримитунтски, чии мошти се наоѓаат на островот Крф.


Свети Спиридон бил пријател на светиот Николај Мирликијски Чудотворец. Во свое време обајцата светители ја одбранија чистотата на Православната вера во борбата со ереста на свештеникот Ариј на Првиот Вселенски Собор во 325 година. Моштите на свети Спиридон поседуваат единствени својства: не само што се нетрулежни во текот на вековите, туку ја сочувале и еластичноста и мекоста својствени на обичното, живо човечко тело.


Тој ден кога Гогољ дошол на поклонение на светителот кој се слави на 25 - ти декември по нов календар, со голема торжественост се правел опход со моштите околу градот.
Меѓу народот се наоѓал и еден англиски патник кој израснал на скептицизмот и рационализмот на протестантската култура.
Тој си дозволил себеси да даде примедба дека сигурно на грбот на светиот угодник Божји се направени резови и телото е внимателно балсамирано. Потоа сосема се приближил до моштите на светителот, т.е светителот пред очите на сите ... полека се издигнал од кивотот и го свртел грбот токму кон тој „идеен“ наследник на апостолот Тома, кој бил наречен „неверен“, и проговорил:
„АЈДЕ ПРИЈАТЕЛЕ, ПОБАРАЈ ГИ СВОИТЕ РЕЗОВИ!“
Каков е натамошниот тек на животот на тој почитуван Британец, за жал не е познато.
Но, Гогољ пак, тоа чудо го потресло до дното на душата.
Кивотот со моштите на светителот сиот е накитн со дарови од оние на кои светителот им помогнал. Местото кадешто се наоѓа реликвијата е заклучено и чуварот го отвора само за православните поклоници, додека на римокатолиците им е дозволено само да го целиваат кивотот.

Писателот го опишува изгледот на светителот - светиот Спиридон - „Господи, за мене тоа беше најголем потрес во животот. Преку стаклото сосема добро успеав да го распознаам лицето на светителот. Неговите црти се сосема препознатливи, одлично зачуваната коса и белоснежните заби. Кожата е малку набрчкана и потемнета, но ја зачувала формата.
ТЕЛОТО НА СВЕТИ СПИРИДОН ИМА ПОСТОЈАНА ТЕМПЕРАТУРА ОД 36,6 степени.


Нему му растат и нокти и коса. И што е најчудно - облеката која му е облечена се менува на секои шест месеци, затоа што ветвее како да не лежи во кивотот, туку постојано да оди. Чуварот на кивотот кажуваше дека, се случува клучот да не може да ја отвори бравата на кивотот. И тогаш свештениците знаат - светителот едноставно не е во кивотот, тој оди по островот.

 +++

Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен сѐ до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот Тримифунт. Но тој и како епископ не го измени својот прост начин на живеење и околу својата стока и обработката на земјата се трудеше самиот лично.

За себе многу малку употребуваше од стекнатото, поголемиот дел им го раздаваше на бедните луѓе. Со Божјата сила покажа големи чуда: низведе дожд во време на суша, го запре текот на реката, воскресна неколку мртовци, го исцели царот Констанс од тешка болест, ги виде и ги слушна ангелите Божји, проѕираше во тајните на човечките срца, многумина обрати во вистинската вера итн.

Учествуваше на Првиот Вселенски Собор во Никеја и со своето просто но јасно исповедање на верата, како и со многубројните моќни чуда што ги изврши, голем број еретици ги врати во Православието. Беше облечен толку просто, што кога еднаш поканет од царот сакаше да влезе во царскиот дворец, војникот мислејќи дека е некој просјак му удри шлаканица. Кроткиот и незлоблив Спиридон му го заврти и другиот образ.

Откако Го прослави Бога со многубројни чуда и на многумина им покористи поединечно, а и на целата Божја Црква, се упокои во Господ во 348 година. Неговите чудотворни мошти сега се на островот Крф и ден денес Го прославуваат Бога со многубројни чуда.


 19042009

Свети Спиридон Тримитунтски на Првиот Вселенски Собор во Никеја, исповедајќи го Отецот, Синот и Светиот Дух како Пресвета Троица, и да покаже како Три, можат да бидат истовремено и Едно, зел цигла во раката и ја згмечил; од згмечената глина, нагоре пламнал оган, а надолу потекла вода:
„Како што во оваа цигла има оган и вода - рекол светителот

- така и во едниот Бог има три Лица“.

 

Православие.Мк †

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная