Архиерејска Литургија и положување камен темелник за нова црква

На 15.02.2016, кога Црквата го прославува Сретението Господово, Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, чиноначалствуваше на Божествена Архиерејска литургија во црквата Свети Архангел Михаил, во населба Автокоманда. По завршувањето на евхаристискиот собор беше положен камен темелник за изградба на нова црква, посветена на Сретение Господово, во населба Железара.







На 15 февруари 2016 година, кога Црквата го прославува Сретението Господово, Неговото високопреосвештенство митрополитот Европски г.Пимен во сослужение со Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово.
Почитувани браќа и сестри во ХРИСТА, Во прилог следи понудата за посета на Манастирот СВ. ВАСИЛИЈ ОСТРОШКИ, СВ. ПЕТАР ЦЕТИЊСКИ И СВ. СИМЕОН ДАЈБАБСКИ. Поради добрата соработка и почитување на Агенцијата Брацо и Манастирот, сместувањето и спиењето е во Горниот Манастир и истото е БЕСПЛАТНО. Цената на aранжманот е навистина достапна.









































